verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Загрозен живот на непознат пациент во празно амбулантно возило?

on 20 - 06 - 2016       

 

Kurir - Brza pomosh most Goce Delcev

[Рецензија: Демонстрантите на СДСМ ја блокираа Итната помош, животот на пациентот доведен во прашање]

 

 

13461222_1098272350244623_1644028424_oЕдностран текст со коментаторски елементи, кои укажуваат на видна политичка пристрасност. Навивачкиот елемент се огледа во обид за спин, изведен во форма на напад на политички опонент. Читателот останува неинформиран околу клучни прашања: дали пациентот кој не бил во возилото на крај бил згрижен, во каква состојба е и дали е точна информацијата дека возило на Брза помош било испратено да интервенира без медицинска екипа, туку само со возач.

 

Линк до оригиналниот напис: Демонстрантите на СДСМ ја блокираа Итната помош, животот на пациентот доведен во прашање

Датум и време на објавување: 16.06.2016, 13:09

Датум на рецензирање: 16.06.2016

Рецензент: Александар Пешев

 

ОЧИГЛЕДНО ЕДНОСТРАН ТЕКСТ

Ако се земат предвид информациите што не се вклучени во објавата, а достапни се не само на социјалните мрежи и на други медиуми, туку и јасно се увидени на терен, евидентно е дека имаме едностран текст. Коментаторскиот елемент се согледува во самиот наслов. Прво, нечиј живот може да биде доведен во опасност, а не во прашање. Тука во прашање се демонстранти и возило на брза помош, но нема јасни докази дека се работи исклучиво за активисти на именуваната опозициска партија.

Едностраноста на текстот се идентификува во самиот вовед, односно во главата на текстот.

„Животот на еден пациент беше доведен во прашање откако возило на Итната помош денеска беше блокирано при протестите на таканaречената „Шарена револуција“.“

Кој пациент? Медиумот се повикува на информации од терен, но не им отстапува простор на сите засегнати страни. Тврдењата на демонстрантите дека возилото на Итна медицинска помош било празно се вклучени во текстот само како коментар, со игнорирање на фотографиите од празното комби, во кое имало само возач.

 

ЦЕЛТА ЈАСНА – НАПАД ВРЗ „ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА“

Едностраноста создава простор за спин, кој се изведува со коментари насочени кон омаловажување на граѓанската иницијатива и на протестите. Кон текстот е приложена фотографија која треба да послужи за манипулација со фактите, кои селективно се презентираат. Широк кадар од улицата која води до блокираниот мост се поврзува со тврдењето дека „и денеска опструирањето на сообраќајот беше извршено со паркирање на неколку автомобили на клучните мостови и повторно сосема незначителен број на демонстранти“. Ваквата постапка би можела да се оправда како репортерска опсервација, но веќе следниот пасус ја открива политичката пристрасност на текстот и спинот веројатно насочен кон политичка дискредитација.

„Новата тактика е резултат на се помалата излезност и поддршката од граѓаните која изостанува по двомесечното изживување“.

Кој го вели тоа и со кои докази, останува непознато. Одговор на овие клучни прашања нема ни во продолжение, при серија коментари за „соросовите платеници“, „демонстрантите на СДСМ“ и слично. Се создава впечаток дека поголем дел од текстот е отстапен на неосновано коментирање, без понуда на конкретни докази за тврдењата насочени кон дискредитација на дел од граѓанското општество и опозицијата.

Вреди да се нотира коментарот дека „во лекарите препознаа „провокатори“, па наместо да направат пат, тие го застанаа и се расправаа со возачот и екипата“. Токму во овој дел се воочува противречност. Се додава следново:

„Им пречело тоа што немало пациент во возилото, како тоа да е главен предуслов за пропуштање на медицински служби“.

А во самиот наслов на текстот пишува дека „животот на пациент (е) доведен во прашање“. Кој пациент бил во животна опасност ако немало пациент во возилото? Од каде се добиени информациите дека станува збор за интервентен случај? Нема наведено докази дека информацијата потекнува од официјален извор, што го урива аголот на целата приказна, сведувајќи ја објавата на чаршиски муабет.

 

НА КЛУЧНИТЕ ПРАШАЊА, ОДГОВОР НЕМА

Текстот продолжува со коментари околу однесувањето на демонстрантите, оставајќи го читателот со неодговорени клучни прашања од кое најевидентното е: како знаете дека пациент бил во опасност ако во возилото нема пациент? Нема докази дека е вложен труд да се одговорат прашањата кои се од интерес на публиката, како, на пример, на кој повик одговарала брзата помош? Дали испраќање на амбулантно возило само со возач е стандардна практика во итната медицинска помош? Во каква состојба е пациентот кој наводно требало да се спаси? Наместо тоа, се презентира плејада од коментари од кои најверојатно се очекува да го убедат читателот дека „шарените“ не чинат. Токму тука се согледува политичката пристрасност.

Текстот завршува со поплака дека демонстрантите се нафрлиле на претставници на интернет-портал.

Интересно е да се нотира дека идентичен текст е објавен и на интернет-порталот на телевизијата „Сител“, со скратени пасуси од крајот на оригиналната објава.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести