verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Пешев

И со величењето се претерало

на 10. 08. 2016 | |

[Рецензија: (ФОТО ГАЛЕРИЈА) ЕВЕ КАКО ЌЕ ГРАДИ СДСМ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ НА ВЛАСТ : Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски – Циц со 10 години блокирана сметка на општина Куманово, успеа да направи затворен и отворен спектакуларен базен каков што нема на Балканот!]

  Пуштањето во употреба на олимписки базен претставува настан кој секако е од јавен интерес, но тоа бара техничка информација без навивање и без величење. А токму тоа е направено во објавата што ја рецензираме и која заслужува негативна оценка. Линк до оригиналниот напис: (ФОТО ГАЛЕРИЈА) ЕВЕ КАКО ЌЕ ГРАДИ СДСМ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ НА ВЛАСТ : Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски – Циц со 10 години блокирана сметка на општина Куманово, успеа да направи затворен и отворен

Телевизиско известување: Разбуди ме со песна, после ќе мислиме на поплавите

на 8. 08. 2016 | |
„Време е за бебе“. Дури и кога има поплава. И кога се потребни вести. Фото: скриншот    

Навремено објавување на информацијата околу случувањата во текот на елементарна непогода подразбира понуда на информации кои во моментот им се од голема важност на засегнатите – оние кои се погодени од елементарната непогода и оние кои се грижат за нив. Доцнењето и ненавременото известување ја намалува корисноста на информациите и го става

Политичка промоција од медиум до партиска веб-страница или обратно?

на 4. 08. 2016 | |

[Рецензија: ФОТО: Скандирања, прегратки и голема поддршка за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – вака беше пречекан Груевски во Трново]

  Кратко и јасно – имаме пропагандна информација придружена со серија фотографии, дел од кои се употребени на официјалната веб-страница на владејачката партија. Јасно се согледува политичката пристрасност. Со оваа содржина медиумот се ставил во улога на партиски портпарол, објавувајки информација за активности на партиски лидер, а не на државен функционер, што води до претпоставката дека јавниот интерес не бил на прво место при составувањето на оваа фото-вест.   Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Скандирања, прегратки и голема поддршка за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – вака беше пречекан Груевски во Трново Датум и време на објавување: 02.08.2016 Датум на рецензирање: 03.08.2016 Рецензент: Александар

Грубо кршење на основните професионални и етички стандарди

на 3. 08. 2016 | |
   

[Рецензија: ПЕДОФИЛОТ ОД КАРПОШ – ПРВ БРАТУЧЕД НА САШО ЛАЗАРЕВСКИ!]

    Известување за полов напад врз малолетно лице е чувствителна тема која бара безусловно почитување на етичките и професионални стандарди. Тие норми се грубо прекршени во овој текст, кој освен што се става во позиција на судска пресуда, непочитувајќи ги туѓата болка и жалост, се обидува да направи спин со крајна цел – политичка дискредитација.   Линк до оригиналниот напис: ПЕДОФИЛОТ ОД КАРПОШ – ПРВ БРАТУЧЕД НА САШО ЛАЗАРЕВСКИ! Датум и време на објавување: 28.07.2016 Датум на рецензирање: 01.08.2016 Рецензент: Александар Пешев   КРШЕЊЕ НА ЕТИЧКИТЕ И НА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ НОРМИ УШТЕ НА ПОЧЕТОКОТ Прекршување на професионалните и на етичките норми се прави уште во првата реченица од 

„Спонтана“ пропаганда

на 29. 07. 2016 | |

[Рецензија:СЕМЕЈСТВОТО ГРУЕВСКИ НА ПРОШЕТКА: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со сопругата и ќерќичките на прошетка во Св.Наум!]

Пред нас имаме објава со јасно изразени елементи на политичка пристарсност и таа е целосно ставена во функција на промоција на поранешниот премиер и лидер на владејачката партија, Никола Груевски. На прошетката на семејството Груевски ѝ е дадена толкава важност што е направена фотосторија, иако големо прашање е дали прошетката на поранешниот премиер со сопругата и со двете ќерки, воопшто може да биде  информација значајна за јавноста. За да не бидеме престоги,  „настанот“, евентуално, би можел да се регистрира со една куса фото-фест. Но, никако не заслужува да се пласира фотосесија искобинирана со воспевачка содржина: „Тие го привлекоа вниманието на посетителите и заедно се фотографираа

ТВ-дневник: Гледачот неинформиран за сегменти клучни за јавниот интерес

на 12. 07. 2016 | |
Протестите во САД покриени, за оние во Скопје ни збор. Фото: скриншот  

Главна забелешка што може да се даде за дневникот на „Сител“ во 19 часот е недостигот од сеопфатност. Во информативното издание се вклучени само дел од главните информации, но гледачот останува неинформиран за сегменти што се клучни за јавниот интерес: дел од пораките од американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд и протестите на „Шарената револуција“

 

[Критички

Ексклузивно кон дното

на 11. 07. 2016 | |
   

[Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Катица фатена како се сонча на јахтата на Рада и по плажите хеленски во Заевите хациенди!]

  Пропуст при проверка на автентичноста на очигледно монтирани фотографии или злонамерна презентација на деградирачки фотомонтажи за да се деградира специјалната јавна обвинителка? Во секој случај, имаме непрофесионална објава која е насочена кон лична дискредитација, навреда и омаловажување.     Линк до оригиналниот напис: ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Катица фатена како се сонча на јахтата на Рада и по плажите хеленски во Заевите хациенди! Датум и време на објавување: 06.07.2016 Датум на рецензирање: 09.06.2016 Рецензент: Александар Пешев     МАМКА-НАСЛОВ ЗА РЕДИЦА ИЗМИСЛИЦИ Сензационалниот наслов е полн со обвинувања за кои се очекуваат сериозни факти во текстот. Наместо тоа, се редат

Од СМС-пораки од кучето до дезинформации и до паника

на 7. 07. 2016 | | sq
Непроверена порака не е вест. Фото: imagebay.com  

Социјалните мрежи често се преплавени со фотографии од пораки преку кои, наводно, се повикува на протести, контрапротести или се укажува на политички притисоци. Станува збор за неофицијален извор на информации, кои не смеат да се употребуваат како единствена основа за професионален новинарски извештај. Доколку нема друг извор на информации, новинарот има професионална обврска да ја провери автентичноста на пораките пред да ги

Чаршиски муабет од дрвен адвокат?

на 7. 07. 2016 | |

[Рецензија: Одземен чешкиот пасош на Сашо Мијалков…]

Сензационалниот наслов е соодветен на остатокот од текстот. Не се нотираат изворите на информациите и нема докази дека објавата е базирана на факти. Серијата коментари се насочени кон лична дискредитација, нема докази дека именуваната страна е побарана за реакција, поради што овој текст е едностран, со јасни елементи на политичка пристрасност.   Линк до оригиналниот напис: Одземен чешкиот пасош на Сашо Мијалков… Датум и време на објавување: 06.07.2016 Датум на рецензирање: 06.07.2016 Рецензент: Александар Пешев     „ЛИЧНА КАРТА“ НА „ОПАСНИОТ“ Воведот почнува со коментари кои создаваат слика за ексдиректорот на ДБК како опасна личност. „Малубројни се оние кои се осмелиле да отворат одредени скандали или афери поврзани со него. Речиси секој што

Големи новинарски штети од пристрасна и непрофесионална вест

на 6. 07. 2016 | |
 

[Рецензија:Нови економски штети по државата од кризата предизвикана од Заев]

Опозицијата е виновна за губење на европските пари, а владејачката партија сега се труди да направи нешто во врска со таа одлука на Европската комисија. Вака накратко може да се резимира оваа спинувана еднострана објава, со јасни елементи на политичка пристрасност. Линк до оригиналниот напис: Нови економски штети по државата од кризата предизвикана од Заев Датум и време на објавување: 02.07.2016, 15:43 Датум на рецензирање: 05.07.2016 Рецензент: Александар Пешев Воведниот дел на текстот е изведен професионално, со пренесување на целосното образложение на Европската комисија за кратење на дел од претпристапната помош за земјава. На читателот му се дава точна слика околу одлуката на Брисел, за потоа истата да се

Претплатете се за најнови вести