verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: “Купувајте македонско” пак чука на голема врата

on 18 - 12 - 2014       

Kупувајте-македонско-пак-чука-на-голема-врата-crop-resize

 

Премиерот уште како министер имал идеа која сите му ја крадат, ама некој дома, заради нешто, му ја расипал иницијативата. Вака, накратко, може да се резимира написот кој, се чини на моменти, се обидува да им ги чита мислите на економистите од соседните земји. Во текстот осамнува еден домашен податок од кој се очекува да ја подржи целокупната аргументација. Коментарите кои личат на пофалби, не помагаат во остварување на оваа цел. Недостигаат истражувачки елементи, а бројките слободно се интерпретираат, што може да го наведе читателот на погрешен впечаток.

„Kупувајте македонско“ пак чука на голема вратаЛинк до анализираниот напис: “Купувајте македонско” пак чука на голема врата 

Датум и време на објавување: 17.12.2014

Датум на рецензирање: 17.12.2014

Рецензент: Александар Пешев

 

НЕКОМПЛЕТНА ИНФОРМАЦИЈА

Едностраноста на објавата се согледува во одлуката на авторот да искористи изјави од извори кои, единствено, ја поддржуваат поранешната кампања, која треба да се возобнови. Употребените извори се професионално презентирани – имаме изјави од Владата, надлежното министерство и од Сојузот на стопански комори, но недостига изјава на извор со стручно знаење. Дополнително се создава впечаток дека темата е слабо истражена. На пример, како што јавуваат хрватските медиуми, официјален Загреб се соочи со проблеми со Европската комисија за кампањата за промоција на хрватски производи. Како што пренесуваат тамошните медиуми, ваквата пропаганда не е во духот на европските практики. Потребно е поопсежно истражување за да се одговори на прашањето дали Македонија може да се соочи со слични критики како земја-кандидат за членство во Унијата. Со тоа, впрочем, ќе се обезбеди и потребната сеопфатност на текстот.

 

СТАВАЊЕ ЗБОРОВИ ВО УСТА

Опфатниот текст се дисбалансира со неколку коментаторски елементи кои не се поврзани со извор. Се добива впечаток дека авторот знае како размислувале трети лица.

„Финансиските и економски резултати беа одлични, а тоа беше дополнителен мотив и Бугарите од неодамна да стартуваат со ваква кампања „Kупувајте домашно бугарско““

Авторот наведува податоци за хрватската кампања кои добро го поддржуваат констатираното, но се поставува прашањето од каде знаеме дека Бугарите баш нас нè копираат?

Понатаму, недостига одговор на прашањата „кој го вели тоа?“ или „што го покажува или докажува тоа?“ за формулациите од овој тип:

„Македонија иако беше пионер во идејата дека „домашното е најдобро“ веќе неколку години тапка во место.“

Сомнеж за навивачки елементи се создава со атрибуција на успешноста на државна кампања на една личност

„Kампањата „Kупувајте македонски производи“ беше промовирана во далечната 1999 година во период кога сегашниот премиер Никола Груевски беше министер за трговија, а продолжи и во следните три години, кога тој беше министер за финансии. Kампањата е прекината во декември 2002 година без образложение.“

Сомнежот за тенденциозноста на објавата се создава и поради евидентното користење извори кои ја подржуваат иницијативата за која се пишува само затоа што се инволвирани во нејзината реализација. Недостига независен извор, кој не е директно поврзан со иницијативата, без оглед на тоа дали ќе ја подржи или критикува кампањата.

 

НЕОБЈАСНУВАЊЕ НА БРОЈКИТЕ

Аргументацијата се сведува на една единствена бројка од „одредени анализи“:

„Со „Kупувајте домашни производи“ продажбата скокнала за 15 отсто“

Проблемот со ваквата констатација е недостигот на атрибуција, што е исклучително важно во економското новинарство. Од каде е овој податок? Дали е даден од релевантна институција и, најважно од сè, дали регистрираниот пораст е директно поврзан со кампањата? Дали имало други фактори кои би можеле да влијаат на зголемената продажба, како порастот на куповната моќ или тогашните стравувања за можен вооружен конфликт, кои вообичаено поттикнуваат поголема потрошувачка? Необјаснувањето на бројките не само што остава простор за манипулација, туку на гледачот му испраќа нејасна или потенцијално спинувана порака.

Имаме текст кој наликува на објава наменета да ги „потапка по рамо“ поддржувачите на иницијатива, која е најавено дека ќе се возобнови. Бројките не се појаснети и, во формата во која се наведени, може лесно да го наведат читателот на погрешно мислење. За дел од тврдењата недостига атрибуција, со што им се ставаат зборови в уста на стопанствениците од соседните земји. Евидентно е почитување на професионалните стандарди со тоа што се вклучени изјави од релевантни извори, но недостига независен извор на информации за да се добие пообјективна слика за темата што се третира.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести