verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Брисел: Македонија е лидер на Балканот во носење реформи

on 19 - 03 - 2014       

26-0987-00998800-crop-resize

КОНТЕКСТ (contextus, лат.) – врска на еден израз, содржина во целина, вкупна смисла која не смее да се изневери со издвојување и опишување на кој било дел во однос на главната содржина и карактер на целината; пораките можат да се разберат само во рамките на контекстот.

Е, токму тоа е прекршено во оваа куса вест, односно имаме пример на погрешна употреба на изјава на еден поединец со тоа што во насловната конструкција се опишува како да станува збор за позиција на една цела, и тоа многу сериозна и важна, институција. Контекстот на настап на единка-политичар и изместен со тоа што е претставен како став на меѓународна организација.

2Линк до оригиналниот напис: Брисел: Македонија е лидер на Балканот во носење реформи

Датум и време на објавување:   16.03.2014, 17:15

Датум на рецензирање:  17.03.2014

Рецензент:   Владимир Мирчески

 

СТАВ НА ЕВРОПРАТЕНИК НЕ Е ИСТО СО ПОЗИЦИЈА НА ЦЕЛАТА ЕУ

Текстов, како што е пренесен, го начнува прашањето на репрезентативност – дали еден пратеник на Европскиот парламент, а ги има 766, настапува во името на целата Европска унија? Имајќи ја предвид структурата на ЕУ и начинот на кој таа ги носи одлуките, одговорот е апсолутно не. Европскиот парламент секако е една од врвните институции на Унијата, но ставот на еден пратеник во никој случај не го одразува ставот на целиот парламент, а уште помалку на ЕУ како што се пласира во насловот. Европарламентарците, поради начинот на избор, а тоа се директни избори, секако дека имаат поголема слобода во настапите во однос, на пример, на членовите на Европската комисија, но тоа не значи дека нивното мислење е официјалната позиција на, како што се вели во написот, Брисел.

Всушност, станува збор за преземен текст, што е и јасно наведено, но проблемот е како е интерпретирана содржината на оригиналниот напис, пред сѐ, во насловната конструкција.

Во новинарската теорија насловот се дефинира како „најсублимирана информација не само за настанот, туку и за текстот кој известува за тој настан, прва информација за суштината, повик и највидлвива порака за читателот“.

А добар наслов е: „информативен и изразен; како најважен дел на новинарскиот текст мора да биде доследен на текстот, а тоа значи: актуелен, значаен, занимлив, точен, прецизен…“

Во овој случај тоа не е така, бидејќи европратеник не е исто што и Брисел – синоним за целата ЕУ.

 

„НАМЕНСКИ“ ИЗЈАВИ НА ЕВРОПРАТЕНИЦИ ВО ПРЕСРЕТ НА ИЗБОРИТЕ

Интересно, речиси без исклучок во пресрет на секои избори во последниве неколку години редовно се појавуваат разни европратеници, кои, во зависност од сопствената политичка ориентација, де ја поддржуваат едната, де другата страна во земјава. Во овој случај станува збор за член на ЕП од групата на европските народни партии – семејство на кое му припаѓа и домашнава владејачка партија. Оттука, донекаде е разбирлива, пред сѐ, политичката содржина на изјавата на овој европратеник, која не е подложна на оваа рецензија и која малку повеќе ја фаќа „десната лента“. Не верувам дека има општо мислење во ЕУ дека, како што се вели во текстов, „Македонија е лидер на Балканот во носење реформи“. Самиот факт што е консултиран само еден европратеник, и тоа потврден поддржувач на владата во Македонија, му дава одредена пристрасна нота и на оригиналниот и на овој преземен текст.

Куса вест која треба да ни каже колку земјава е добра во спроведувањето на реформите, а колку за застојот е виновна само Грција. Едностран пристап, бидејќи ако се читаат релевантните документи на европските тела, се гледа дека името не е единствен проблем во Македонија. Но, некој решил дека тоа треба така „препакувано“ и да им се сервира на читателите дополнето со јасно промашен и збунувачки наслов. Да повториме: нема знак на равенство меѓу изјава на еден европратеник и позицијата на Брисел.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести