verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Спинувани коментари за политичка дискредитација

on 21 - 06 - 2016       

PRES 24

[Рецензија: Судовите ќе бидат запалени како не судат како што диктира Заев]

 

Веднаш паѓа в очи правописната грешка во насловот („како“ наместо „ако“), кој, пак, креира искривена перцепција дека опозицијата е таа што врши притисок врз судството! Објавата не нуди докази за изнесените тврдења, туку наменски ги интерпретира и спинува настапите на споменатите личности од опозицијата и на граѓанските активисти.

13487760_1099722530099605_1000634506_n.pngЛинк до оригиналниот напис: Судовите ќе бидат запалени како не судат како што диктира Заев

Датум и време на објавување: 16.06.2016, 16:20

 Датум на рецензирање: 18.06.2016

Рецензент: Александар Пешев

 

НАТЕЖНУВА ОД КОМЕНТАРИ

Кодексот на новинарите е дециден:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. ( член 13  )

Но, наспроти ваквите препораки, написот натежнува од коментари кои се насочени кон дискредитација на опозициската партија:

„СДСМ се смета повикан да им се заканува на судиите и да им диктира како да одлучуваат и што да им биде приоритет во работењето. Последен во низата притисоци беше прес конференцијата на Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ“.

Кој го вели ова? Кој потврдил дека партијата се смета за повикана? Каде се доказите дека СДСМ им ги диктира одлуките на судиите?

Во текстот не е пренесена прес-конреференцијата на Шилегов за да може читателите самите да се уверат што тој конкретно кажал. Наместо тоа, употребена е спинувана изјава од друга прес-конференција на Шилегов:

„Претходно Шилегов се дрзна да се меша во работата на Уставниот суд и да одредува што треба да биде негов приоритет потценувајќи го капацитетот на судиите“.

Повторно имаме неодговорени прашања кои секој професионално сработен текст треба да ги одговори. Во случајов: кој вели или кој потврди дека партискиот портарол го потценил капацитетот на судиите и како е проценет судскиот капацитет за да се донесе заклучок дека истиот е потценет?

 

НЕОСНОВАНИ ТВРДЕЊА

Текстот продолжува со шпекулации дека на повидок се дополнителни притисоци, по што изразот се прелева во реторика дека „СДСМ и СОРОС“ и претходно го напаѓале Уставниот суд. Интересно е да се нотира дека „СОРОС “се издвојува како „дежурен виновник“ во повеќе соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ што го дополнува впечаткот за политичката пристрасност на текстот.

Неосновани тврдења се нижат во продолжение, кои во одредени случаи би можеле да се сметаат и за клевета, како, на пример, констатацијата:

„Оливер Спасовски, во март месец кога ја извршуваше функцијата технички министер за внатрешни работи ги предводеше толпите кои сакаа да извршат упад во Уставниот суд“.

Фотографијата од ексминистерот во толпата видно се употребува за поддршка на ваквото тврдење, но сама по себе не претставува недвосмислен доказ дека бил предводник на толпата.

Симптоматично е и тоа што граѓански сектор, исто како и во соопштенијата на владеачката партија, се вовлекува во спинот насочен кон лична и групна дискредитација.

„Славчо Димитров, платеник на СОРОС, поддржувач на СДСМ и и ЛГБТ активист пред три месеци се закануваше и ги навредуваше државните институции и судиите.“

За таа цел селективно се прикажува само фрагмент од настапот на Димитров  на протестот пред Уставниот суд во март оваа година:

„За уво ќе ве влечеме и на клоци ќе ве истераме од оваа зграда. Ова не е Уставен суд, ова е у..ан суд“

Сè на сè имаме еднострана, коментаторска објава во која се изнесени паушални обвинувања, а употребените извори на информации се спинуваат во функција на оцрнување на опозицијата, но и на претставници на граѓанските здруженија кои се критички насочени кон политиката на актуелната власт.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести