verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Сите бегаат од пораз: Хаос со листите на СДСМ

on 31 - 03 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

210-0987-009988-crop-resize

„За наслов во основа се избираат кратки, ефектни комбинации од зборови кои малку траат, многу кажуваат. Идејата за насловот во голема мерка треба да зависи, да извира од текстот на кој се однесува, да соодветствува на податоците, гледиштата на текстот. Општо правило е во насловот да се става најбитното, најсодржинското, најновото“ – Новинарски жанрови.

Кога овој сегмент од новинарската теорија ќе се спореди со новинарската практика – конкретниот текст составен од само три пасуси, веднаш се гледа дека нешто сериозно „не штима“.

2Линк до оригиналниот напис: Сите бегаат од пораз: Хаос со листите на СДСМ

Датум и време на објавување: 27.03.2014, 20:51

Датум на рецензирање: 28.03.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

АЛТЕРНАТИВНА ПЕРЦЕПЦИЈА НА ПРЕЗЕМЕН ТЕКСТ

Имаме преземен текст кој со одредени дополнувања и октроиран наслов добива форма на алтернативна перцепција на оригиналниот напис. Зошто? Зашто тоа што ни се „продава“ во насловната конструкција не соодветствува со содржината, ниту пак е соодветно аргументирано. Искористен е еден случај на повлекување на кандидат од опозициска пратеничка листа како доказ дека „Сите бегаат од пораз: Хаос со листите на СДСМ“. Ваквото тврдење новинарски кажано е премногу „тврдо“ за навистина да биде потврдено со само еден случај на откажување, чија причина во основа не е јасна или официјално потврдена. Се согласувам дека да имало уште неколку такви примери – насловот употребен како основна теза-водилка би бил оправдан. Но, вака целата приказна премногу е на „стаклени“ нозе и нејзината цврстина не ја засилува ниту потсетувањето на сличен случај од ланските избори, демек, станува збор за практика кај опозиционерите, за да се даде оценката „вистинито“.      

Текстот, во делот на извори, почнува коректно, бидејќи јасно наведува од каде ја презема информацијата, но потоа почнува да „забегува“, особено во финишот.

„Инаку, ова не е прв пат СДСМ да менува веќе објавени листи. Истото се случи минатата година, кога најпрво на прес конференција беше најавена една листа, за потоа на стартот од кампањата преќутно во Свети Наум на местото од Драган Пандески да се појави Верица Хајба. Промената тогаш настанала по долги натегања и кавги за листата на советници“.

 

НОВИНАРСКИОТ АНГАЖМАН ЗАМЕНЕТ СО „ПАРТИЗИРАЊЕ“ НА ВЕСТА

Затоа, наместо чиста и куса вест имаме напис на кој „екстра додатоците“ му ја нарушиле основната информативна компонента, а тоа, пак, делумно, во негативна смисла, се одразило и на содржајноста. Наместо да се направeл вистински новинарски ангажман, да се утврди вистинската причина за повлекувањето на тој единствен пратеник од кандидатската листа, ако е тоа така, се отишло во непотребно или, пак, за некој потребно и целно „партизирање“ на главната информација. Затоа, нема двојба дека тоа резултирало и со висок степен на необјективност на текстот кој не ја крие големата доза пристрасност кон една политичка опција.

Ако се водиме хронолошки, главната утка е уште на самиот почеток во насловот кој злоупотребува еден случај за да изведе генерална оценка за ситуацијата во опозицијата со што, пак, најверојатно се создава и погрешен впечаток кај публиката за реалната состојба. Можеби дел од читателите навистина, врз основа на само еден неразјаснет пример, ќе помислат дека е „општ хаос со листите на СДСМ“. Секако, кога зборуваме за насловната конструкција, не може, а да не го забележиме зборот „пораз“ кој последниве денови многу се форсира од одредени медиуми чија уредувачка политика е блиска до власта. Внимавајте, психолошкиот ефект кој сесака да се постигне воопшто не е за занемарување – на гласачите упорно им се „полнат главите“ со пораки дека „опозицијата оди на избори за да загуби“. Оттука, некој ќе си рече „зошто би гласал за губитничка опција без доволно самопочитување“?!

Никаков новинарски напор, слаба употреба на извори, недоволна ангажираност, никакво истражување, обилни количества спин – тоа се одликите на овој напис.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

изворот е злоупотребен

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести