verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Државата со ваква младина не треба да се плаши за својата иднина

on 16 - 12 - 2014       

Државата со ваква младина не треба да се плаши за својата иднина-crop-resize

 

Текст насочен кон дискредитирање на студентските протести со навивачки предзвук. Објавата налкува на писмо од читател, на кое не му е место на насловната страница на весникот или во делот за „онлајн-вести“ во интернет-изданието.

Државата со ваква младина не треба да се плаши за својата иднинаЛинк до оригиналниот напис: Државата со ваква младина не треба да се плаши за својата иднина

Датум и време на објавување: 11.12.2014

Датум на рецензирање: 12.11.2014

Рецензент: Александар Пешев

Главата на текстот испраќа порака до читателот дека академските граѓани бесцелно се собраа на скопските улици. Од приложените тврдења во форма на коментари, држи само констатацијата дека државниот испит нема да важи за студентите кои тековно се запишани на универзитетите.  Веќе во вториот пасус се забележуваат реторички прашања со кои коментирањето се ублажува за подолу, во телото на текстот, да се нагласат јасните коментаторски елементи:

„Протести како протести – секогаш може да се изродат во нешто несакано или да се случи некој инцидент“

Судејќи по речиси сите извештаи за текот на настанот, маршот поминал мирно и без инциденти. Авторот не го посочува овој елемент веднаш по оваа реченица, со што ваквата формулација може да се интерпретира како повикување на немири.

Објавата содржи и навредливи елементи, јасно насочени кон демонстрантите.

„Битно е дека на она што на студентите им личи како забава и мало опуштање се вклучија фрустрираните желби за некаква акција против актуелната власт. Па, така, безмалку половина СДСМ беше на протестите, десетици и стотици возрасни лица кои со студирање немаат врска, како и пропагаторите што добиваат пари од странство и кои во овие осум години станаа маргиналци во очите на сопствениот народ“

Освен што имаме јасно омаловажување на сериозноста на намерите на организаторите и на учесниците на настанот, имаме констатација која не е поддржана со факти – освен ако авторот не стоел со сметало на собирот, нема начин да се поддржи тврдењето за бројноста на учесниците што ги именува.

Се прашува дали студентите знаат за што протестираат, а изјавата која дава директен одговор на прашањето е спуштена кон крајот на написот и тоа откако се градат неаргументирани коментари. Имаме обид за пласирање тврдења, чија вистинитост не е поддржана со факти или извори, па макар и анонимни, а од публиката се очекува сервираното да го прифати како вистина. Тоа се согледува во една ваква формулација:

„Ама ова е изгледа единствена држава каде што од бедни мотиви тоа чувство кај младите се потхранува со цел да се искористи во политичка агенда. Kолку е тоа срамно вреди да се кажува“

Очигледно имаме еднострана објава, во која на именуваните страни им е дозволено да се изјаснат со изјава од едвај неколку реда.

Насловот на објавата дава впечаток за обид за сарказам. Наднасловот го поставува прашањето, на кое авторот коментаторски дава одговори, кои, со оглед на недостигот на атрибуција и на факти, може недвосмислено да се опишат како лични ставови. Насловната фотографија е збунувачка. Ако наднасловот поставува прашање кое фотографијата треба да го одговори, испаѓа дека студентите протестирале за покојниот Јосип Броз Тито. Каква врска има Тито со протестите на студентите, не е јасно. Текстуалниот опис на фотографијата не дава одговор на овие прашања.

По неколку пасуси коментари, имаме кратка вест со наслов „Студентски марш од Универзитетот до Владата“. Вест која ги задоволува сите технички и професионални критериуми, ставена како приврзок на коментаторска објава, во која се согледуваат елементи на спин и навредлив говор кон популацијата за која се пишува. Нарачана објава или несфаќање дека постојат стандарди во согласност со кои новинарите не треба да се изразуваат како на лични профили на социјалните мрежи – дилемата останува отворена, а конечниот суд зависи од читателите.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

социјална, политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести