verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Пешев

Рецензија: “Купувајте македонско” пак чука на голема врата

на 18. 12. 2014 | |
  Премиерот уште како министер имал идеа која сите му ја крадат, ама некој дома, заради нешто, му ја расипал иницијативата. Вака, накратко, може да се резимира написот кој, се чини на моменти, се обидува да им ги чита мислите на економистите од соседните земји. Во текстот осамнува еден домашен податок од кој се очекува да ја подржи целокупната аргументација. Коментарите кои личат на пофалби, не помагаат во остварување на оваа цел. Недостигаат истражувачки елементи, а бројките слободно се интерпретираат, што може да го наведе читателот на погрешен впечаток. Линк до анализираниот напис: “Купувајте македонско” пак чука на голема врата  Датум и време на објавување: 17.12.2014 Датум на рецензирање: 17.12.2014 Рецензент: Александар Пешев  

НЕКОМПЛЕТНА ИНФОРМАЦИЈА

Едностраноста на објавата се согледува

Рецензија: Кој всушност ги тужи Јанко и Миленко?

на 16. 12. 2014 | |
  Неуспешен обид коментаторските елементи и недокажаните тврдења што се презентираат како факти да се завијат во форма на реторички прашања. Непрофесионална објава, во која има, можеби, и елементи на клевета. Јасен пример за навивачко пишување, кое не му доликува на новинарско дело. Наслов на анализираниот напис: Кој, всушност, ги тужи Јанко и Миленко? Датум и време на објавување: 14.12.2014 Датум на резензирање: 15.12.2014 Рецензент: Александар Пешев Текстот е речиси целосно базиран на коментари, кои на публиката ѝ се презентираат како факти за кои нема никаква потврда. Како очигледни вистини се претставуваат тврдењата дека опозицијата сака да ја дестабилизира државата, дека опозицијата добива финансии од буџетот на „Сорос“ и слично. „Пред извесно време од централата на опозицијата, при креирање на

Рецензија: Државата со ваква младина не треба да се плаши за својата иднина

на 16. 12. 2014 | |
  Текст насочен кон дискредитирање на студентските протести со навивачки предзвук. Објавата налкува на писмо од читател, на кое не му е место на насловната страница на весникот или во делот за „онлајн-вести“ во интернет-изданието. Линк до оригиналниот напис: Државата со ваква младина не треба да се плаши за својата иднина Датум и време на објавување: 11.12.2014 Датум на рецензирање: 12.11.2014 Рецензент: Александар Пешев Главата на текстот испраќа порака до читателот дека академските граѓани бесцелно се собраа на скопските улици. Од приложените тврдења во форма на коментари, држи само констатацијата дека државниот испит нема да важи за студентите кои тековно се запишани на универзитетите.  Веќе во вториот пасус се забележуваат реторички прашања со кои коментирањето се ублажува за подолу, во

ТВ-ДНЕВНИК: Mожни инвестиции поважни од илјадници студенти на улица

на 11. 12. 2014 | |
„…голем број на членови и функционери од СДСМ и опозицијата им се придружија на протестите“, се вели во вестите. Колку голем? Е па шестмина… Фото: видео клип скриншот  

[Рецензија на ТВ-дневникот на ТВ „Алфа“, 10.12.2014]

Ако медиумите се слуги на народот, а не на центрите на моќ, тогаш останува отворено прашањето: Што е побитно за просечниот гледач? Што се случува дома или презентацијата на економската ориентација на

Рецензија: Сорос отворено против лавот и сонцето од Кутлеш- симболите на Македонија

на 10. 12. 2014 | |
  Напис кој без конкретен повод користи изјава стара 21 година, од која извлекува непотврден сегашен став на странски државјанин. Со која цел? Прашање кое останува отворено за авторот. Насловот создава впечаток дека станува збор за актуелен став на претставник на организација, чии активности се начекуваат на нож во дел од медиумите. Наслов на анализираниот напис: Сорос отворено против лавот и сонцето од Кутлеш- симболите на Македонија Датум и време на објавување: 09.12.2014 Датум на рецензирање: 09.12.2014 Рецензент: Александар Пешев Терминот туршија е жаргон кој во новинарството се користи за опишување информација која од икс причини била чувана во архива и се објавува како свеж податок. Оваа објава е „скиселена“ веќе 21 година. Насловот ветува информација за актуелен став на

Рецензија: Зад истражувањето на „Еврометар“ стои опозиционерката Лидија Димова

на 9. 12. 2014 | |
  Неуспешен обид за издвојување на новинарските елементи од партиските ставови. Напис полн со коментаторски елементи, од кои само дел се припишани на конкретен извор, имено на владејачката партија. Во текстот се наведени елементи од приватниот живот на поединци кои наликуваат на чаршиски муабети. Ако ова било обид за истражувачко новинарство, штета што целото дело не наликува на новинарски текст, туку на партиско соопштение. Наслов на анализираниот напис: Зад истражувањето на „Еврометар“ стои опозиционерката Лидија Димова Датум и време на објавување: 02.12.2014 Датум на рецензирање: 07.12. 2014 Рецензент: Александар Пешев Тврдења без ниту една бројка ниту изјава. Делови од текстот се атрибуирани како ставови на владејачката партија или како објави од друг медиум. Станува збор за околу три реченици во

Рецензија: Студентскиот пленум прочитан, студентите не сакаат да протестираат за СОРОС

на 5. 12. 2014 | |
Веќе познатите непроверени ставови овојпат се повторуваат во пресрет на најавите за можен нов собир на студентите против иницијативата за државен испит. Едностраните информации се ставени во функција на обесхрабрување нов собир на академските граѓани, коj беше најавен како можност деновиве. Со овој напис се повторуваат истите грешки како и во претходните денови: коментирање, недостиг на изјави или анонимни изјави, пласирање на непроверени и непотврдени тврдења кои на читателот му се презентираат како факти кои мора да се прифатат. Наслов на анализираниот напис: Студентскиот пленум прочитан, студентите не сакаат да протестираат за СОРОС Датум и време на објавување: 02.12.2014 Датум на рецензирање: 02.12.2014 Рецензент: Александар Пешев Првите три реченици се базирани на информации кои се презентираат како вистина без никакви

Рецензија: МВР: Невозможно е да се фалсификува македонскиот пасош

на 3. 12. 2014 | |
  Текст кој, освен во насловот, не ги поврзува приложените тврдења со која било институција. Наводите може да се интерпретираат како констатации на авторот, кој останува непознат. Написот не дава одговор на основното новинарско прашање: зошто е напишан текстот? Може само да се претпостави дека станува збор за објава која е поврзана со аферата за наводно фалсификување патни исправи, но на читателот не му се нуди таква информација. Наслов на анализираниот напис: МВР: Невозможно е да се фалсификува македонскиот пасош Датум и време на објавување: 28.11.2014 Датум на рецензирање: 01.12.2014 Рецензент: Александар Пешев Останува нејасно дали наводите ги прави МВР, како што тоа е наведено во форшпанот на текстот и во насловот, или станува збор за констатации на авторот. Нема

РЕЦЕНЗИЈА: СДСМ и СОРОС продолжуваат со лаги дека ќе има екстерно, за да ги манипулираат студентите

на 27. 11. 2014 | |
  Сомневање за тенденциозноста на објавата се создава од самиот наслов. Се прозива опозициската партија СДСМ и Фондацијата „Отворено општество – Македонија“ (ФООМ), во јавноста популарно позната како „Сорос“, за манипулирање на студентите. Тврдењата не се поддржани со изјави или со факти што би ја гарантирале нивната вистинитост. Наслов на анализираниот напис: СДСМ и СОРОС продолжуваат со лаги дека ќе има екстерно, за да ги манипулираат студентите Датум и време на објавување:  26.11.2014 Датум на рецензирање: 26.11.2014 Рецензент:  Александар Пешев Во првиот пасус, поточно главата на текстот, се објаснува разликата меѓу државниот испит и екстерното тестирање. Создадениот простор за изјава на извор со стручно познавање останува непополнет. Постои обид за поддржување на констатацијата дека Младинскиот образовен форум и ФООМ ја

Претплатете се за најнови вести