verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Кој всушност ги тужи Јанко и Миленко?

on 16 - 12 - 2014       

Кој-всушност-ги-тужи-Јанко-и-Миленко-Република-Online-crop-resize-final-002

 

Неуспешен обид коментаторските елементи и недокажаните тврдења што се презентираат како факти да се завијат во форма на реторички прашања. Непрофесионална објава, во која има, можеби, и елементи на клевета. Јасен пример за навивачко пишување, кое не му доликува на новинарско дело.

Кој  всушност  ги тужи Јанко и Миленко    Република OnlineНаслов на анализираниот напис: Кој, всушност, ги тужи Јанко и Миленко?

Датум и време на објавување: 14.12.2014

Датум на резензирање: 15.12.2014

Рецензент: Александар Пешев

Текстот е речиси целосно базиран на коментари, кои на публиката ѝ се презентираат како факти за кои нема никаква потврда. Како очигледни вистини се претставуваат тврдењата дека опозицијата сака да ја дестабилизира државата, дека опозицијата добива финансии од буџетот на „Сорос“ и слично.

„Пред извесно време од централата на опозицијата, при креирање на стратегијата за дестабилизација на државата и насилно преземање власта, спротивно на демократските правила и изборни резултати, наречена „Бомба“, им беше забранет пристапот до медиумите на сите членови на опозицијата.“

Точноста на овие констатации не може да се утврди бидејќи со нив не се поврзани докази, ниту изјави од соговорници кои би биле компетентни да говорат за темата. На прв поглед објавата наликува на препишана партиска прес-конференција.

Единствен користен извор на информации е кореспонденција по социјалните мрежи, од личност која во оваа објава видно се става на столбот на срамот, соочена со клевети базирани на непроверените тврдења. За сеопфатност не може да стане збор, особено ако се има предвид дека прозваните институции и лица не се повикани за мислење. Тоа ги прави тврдењата еднострани, со што самата објава е тенденциозна

Кога се гледа овој напис, не може да се говори за вистина. Презентирана е слика базирана на непотврдени коментари. Можеби станува збор за вистина во очите на тој што го објавил написот, но со вакви елементи на новинарски спин, останува отворено прашањето дали станува збор за аргументирање на лично убедување или се пишува по нарачка.

Повторно имаме непотпишан текст. Ова се претвора во тренд во дел од медиумите, особено на порталите. Дали се инсистира да се остане анонимен за да се избегнат тужби за клевета за кои се создава простор со ваквот текст? Тоа е прашање на кое може да одговорат само тие што го одобриле објавувањето на написот.

Објавата може да се гледа како информативна само ако се трага по материјал за говор на член на политичка партија. Насловот поставува прашање кое останува неодговорено до крајот на објавата. Интересно е како отвореното прашање се повторува кон крајот на текстот, откако главата и телото на објавата се посветени на коментари кои неуспешно се испреплеткани во реторички прашања. На читателот му се ветува информација која не ја добива. Наместо тоа, на публиката ѝ се нудат непроверени тврдења, кои би требало „по логика“ да се поврзат со опозицијата. Можеби ваквата аргументација би издржала во колумна, но не во анонимен текст кој се презентира како квази-тема.

Фотографиите се користат за поддршка на коментаторските елементи. Описот на фотографиите е несоодветен со презентираното. Претставеното возило со амблеми на опозициска политичка партија го носи следниот опис:

„Ладата-место со сите предуслови за учество во дебата“

Тврдењето останува неподдржано. Се користи извадок од разговор на социјалните мрежи за да се аргументира ваквото тврдење низ текстот, но не се докажува корелацијата.

Јасните примери на навредлив говор кон лица и институци може да се илустрираат со неколку извадоци од објавата. Ова е само еден од нив:

„Во случајот на поранешен новинар, а сѐ повеќе политичар, Петрит Сарачини, колку и понатаму да се „Кочо-перчи“ преку Фејсбук статуси дека всушност „бара предуслови“, толку повеќе ја открива суштината на делување по теркот на Павел Шатев.“

Пред нас имаме тенденциозна објава која е јасно насочена кон дискредитирање на институции и на личности без никаква аргументација. Коментаторските елементи се презентираат како очигледни вистини, а од публиката се очекува истите да ги прифати без никаков доказ. Навивачки текст кој повеќе илустрира политичко „препукување“ одошто фактичка состојба. Презентација на квази-логички след за докажување на неиздржана и непотврдена аргументација, која илустрира дека написот има цел да каменува, а не да информира. Нема дефинитивен одговор на прашањата што самиот текст ги поставува пред публиката. Дали ваквиот текст вреди за нечие време? Читателот одлучува.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести