verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Приказна што се убива самата себеси

on 21 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Novinarstvoto place

 

[Рецензија: ЦЕЛ СВЕТ ПЛАЧЕ ЗА ОВАА ФОТКА: Крие потресна приказна]

Ова се тие текстови во кои има претерување уште во насловот. Што се однесува до другиот дел, важи шегата: сам себе се убил! Покрај тоа што написот не зборува на кое место се случила приказната, нема година, ниту месец… сепак има две имиња. Тие, пак, можат да бидат сечии, но тоа не е важно. Важно е дека ова е лош, лош текст или се работи за лош превод.

 

 

motordzija

Линк до оригиналниот напис: ЦЕЛ СВЕТ ПЛАЧЕ ЗА ОВАА ФОТКА: Крие потресна приказна

Датум и време на објавување: 19.06.2016, 15:45

Датум на рецензирање: 20.06.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ИМА ЛИ ЛОГИКА ВО АВИОНОТ!?

Текстов, првин, не е договорен самиот со себе. Приказната почнува со тоа дека посочениот лик носел кацига, што значи дека бил совесен моторџија. И додека се чита овој дел, се добива впечаток дека тој најверојатно загинал при сообраќајна несреќа. Малку збунува следната реченица во која стои: „Абри вели дека го убиле во инцидент месец пред да дојде бебето на свет“. Претпоставуваме дека тука се работи за грешка при преводот, за кој не се водело многу сметка, па затоа написот излегува недоследен. За сообраќајна несреќа ретко велиме дека е убиство во инцидент. Можеби тоа поминува во народниот, разговорен јазик, но може да ги збуни читателите и да ги насочи на погрешна мисла, што секако не треба да се случи во новинарски текст.

Кога се работи за превод, тој секогаш мора да биде доследно пренесување на оригиналот, за да не настануваат вакви забуни. Покрај тоа, новинарството не познава преведување набрзина.

Насловот е патетизиран заради добивање некој клик повеќе. Дури и да е ставен во преносна смисла, сепак е претерување.

Во текстот е вметната една фотографија од бебе и една од двајца млади луѓе. Сепак, тие немаат извор, па затоа и се намалува нивната веродостојност.

 

ЈАВЕН ИНТЕРЕС? НЕ, САМО ИНТЕРЕС ЗА КЛИКНУВАЊА

На крајот на краиштата, кој е јавниот интерес за оваа приказна. Најверојатно во светот дневно се случуваат по десетици случки со ваков или потежок крај. Тоа е секојдневие кое евентуално би се нашло во црните хроники на медиумите и во полициските извештаи.

Затоа може да се заклучи дека овој текст има само една цел – еден клик повеќе, што, пак, значи еден чекор наназад за новинарството!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

Не е јасно што претставува фотографијата.

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести