verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Профитери“ од протести?!

on 21 - 06 - 2016       

“Шарените“ имаат нова тезга- протести_ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_s

[Рецензија: “Шарените“ имаат нова тезга- протестираат во Нови Сад]

 

Текстот што е предмет на рецензија има интенција да ја претстави „Шарената револуција“ како профитна организација која протестира за пари. Наводно, демонстрантите кои учествуваат во неа, протсетирале и во Нови Сад за смената на уредниците на Радио-телевизија „Војводина“. Материјалот се повикува на пишувања на одредени српски медиуми, без посочување на линкот од кој може да се види што навистина пишува. Насловот е тендензиоцен и сака да покаже дека учесниците во „Шарената револуција“ профитираат од протести и работа им е да си наоѓаат „тезги“ за протестирање.

sarena revolucijaЛинк до оригиналниот напис: “Шарените“ имаат нова тезга- протестираат во Нови Сад

Датум и време на објавување: 15.06.2016

Датум на рецензирање: 16.06.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

БЕЗ ДОКАЗИ

„Фоторепортерот на оваа агенција, Драган Гојиќ, јавно на својата страница објавил фотографија од пријател од Скопје, кој дошол на протестите во Нови Сад, и тоа со маичка со слоган СЈО. Но на социјалните мрежи беа објавувани и селфи фотографии на Македонци што учествуваа во шарената револуција, а сега се во Нови Сад“.

Материјалот не нуди доказ дека фотографијата на посочениот фоторепортер навистина постои, но и да е прикажана, сама по себе не мора да значи ништо. Маичка со слоган на Специјалното јавно обвинитeлство (СЈО) може да носи секој без разлика дали е или не е дел од протестите на „Шарената револуција“. Оттука, истата можел да ја облече секој од учесниците на демонстрациите во Србија, без притоа воопшто да има учествувано во протестите во Македонија. Но, и доколку учествувал на протестите овде, а протестира и таму, не значи дека тоа е став и поддршка од сите учесници на ова граѓанско движење кое, пак, го негува правото на слободен избор.

„Во Скопје се уште не стивнуваат реакциите по објавувањето на податокот дека Срби ја координираат и учествуваат во протестите на шарената револуција низ македонскиот главен град, каде што можеше да се чуе и: „Ајмо сада, узми пиштаљке!“.“

Ниту е наведено за кои реакции станува збор, ниту, пак, е сосема јасно „што писателот сакал да каже“, освен што направил уште еден обид за поврзување на „Шарената револуција“ со тамошните протести и наводна инволвираност во соборување на српскиот режим. Текстот не прикажува кој е најмалиот заеднички содржател меѓу целите и барањата на „Шарената револуција“ и нивната наводна вмешаност во протестите во Нови Сад. Притоа, во текстот не се пишува ниту еден збор за она што претставува ова движење и кои се условите што ги бара.

 

ДИСКРЕДИТАЦИЈА

Во текстот, исто така, се целосно непоткрепени тврдењата дека „Шарената револуција“ има спонзори и дека тие се од Србија. Не се наведени ниту медиумите што пишувале за ова ниту, пак, имињата на спонзорите. Оттука, ова тврдење влегува во сферата на шпекулациите и на произволното коментирање.

„Засега никој не знае зошто Македонци од шарената револуција поддржуваат вакви настани во соседните земји, но според дел од српските медиуми, станува збор за тоа што и нашата шарена револуција и српската имаат спонзори“.

Ова е уште еден од низата текстови во кои има обид за дискредитација на учесниците во „Шарената револуција“. Освен што досега им се припиша партиска припадност, како и дека се под закрила на „СОРОС“, „шарените“ преку текстот се прикажуваат и како „тезгеџии“ кои протестираат за пари. Текстот, исто така, е ставен во рубриката „Македонија/вести“, а најмалку во него се известува за нашата држава, туку шпекулации и тенденциозни коментари за настани во Македонија се „налепени“ на случувањата во Србија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести