verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Пешев

Невкусен спин за политичка дискредитација

на 19. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Среде најголемата терористичка закана за Европа, македонската полиција целосно блокирана]

  Од самиот наслов се создава сомнеж за политичката пристрасност на објавата, насочена кон дискредитација на опозициски министер. Додека авторот смета дека полицајци молат бога на Македонија да не ѝ се случи нешто, на читателот му останува да моли бога барем еден елемент во текстот да даде официјална информација наместо партиски инспириран коментар. Линк до оригиналниот напис: Среде најголемата терористичка закана за Европа, македонската полиција целосно блокирана Датум и време на објавување: 14.11.2015, 08:52 Датум на рецензирање: 17.11.2015, 12:00 Рецензент: Александар Пешев Но, молитвите, се чини, ќе останат неодговорени, кога зборуваме за новинарските стандарди. Од првата до последната реченица имаме констатации без ниту еден официјален извор на информации,

Извештај на ЕК: Проблеми со медиумската култура и со слободата на изразување

на 13. 11. 2015 | |
Фото: Мета  

Обидите за ограничување на медиумското известување на теми од јавен интерес се загрижувачки. Ова е првата забелешка за медиумите во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, која во парафразирани форми се повторува во повеќе поглавја документот. Комисијата ги забележува притисоците врз новинари и смртните закани и ги издвојува најгледаните национални телевизии како провладини корисници на најмногу народни пари потрошени за владино рекламирање. За дел од

ТВ-дневник: Удри по опозицијата, фали ја власта, закопај ги непријатните вести на крај

на 22. 10. 2015 | |
Партиски состанок во странство – во центар, протести дома – во ќош. Фото: скриншот/колаж  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на МТВ во 20.30 часот на 22.10.2015 година]

 

Македонија се соочува со една од најголемите политички кризи во модерната историја и би било безбедно да се постулира дека јавниот интерес е насочен кон реакциите од пропаднатите преговори за нови министри и кон можните последици. Наместо тоа, јавниот сервис, кој се

Повелете, текст погоден за партиско соопштение

на 6. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: Скандал: Во Куманово нема роднина на Дамјановски што не е вдомен во локалните институции]

  Единствениот скандал во оваа објава се обвинувањата кои се дадени без цитирање на извор и без докази. Мотивацијата за вакви обвинувања му останува позната само на анонимниот автор, но ваквиот материјал, кој несреќно се нашол во рубриката за анализи, може да биде корисен само за партиска прес-конференција во Куманово. Линк до оригиналниот напис: Во Куманово нема роднина на Дамјановски што не е вдомен во локалните институции Датум и време на објавување: 30.9.2015, 12:18 Датум на рецензирање: 05.10.2015 Рецензент: Александар Пешев Текстот ветува информации, констатира финансиски состојби и обвинува за партиски вработувања, а сето тоа без ниту еден доказ или атрибуција во првите два

Од околу, па на ќоше за да се каже дека опозициjата не чини

на 1. 10. 2015 | | sq
 

[Рецезнија: Соросовите медиуми манипулираат со „отворено“ писмо кое никој не го видел]

  На прв поглед имаме текст насочен кон означување медиуми во стилот на партиско соопштение од владеачката партија. Подетален преглед на текстот го потврдува ваквиот впечаток создаден од коментаторскиот наслов. Единствено нешто што може да помине како новинарска компонента се таканаречените „бекграунд“ или технички информации, но и тие се користат за остварување пристрасен спин.
Линкуван наслов на анализираниот напис: Соросовите медиуми манипулираат со „отворено“ писмо кое никој не го видел Датум и време на објавување: 27.09.2015 Датум на рецензирање: 29.09.2015 Рецензент: Александар Пешев Единствениот новинарски елемент во оваа објава се првите неколку редови. Со право авторот поставува сосема солидно прашање: ако станува збор за отворено писмо, тогаш

Прилог на кој никој не му е потребен – сè сам си прашува, сам си одговара

на 5. 08. 2015 | |
 

[Рецензии: Како што бараше специјален обвинител Заев сега сака да ја контролира и Агенцијата за медиуми?!]

  Реторички прашања за кои во основа нема одговор, бидејќи публиката не е должна да даде одговор на истите. Прозваната страна, која би можела да одговори на дилемите, нема добиено шанса да се изрази. Празен текст кој во своите шпекулации не многу вешто ги има свиено навивачките елементи, судејќи по едностраноста на објавата. Линк до оригиналниот наслов: Како што бараше специјален обвинител Заев сега сака да ја контролира и Агенцијата за медиуми?! Датум и време на објавување: 26.07.2015 Датум на рецензија: 01. 08. 2015 Рецензент: Александар Пешев Ако нешто не е јасно, прашај. Публиката ќе биде благодарна за понудените одговори. Така, барем, би

Плукање по политички опоненти за да се испере нечиј образ

на 23. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: СДСМ се претераа себе си. Груевски не е и никогаш не може да биде Фрчкоски!]

  Текст кој повеќе наликува на писмо до бившиот, отколку новинарска објава. Поранешни функционери се ставени на столб на срамот со вулгарни квалификации, а преку коментаторски елементи се брани првиот човек на актуелната власт, која располага со народните пари. Нема ни обид да се прикрие навивачкиот провладин елемент на објавата полна со коментари и со шпекулации. Линк до оригиналниот напис: СДСМ се претераа себе си. Груевски не е и никогаш не може да биде Фрчкоски! Датум и време на објавување: 20.7.2015, 20:15 Датум на рецензирање: 22.7.2015 Рецензент: Александар Пешев Тука немаме новинарски текст, па дури ни коментар, имајќи предвид дека објавата не е

Телепатија во фејсбук-новинарство

на 22. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Незадоволство во опозицијата- договорот од Пржино лош за СДСМ]

  Времево е за никаде, едноставно не ми се работи. Кој ќе врти по портпароли сега… Ми текна! Ќе отворам „Фејсбук“ и ќе констатирам дека цела партија се распаѓа. Генијално! Можеби прилогот што го рецензираме не бил направен баш по овој тек на размислување, меѓутоа во отсуство на официјални информации и констатации од објави на социјалните мрежи, се создава впечаток на мрзеливо коментаторско новинарство. За ситуацијата да биде уште „поинтересна“, авторот прави обид да толкува фејсбук-статуси, тврдејќи дека знае што сакале да кажат соговорниците – секако, без да ги праша. Линк до оригиналниот напис: Незадоволство во опозицијата- договорот од Пржино лош за СДСМ Датум и време на објавување: 19.7.2015,

Прашајте ја партијата, а не друг портал!

на 21. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: СДСМ остана без економски тим: Kој ќе ја пишува изборната програма]

  Констатации на авторот кои се презентираат како факти, па спин кој покажува политичка пристрасност за на крај да се резимира со навивање за владеjачката партија. Непрофесионална објава која остава впечаток на неактивно новинарство – искористени се секакви, освен официјални извори, а не се создава впечаток дека медиумот се обидел да добие официјални информации. Линк до оригиналниот напис: СДСМ остана без економски тим: Kој ќе ја пишува изборната програма Датум и време на објавување: 17.7.2015, 16:04 Датум на рецензирање: 19.7.2015 Рецензент: Александар Пешев Интересно е како непотпишаниот автор на оваа објава пишува за факти без понуда на никаква фактичка потврда на своите тврдења. Уште од првата реченица

Никаков новинарски текст, ама фино партиско соопштение

на 6. 07. 2015 | |
  [Рецензија: ВИДЕО: Активистите од Беса не знаат зошто протестираат, соросовите медиуми им кажаа која е целта]   Една, можеби, едвај две реченици од целиот текст може да се опишат како вест, додека сè друго е коментар со навивачки предзнак. Се прозиваат „соросовите медиуми“ со доза сарказам, по шаблонот што често се употребува во партиските соопштенија на владејачката партија. Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Активистите од Беса не знаат зошто протестираат, соросовите медиуми им кажаа која е целта Датум на објавување: 29.06.2015, 18:11 Датум на рецензирање: 03.07.2015 Рецензент: Александар Пешев Во секој случај, добар почеток – уште во првата реченица имаме одговор на прашањата: Кој што прави ? „Неколкумина приврзаници на здружението БЕСА денеска излегоа да протестираат во пресрет на

Претплатете се за најнови вести