verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Пендаровски на гости кај Заев, Заев избега во охридско

on 3 - 04 - 2014       

pendarovski-i-zaev-0987-009988-crop-resize

Денеска имаме текст кој доколку не се прочита до крај ќе се помисли дека е коректен и еден вид школо за новинарство. Но, во таа замка не можат да паднат и оние кои до крај ги дочитуваат текстовите. Имено, ова е вест-извештај за митинг на политичка партија. Има сѐ  што треба во главата на текстот. Од кој, каде, зошто, како, со што и слични прашања кои се занаетски потребни во новинарските производи, до коректно пренесени изјави. Но, текстот доаѓа на рецензија поради последниот пасус кој има еден мал милион непроверени работи што се тврдат без притоа ниту да се помисли да се документира или да се докаже тоа што е тврдено.

Пендаровски во Струмица не беше пречекан од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој, истовремено, е и прв човек на градот. Наместо да му посака добредојде на кандидатот на најголемата опозициска партија, тој избра да оди на гости во охридските села Лешани, Мешеишта и Оровник, од каде што порача дека промените во Македонија ќе дојдат на овие избори и дека народот ги препознава и ги казнува сите кои под превезот на популизмот, како што рече, ја урнисаа државата.

pendarovski i zaevЛинк до оригиналниот напис: Пендаровски на гости кај Заев, Заев избега во охридско

Датум и време на објавување: 01.01.2014

Датум на рецензирање: 01.01.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

КАМУФЛАЖА ОД ТЕКСТ

Текстот е вистинит и се што е напишано до последниот пасус е точно. Малку како да се сакало да се забрза веста за да се стигне до крајот и да се даде свој заклучок, затоа што со по една реченица се опишани сите дејствија на претседателскиот кандидат. Освен делови од неговиот говор, за кој се потрошени по две реченици. За последниот пасус не може да се каже со сигурност дали е вистинит. Никаде нема зошто некој би побегнал, ниту, пак, има некоја изјава, макар и неофицијална за да потврди дека некој од некого бега. Се е оставено да му се верува на добриот збор на авторот.

Половина текст има извори на информација. Најверојатно се оргинални зашто не е посочено дека се преземни од некого. Освен можеби да се преземени од веб страницата на партијата, но и тоа се релевантни документи и изјави од говорникот. Сепак, за последниот, спорниот пасус, нема извори.

Текстот новинарски е полн, колку што можеби би требало за еден ваков извештај, имајќи предвид дека секојдневно, речиси целосно се повторуваат говорите на претседателските каднидати.

 

ИМА НАМЕРА ДА ОМАЛОВАЖУВА

Пристрасноста може да се лоцира ако се прочита само последниот пасус, односно заклучокот. Таа е политичка и со намера да омаловажува.

Има коментирање кое е залепено како чир во текстот. Текстот е оргинал редакциски.

Насловот дезинформира и е спектакуларен во смисла да привлече внимание. И навистина тој ве тера и да го прочитате текстот, но набрзо сфаќате дека не можете да му верувате.

Фотографијата е ставена само колку да илустрира, а воопшто не ја погодува темата и самиот наслов.

Текст кој божем е извештај, но има скриена намера. Така во еден збор би се опишала оваа вест. Инаку, станува збор за класичен извештај од митинг, но премногу спинуван на крајот. Новинарството подразбира слободно коментирање во колумни, но кога се строго означени како такви. Инаку, во извештаи, како класична новинараска содржина, во ниту еден момент не треба и не смее да се помисли на коментирање и донесување сопствени заклучоци без факти и докази.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

донекаде

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести