verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владимир Мирчески

Рецензија: Пендаровски секогаш бегал од соочување со народот

на 3. 04. 2014 | |
Многу е тешко да се утврдат причините или директниот повод за пишувањето на овој текст, како и последиците – ефектот кои треба или требало да ги има врз публиката. Написот, барем како што е пласиран, требало да спаѓа во редот „информативни“, но откако внимателно ќе се прочита, се увидува дека тој во основа не содржи компонента вест. Оттука и произлегува главниот проблем – ако нема новина зошто е објавен и која е неговата цел? За жал, анализата покажува дека текстот, кој ги има главните одлики на коментар, а притоа тоа не е наведено, има, пред сѐ, политичка „употребна вредност“, а не новинарска мисија да нуди информации, да поставува прашања, да бара одговори… Линк до оригиналниот напис: Пендаровски секогаш бегал од

Рецензија: ВМРО-ДПМНЕ со листи за апсолутно мнозинство во Парламентот

на 2. 04. 2014 | | sq
Со мирна душа можам да кажам дека ова не само што спаѓа во редот медиумски „производи“ со невидено кршење на професионалните правила, туку е и, како што еден висок владин претставник милува да каже, „во спротивност со позитивните законски прописи“ во земјата. Се прашувам од каде „некому“ толкава неподнослива леснотија еден политички билтен и листа „партиски желби“ да ја продаде како легитимна вест за публиката и тоа токму во предизборие. Од пасус во пасус читателите намерно се манипулираат со т.н. „информации“, што имаат една и единствена пропагандистичка цел – да се воздигне владеачката партија наспроти опозицијата, притоа употребувајќи формулации за „непобедливоста“ на едните за сметка на другите, а сето тоа непоткрепено со извори. Линк до оригиналниот напис: ВМРО-ДПМНЕ со листи

Рецензија: Сите бегаат од пораз: Хаос со листите на СДСМ

на 31. 03. 2014 | | sq
„За наслов во основа се избираат кратки, ефектни комбинации од зборови кои малку траат, многу кажуваат. Идејата за насловот во голема мерка треба да зависи, да извира од текстот на кој се однесува, да соодветствува на податоците, гледиштата на текстот. Општо правило е во насловот да се става најбитното, најсодржинското, најновото“ – Новинарски жанрови. Кога овој сегмент од новинарската теорија ќе се спореди со новинарската практика – конкретниот текст составен од само три пасуси, веднаш се гледа дека нешто сериозно „не штима“. Линк до оригиналниот напис: Сите бегаат од пораз: Хаос со листите на СДСМ Датум и време на објавување: 27.03.2014, 20:51 Датум на рецензирање: 28.03.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

АЛТЕРНАТИВНА ПЕРЦЕПЦИЈА НА ПРЕЗЕМЕН ТЕКСТ

Имаме преземен текст кој со одредени

Рецензија: Црвенковски во промотивниот спот на Пендаровски

на 28. 03. 2014 | | sq
Материјалот нема каква било допирна точка со информативно новинарство, бидејќи не одговара на основните критериуми за една вест: кој, што, каде, кога, како. Оттука, текстот не носи новост. Ако нема јасна информативна, или некаква основна аналитична компонента, тогаш се поставува прашањето која е целта на неговото објавување, или поточно која е суштината на неговото постоење? Одговорот е многу едноставен: создаден е бидејќи сме во предизборна кампања за претседател на државата! Значи, поентата не е да информира, анализира, па дури и да шпекулира, туку само да омаловажува личност која, секако, не е од саканиот табор. Линк до оригиналниот напис: Црвенковски во промотивниот спот на Пендаровски Датум и време на објавување:  27.03.2014, 14:49 Датум на рецензирање:  27.03.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

ЗОШТО САМО

Рецензија: СДСМ наместо за победа, се подготвува за пораз

на 27. 03. 2014 | |
„Веста е таков облик на новинарско изразување со кој, во најкуси црти – откако ќе се одговори на прашањата: кој, каде, кога, што, како или зошто, и евентуално, од кого потекнуваат податоците и што ќе биде натаму – јавноста се известува за еден или повеќе факти: за некаков настан, за извесна општествена или природна појава, за некоја личност, при што тоа соопштение мора да биде ново, актуелно, вистинито, важно или занимливо…“ – Душан Славковиќ.     „Коментарот е јавно изразено или напишано мислење за внатрешниот склоп, предисторијата и последиците од еден актуелен настан или појава. Додека веста и извештајот зборуваат за настанот, појавата, човекот, дотогаш коментаторот, како најтипичен аналитички жанр, се прави по повд настанот, појавата, човекот“ – Душан Славковиќ.

Рецензија: Програмата на Иванов ги исплаши опозициските портали?

на 25. 03. 2014 | |
Овој текст можеби е легитимен за некој партиски настап, но е неприфатлив како некаков си новинарски производ. Токму тоа го имаме во овој случај – замена на политичката со медиумска бина. Ваквиот метод на „супституција“ апсолутно е неразбирлив, бидејќи мас медиумите треба да информираат, а не да претставуваат нечија „продолжена политичка рака“. Она што дополнително изненадува во овој напис, и покрај неговата очигледна партиска позадина и намена, е нискиот степен на јасност и логичност. Накусо, зборуваме за материјал без каков било новинарски кредибилитет или легитимитет со низа прекршувања на некои од професионалните стандарди кој највулгарно им се продава на читателите како некаква си вест. Линк до оригиналниот напис: Програмата на Иванов ги исплаши опозициските портали? Датум и време на објавување:  

Рецензија: Кога не се фотографира со „поршиња“ Пимен дрма пиво

на 24. 03. 2014 | | sq
Кус, но исклучително „отровен“ текст, нешто како поговорката „Отровот е во малите шишенца“. Има една и единствена цел, а тоа е да дискредитира една личност, ама не која било, туку црковен великодостојник. Тоа во овој напис е направено многу вулгарно, без усул, без каква било почит, ако веќе не кон човекот, туку кон функцијата која тој ја извршува и црквата која ја претставува. Но, она што е уште позагрижувачки е дека ова не е прв, а како што тргнало, ниту последен атак кон овој владика на МПЦ–ОА. А, ако само малку се истражи, ќе се види дека „медиумската лавина“ тргнува од моментот на „политички неподобните“ настапи на ова свештено лице. Линк до оригиналниот напис: Кога не се фотографира со „поршиња“

Рецензија: Малезискиот случај покажа дека ниту летовите од Скопје не се безбедни

на 22. 03. 2014 | | sq
Овде имаме текст чија цел, барем како што се тврди, е да нѐ информира дека случајот со малезискиот авион покажал дека „ниту летовите од Скопје не се безбедни“?! Навистина! Да не го прочитав написов навистина немаше да ја знам опасноста од летањето со авион, па макар тоа бил и „лет од Скопје“. Станува збор за, во најмала рака, несоодветно четиво кое имало амбиција нешто да дообјасни во врска со мистериозното исчезнување на боингот 777, меѓутоа од тоа ништо не излегло, освен, секако, пораката дека „нема безбеден лет“ што и не е вест, туку веќе позната статистика. Оттука се поставува прашањето: чуму овој текст? Линк до оригиналниот напис: Малезискиот случај покажа дека ниту летовите од Скопје не

Рецензија: Најморничава теорија: Авионот е украден за да се предизвика Трета Светска Војна

на 21. 03. 2014 | | sq
По објавувањето на овој текст хрватската емисија „На рубу знаности“ добива некаква си „конкуренција“ во македонска верзија која би можела да се вика, еве, на пример, „На рубу глупости“. Како поинаку да се крсти рубриката или „шоуто“ на медиумот кој во земјава пренесе напис за тоа „што навистина се крие зад исчезнувањето на малезискиот патники авион“ полн со, во најмала рака, глупости на квадрат. Во денешново дигитално доба секој може да објавува сѐ и сешто, но прашањето е како можело да се преземе таков текст, особено имајќи го предвид „бекграундот“ на човекот кој се потпишал како автор. Во четивово имаме сѐ, буквално сѐ: мистерија, заговор, тајни сили, нуклеарно оружје, конвенционално оружје, Трета светска војна,

Рецензија: Брисел: Македонија е лидер на Балканот во носење реформи

на 19. 03. 2014 | |
КОНТЕКСТ (contextus, лат.) – врска на еден израз, содржина во целина, вкупна смисла која не смее да се изневери со издвојување и опишување на кој било дел во однос на главната содржина и карактер на целината; пораките можат да се разберат само во рамките на контекстот. Е, токму тоа е прекршено во оваа куса вест, односно имаме пример на погрешна употреба на изјава на еден поединец со тоа што во насловната конструкција се опишува како да станува збор за позиција на една цела, и тоа многу сериозна и важна, институција. Контекстот на настап на единка-политичар и изместен со тоа што е претставен како став на меѓународна организација. Линк до оригиналниот напис: Брисел: Македонија е лидер на Балканот во носење реформи

Претплатете се за најнови вести