verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Пендаровски секогаш бегал од соочување со народот

on 3 - 04 - 2014       

2-stevo-idol-09800998877-crop-resize

Многу е тешко да се утврдат причините или директниот повод за пишувањето на овој текст, како и последиците – ефектот кои треба или требало да ги има врз публиката. Написот, барем како што е пласиран, требало да спаѓа во редот „информативни“, но откако внимателно ќе се прочита, се увидува дека тој во основа не содржи компонента вест. Оттука и произлегува главниот проблем – ако нема новина зошто е објавен и која е неговата цел? За жал, анализата покажува дека текстот, кој ги има главните одлики на коментар, а притоа тоа не е наведено, има, пред сѐ, политичка „употребна вредност“, а не новинарска мисија да нуди информации, да поставува прашања, да бара одговори…

2Линк до оригиналниот напис: Пендаровски секогаш бегал од соочување со народот

Датум и време на објавување:  31.03.2014, 15:42

Датум на рецензирање:  02.04.2014

Рецензент:  Владимир Мирчески

 

ОДГОНЕТНИ ПА РАЗБЕРИ, АКО МОЖЕШ!

Во текстот, барем колку што можам да разберам, на опозицискиот кандидат за претседател на државата за главно „зло“ му се зема дека „ниту еднаш не се соочил со народот“, а истовремено се нотира дека „досега не сакал да учествува на избори“?!? Ем се кажува дека ова му е прво официјално кандидирање, ем се куди зошто досега дека не излегол пред граѓаните. Не разбирам што е спорно, или што се сака да се оспори, во тоа дека Пендаровски во најголемиот дел од својата кариера вршел државна функција која не е поврзана со барање мандат од гласачите. Сега, тој првпат се решава, или ако сакате осмелува, охрабрува, да ја побара довербата да ја предводи државата од позицијата нејзин претседател. Пласираните тврдења се во најмала рака небулозни – „На­ме­сто со­о­чу­ва­ње со на­ро­дот, Пен­да­ров­ски се со­о­чу­вал со удоб­ни­те ка­би­не­ти. Ни­ту ед­наш не за­ста­нал очи в очи со на­ро­дот за да ви­ди кол­ку му ве­ру­ва“. Епа, еве сега се соочува, што е тука проблемот? Претпоставувам дека тоа можеби ќе биде материјал за некое наредно „анализирање“ на Пендаровски од некои медиуми.

Потоа се редат и други „новинарски бисери“ кои немаат голем допир со реалноста и на моменти се класично спинување на ситуацијата. Тезата дека во времето додека Пендаровски ја водел ДИК „Македонија била осакатена со референдумот за територијалната поделба“ е доказ за „босиот новинар“, бидејќи територијалната поделба беше политичка одлука, обидот за нејзино оспорување преку референдумот беше израз на незадоволство на тогашната опозиција и дел од граѓаните, конечниот резултат беше волјата на мнозинството, а ДИК беше само техничкиот орган за спроведување на целиот тој процес.

Вистинитоста во овој напис дополнително е „скршена“ и со веќе неколкупати злоупотребеното интервју на Пендаровски во делот на името кое во неколку наврати добиваше „нечие слободно“ толкување поради што Сервисот за проверка на фактите тие текстови ги рецензираше.

 

КОМЕНТАР ВО „СЛОБОДЕН СТИЛ“

Проблем се и изворите на информации, бидејќи тие на ниту едно место не се прецизирани. Дури не е наведено за кого било дадено интервјуто на Пендаровски чии делови се цитираат во текстот. Има одредени недоследности и во фактографијата. Спомената личност никогаш не била шеф за национална безбедност (која е оваа функција), туку советник на Претседателот на Република Македонија за национална безбедност. Бидејќи текстот не носи вистинска информација, не можеме да зборуваме и за квалитет на содржината. Од друга страна, пак, пристрасноста е силно изразена како што покажува овој пример:

„За разлика од неговиот идол Бранко Црвенковски….“

Како тоа е утврдено кој е чиј идол? За такво тврдење потребни се аргументи кои овде не се изнесени, бидејќи да работиш во тимот на некој шеф на држава секако не е исто со тоа дека него го сметаш за идол. Бидејќи Пендаровски бил важен дел од екипата на Борис Трајковски, зошто не е напишано дека можеби загинатиот претседател му бил идол?

Споменавме дека понудениот напис во суштина е коментар и би дополниле дека тоа е направено во „слободен стил“:

„…Сте­во Пен­да­ров­ски, е чо­век кој ба­рем до­се­га не са­кал да учес­тву­ва на из­бо­ри. Тој до­се­га ни­ту ед­наш не се со­о­чил со на­ро­дот, го не­ма­ло на ни­ту ед­на из­бор­на ли­ста. Но, за­тоа, пак, се­ко­гаш бил при­су­тен во вр­вот и се­ко­гаш имал до­бра по­зи­ци­ја. На­ме­сто со­о­чу­ва­ње со на­ро­дот, Пен­да­ров­ски се со­о­чу­вал со удоб­ни­те ка­би­не­ти. Ни­ту ед­наш не за­ста­нал очи в очи со на­ро­дот за да ви­ди кол­ку му ве­ру­ва“.

 

„Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот“ – член 13 од Кодексот на новинарите на Македонија.

 Во слична форма е и насловната конструкција која наместо да се одликува со факти и вистинитост, пред сѐ, манифестира тенденциозност како што, всушност, е и целиот текст. Инаку, најверојатно станува збор за оригинал, бидејќи написот е преземен и од други портали кои имаат „мерак“ да објавуваат вакви содржини за кандидатот на опозицијата за шеф на државата.

Сѐ на сѐ, пак ќе се вратиме на почетокот каде кажавме дека овој текст има, пред сѐ, политичка „употребна вредност“, а не новинарска мисија да нуди информации, да поставува прашања, да бара одговори…


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема докази за тоа

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

најверојатно е оригинал

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести