verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Во вест нема место за тенденциозност и за поттикнување страв

on 6 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #167 - '“Një grup prej 40 kosovarëve të armatosur gjendet afër fshatit Tanushë” – LAJM' - lajmpress_com_nje-grup-prej-40-kosov

Напис: „Вооружена група од 40 Косовци се наоѓа близу село Танушевци“

Медиумите што добиле огромни суми за време на владеењето на коалицијата ВМРО-ДУИ, ја користат опасноста која наводно доаѓа од Косовo, како образложение за скандалозната аболиција на македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, за политичарите осомничени  за кривични дела.
Списанието „Република“ во своето последно издание пишува дека една од причините за аболицијата од страна на Иванов било постигнувањето на едно национално „помирување“ за Македонија полесно да се справи со заканите за сигурноста на државата, кои, според оваа списание, во последно време доаѓаат од мигрантите на јужната граница и од една „терористичка група од Косово“ на северната граница, пренесува „Лајм“.
„Во време кога од грчката територија имаше најмалку четири добро организирани обиди за влез на 1.000 мигранти на четири различни локации, главната закана повторно доаѓа од Косово, каде што со месеци се подготвуваат терористички операции чија цел е Македонија. Добро информирани извори, за „Република“ тврдат дека додека миграните ги занимаваат и ги деконцентрираат безбедносните сили на југ, една група од околу 40 терористи се обидела да влезе на територијата на Македонија со еден камион полн со оружје. Оваа информација доспеала и до тајните служби, кои презеле соодветни мерки на терен и поради тоа на небото над главниот град постојано надлетуваа хеликоптери.
Македонските безбедносни служби веќе ги информирале своите колеги од земјите сојузнички на ЕУ и на НАТО дека земјата се соочува со директна закана од луѓе блиски со водачите на кумановската група. Оваа група предводена од братот на Сами Укшини (Командант Соколи), и близок со Даут Харадинај, планирала напади врз судовите, киднапирање на полицајци кои подоцна би ги размениле со уапсените во Куманово и за урбан тероризам“, пишува „Република“.

Според информациите на оваа списание, еден од временските термини кои групата ги имала предвид за извршување напади во Македонија, божем, бил 30 март, за време на судењето на пртворените од Куманово.
„Според анализите на службите за безбедност, овој напад е спречен од македонските оперативци, но групата која сега е стационирана во едно косовско село, блузу до границата со Македонија, во регионот на Танушевци, сè уште претставува опасност. Групата која успеала во Македонија да внесе оружје и муниција, имала цел да го искористи политичкиот раздор кој владее на македонската политичка сцена, кој влијае и  врз Министерството за внатрешни работи и да предизвика терористички акти, за долгорочна дестабилизација на Македонија, додава „Република“.

Шефот на државата својата одлука за аболиција ја донесе во исклучително комплицирани безбедносни услови, во кои јужната и северната граница беа цел на напади од различни групи, додека, во исто време, бугарската и грчката војска, сигурно без некоја меѓусебна координација, се собираат на границите кон Македонија и извршуваат воени вежби и надлетувања во граничната зона, се вели во продолжение на текстот.
При носење на оваа одлука, сигурно ги имал предвид и заканите за безбедносната ситуација, кои се уште посериозни кога земјата се наоѓа пред внатрешен судир и поради оваа причина се обидел преку национално помирување да ја зајакне способноста за одбрана од заканите по безбедноста. По секоја логика, јасно е дека кога и во Министерството за внатрешни работи постои двојна структура, кој било однадвор многу полесно може да ја оствари својата цел. Пред да ја донесе својата одлука за аболиција, Иванов сигурно ги анализирал добро сите ризици.“

Инаку, ова не е првпат оваа година македонските медиуми да шпекулираат со информацијата за божем наоружани Косовци од Косово на границата со Македонија. Но, овие информации се демантирани и од жителите во граничната зона и од оние кои се спомнати како водачи на групата, пишува „Лајм“.

 

[Рецензија: „Вооружена група од 40 Косовци се наоѓа близу село Танушевци“]

Иако ставен под наводници, овој наслов е доста алармантен и има тенденција да поттикне страв. Тоа што се кажува во насловот се објаснува детално подоцна, но неговата ударна моќ првин остава простор да се помисли поинаку.

Lajmpress - Nje grup prej 40 kosovareshЛинк до оригиналниот напис: „Вооружена група од 40 косовци се наоѓа близу село Танушевци”]

Датум и време на објавување: 25.04.2016

Датум на рецензирање: 28.04.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Претпоставките се дел од овој напис, кој се концентрира само на индивидуални процени, коментари од видот „скандалозно“, „шпекулации“, „наводно“ и др. Најголемиот дел од текстот е превод на напис од еден медиум на македонски јазик „Република” и информациите што ги дал тој. Со тенденција да се отфрлат претензиите на „Република“, „Лајмпрес“ сами го направиле тоа што требало да го направат други релевантни извори, експерти или познавачи на проблемот.

„Медиумите што придобиле огромни суми за време на владеењето на коалицијата ВМРО-ДУИ, ја користат опасноста која наводно доаѓа од Косовo, како образложение за скандалозната аболиција на македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, за политичарите осомничените  за кривични дела.“

Во текстот нема ниту еден показател дека е направен некој обид од страна на авторот за да се потврди прашањето, не кажува дали контактирал со некого за да земе повеќе информации, ниту, пак, кажува дали барем се обидел да дознае повеќе од МВР за кое, во делот преведен, односно толкуван од веста на „Република“, се вели дека сега засега успеало да го избегне конфликтот.

„Македонските безбедносни служби веќе ги информирале своите колеги од земјите сојузнички на ЕУ и на НАТО дека земјата се соочува со директна закана од луѓе блиски со водачите на кумановската група. Оваа група предводена од братот на Сами Укшини (Командант Соколи) и близок со Даут Харадинај, планирала напади врз судовите, киднапирање на полицајци кои подоцна би ги размениле со уапсените во Куманово и за урбан тероризам“, пишува „Република“.

Етичкиот кодекс на новинарите на Македонија во овој поглед е многу јасен. Новинарот не смее да објави непотврдени информации или доколку го прави спротивното, ова треба да биде јасно нагласено.

Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, ова треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се докаже колку што е можно повеќе.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност, друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

Поттикнувачки говор

Поттикнувачки говор

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести