verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Пешев

Заев е виновен и за Полска, Германија…

на 5. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Заев преку нереални барања бега од соочување со народот]

  Неуспешен обид за маскирање на коментаторските елементи со мислења на експерти кои не се споменуваат со име и со презиме. Се прават констатации за наводно очигледни работи во обид да се оправда спинот. Во новинарството нема „очигледно“. Има само „кој, каде, зошто, кога и како“. Линк до оригиналниот напис: Заев преку нереални барања бега од соочување со народот Датум и време на објавување: 29.06.2015 Датум на рецензирање: 30.06.2015 Рецензент: Александар Пешев Во случај да не сте знаеле, целата јавност е убедена во очигледната констатација дека Зоран Заев бега од избори. Штета ако веќе имате мислење кое не се совпаѓа со убедувањето на авторот на оваа објава која наликува

Просто навредливо

на 1. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Боукица на шопинг во Париз]

  „Боукица“ е Боркица, а тоа дали некои луѓе се овци или не, оставете да пресуди јавноста. Функцијата на медиумот е да информира, а не да навредува, особено не со употреба на непотврдени информации и со крајна цел за лична одмазда кон ваши критичари. Линк до оригиналниот напис: Боукица на шопинг во Париз Датум на објавување: 26.06.2015, 17:35 Датум на рецензирање: 29.06.2015 Рецензент: Александар Пешев Пред нас имаме информација облеана со навреди и со лична дискредитација. Не е дефинирано дали станува збор за вест или коментар, но, во секој случај, упатени се навреди кон премиерот и кон неговата сопруга, повикувајќи се на неименувани извори. Од самиот вовед, авторката на текстот со навредливи зборови

ТВ-дневник: Проблеми? Кои проблеми?

на 27. 06. 2015 | |
Почни со Тунис, пушти го Груевски двапати со друг министер измеѓу, нареди два „успеси“, а главната вест спинувај ја и стави ја во средина за да не се забележи и си ја завршил својата пропагандистичка задача за тој ден. Фото: колаж СПФМ
 

[Критички осврт кон првиот ТВ-дневник на МРТ на 26 јуни 2015 година во 17 часот]

 

Кога американскиот стејт департмент ќе излезе со забелешки околу владеењето на

Откопување костури за дискредитација

на 26. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: Интелектуалното рекетарско крило на СДСМ се дави во афери – продолжува да ги слуша нивните наредби]

  Еднострана објава со навивачки предзнак, насочена кон лична дискредитација. Не е јасно како жигосувањето на прозваните лица го штити јавниот интерес, особено ако се има предвид дека не станува збор за функционери што трошат народни пари. Линк до оригиналниот напис: Интелектуалното рекерарско крило на СДСМ се дави во афери – продолжува да ги слуша нивните наредби   Датум и време на објавување: 18.06.2015 Датум на рецензирање: 24.06.2015 Рецензент: Александар Пешев Би се запрашал кој го нарачал текстов, но мислам дека тоа треба публиката сама да си одреди. Навивачкиот елемент во објавата се согледува во изборот на лица за кои без конкретни докази,

Светиот „фотошоп“

на 20. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Чудна небесна светлина над македонското знаме во Делчево]

  Знамето свети како неонка, ама никој не го забележува – бруки! Дозволено е сами да си донесете заклучоци за ваквиот феномен, но во случај да не сте сигурни, дозволете авторот да ви помогне: По сè изгледа Господ Бог е над Македонија и со Македонците. Кој знае, ако јарболот и знамето продолжат вака интензивно да светат, можеби Делчево ќе заштеди на сметки за електрична енергија. Наслов на анализираниот напис: Чудна небесна светлина над македонското знаме во Делчево Датум и време на објавување: 12-5-2015 Датум на рецензирање: 17-5-2015 Рецензент: Александар Пешев Рационален читател би се прашал – ако навистина има толку интензивна светлина во опкружувањето на демонстрантите, тогаш зошто никој се

Спин на преписка на социјалните мрежи

на 8. 05. 2015 | | sq
  [Рецензија: Хаос во опозицијата: Героски и Спасов се “запукаа”, Заев проба да балансира но Героски луто му одговори!]   Линк до оригиналниот напис: Хаос во опозицијата: Героски и Спасов се “запукаа”, Заев проба да балансира но Героски луто му одговори! Датум и време на објавување: 27.4.2015 Датум на рецензирање: 3.5.2015 Рецензент: Александар Пешев Кога ќе се порача на почитување на новинарскиот стандард за прозваната страна да се побара за мислење, не се мисли да се земат елементи од објави за истите да се искористат за новинарски спин. Токму тоа го имаме во оваа објава – обид за извртување, зачинет со коментари. Самата објава почнува со коментар. Се констатираат состојби за кои не постои соодветна атрибуција: „Откако граѓаните ја казнија

Kога наместо новинарски написи се пишуваат партиски соопштенија

на 16. 04. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Кадрите на СДСМ без кредибилитет, полни со афери и скандали ]

  Без разлика дали партиите препишуваат изрази од дел од медиумите или новинари пишуваат партиски соопштенија, па истите ги објавуваат како новинарски текст, коментирањето е недозволиво, едностраноста станува сè помалку убедлива, а изворот на финансирање на кој било медиум не е оправдание за непрофесионално известување. Наслов на рецензираниот напис: Кадрите на СДСМ без кредибилитет, полни со афери и скандали  Датум и време на објавување: 8-4-2015 Датум на рецензирање: 14-4-2015 Рецензент: Александар Пешев Вклучувањето на изјави и на извадоци од текстови објавени по други медиуми не помагаат ова писание да се класифицира како новинарски текст. Напротив, имаме форма на израз карактеристична за партиско соопштение. Коментирањето почнува во првиот

МТВ: Плати, па батали

на 26. 03. 2015 | |
За ова ли плаќаме РТВ-претплата – сите вести од насловната страница од веб-страницата на МРТ стари шест дена. Фото: веб-сајт скриншот   Ако се дозволи конкуренцијата од приватни телевизии, интернет-портали и од други извори на информации да го засени националниот сервис, во основа имаме горење на народни пари – се финансира нешто што не се исплаќа во форма на гледаност или слушаност. Тоа, секако, претставува проблем, не само за народот,

ТВ-новинари се исплашија од камера?

на 3. 03. 2015 | | sq
 

[Рецензија: СДСМ ги снима новинарите]

  Нејасна информација која не одговара на прашањето зошто е ова е важно? Уште повеќе изненадува фактот што ТВ-камера насочена кон лица кои се вработени во телевизија предивикува вознемиреност.  Наслов на анализираниот напис: СДСМ ги снима новинарите Датум и време на објавување: 15.2.2015 Датум на рецензирање: 19.2.2015 Рецензент: Александар Пешев Па што? Ова е клучно прашање кое треба да се постави пред која било објава, бидејки основна функција на новинарството е да понуди информации што се од јавен интерес, поточно вести кои би биле корисни за аудиториумот. Во случајов, имаме новинари кои се жалат дека биле снимани. Зошто е тоа релевантно за публиката, не се знае.  

БОРБА ЗА ОБЈАВУВАЊЕ

Снимањето прес-конференции од организаторите

Распуштете ја поротата!

на 13. 02. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Аболицираниот Заев сега како морален судија]

Коментар? Новинарска белешка? Едиторијал? Пред нас имаме недефиниран ираз, кој, ако веќе мора да се нарече новинарски напис, би можеле да го класифицираме како нова формa. Наслов на анализираниот напис: Аболицираниот Заев сега како морален судија Датум и време на објавување: 11.02.2015, 23:47 Датум на рецензирање: 12.02.2015  Рецензент: Александар Пешев Дами и господа на поротата – слободни сте. Конечната пресуда за случајот ќе ја донесе овој непотпишан текст. Вклучувањето на цитат од „една телевизија“ не прави многу за разбивање на првичниот впечаток дека објавата наликува на партиско соопштение. Да почнеме со ред: најочигледно е дека имаме коментаторски елементи или тврдења неподдржани со извор или лице. „Иако вели дека ќе биде објавено само

Претплатете се за најнови вести