verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Најморничава теорија: Авионот е украден за да се предизвика Трета Светска Војна

on 21 - 03 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

apokalipsa-0987-0099-crop-resize

По објавувањето на овој текст хрватската емисија „На рубу знаности“ добива некаква си „конкуренција“ во македонска верзија која би можела да се вика, еве, на пример, „На рубу глупости“. Како поинаку да се крсти рубриката или „шоуто“ на медиумот кој во земјава пренесе напис за тоа „што навистина се крие зад исчезнувањето на малезискиот патники авион“ полн со, во најмала рака, глупости на квадрат.

Во денешново дигитално доба секој може да објавува сѐ и сешто, но прашањето е како можело да се преземе таков текст, особено имајќи го предвид „бекграундот“ на човекот кој се потпишал како автор. Во четивово имаме сѐ, буквално сѐ: мистерија, заговор, тајни сили, нуклеарно оружје, конвенционално оружје, Трета светска војна, невиден план, непознат „мозок“ на операцијата, 20 генијални научници, „демографска политика“ за намалување на пренаселеноста… Недостасуваат уште МИ-6, ЦИА, ФСБ, МОСАД, можеби и КГБ, а зошто не и УБК и, ете, сценарио за новиот Џејмс Бонд. Само што ова не е Холивуд или „Пајнвуд Студиос“, туку реалноста, а и не е во ред нечиите „филмови“ да се пласираат како дневни информации, имајќи предвид дека најверојатно станува збор за голема авионска трагедија.

apokalipsaЛинк до оригиналниот напис: Најморничава теорија: Авионот е украден за да се предизвика Трета Светска Војна

Датум и време на објавување: 14.03.2014, 11:56

Датум на рецензирање: 19.03.2014

Рецензент:  Владимир Мирчески

 

МИСТЕРИЈА ИМА, АМА ШТО Е МНОГУ, МНОГУ Е 

Се согласувам дека долгиот период на потрага отвора можност за низа шпекулации каде е и што навистина се случило со летот MH-370 , но, сепак, ова што е напишано, односно пренесено, е премногу. Да се тврди дека авионот е украден, сместен на сигурно место каде чека да биде „маскиран“ во бои на друга авиокомпанија, по што ќе полета вооружен со „нуклеарни проектили направени на нов начин“, ќе преземе идентитет на вистински цивилен лет, ќе се крие под тој авион, ќе го уништи тој ист авион и ќе се упати кон некој пренаселен град каде ќе се урне, а со тоа ќе почне светската војна!!!!!???? Уф, а каде се аргументите за овој „филм“? Ги нема. Сѐ се темели на пишувањата на некој си Хал Тарнер, кои тој ги објавува на неговиот проблематичен сајт и „Радио Тарнер“. За појаснување, станува збор за човек познат по неговите ултра десничарски, па дури и фашистички, ставови и против кого се води судски процес поради закани кон тројца американски федерални судии. Хантер, во овој преземен текст, е опишан како оперативец на ФБИ, а всушност бил соработник-доушник на Федералното истражно биро поради неговите врски со десничарски кругови и расистички организации. Значи, има разлика од теренец-оперативец до, по нашки кажано, кодош. Дополнително, на интернет може да се најдат низа примери, кои апсолутно демантираат дел од апокалиптичните сценарија на некредибилниот Хантер. Не само напишаното, кое со никаков извор или соговорник не е поткрепено, туку и „ликот и делото“ на тој што тоа го напишал, не зборуваат многу добро за вистинитоста на овој текст. Дури, ова е и премногу внимателна констатација, бидејќи написот нема врска со вистинитост.

 

„ГОЛО“ ЧЕТИВО КОЕ, ЗА ЖАЛ, ПОМИНУВА КАЈ ПУБЛИКАТА

Заедницата која зборува за „глобални заговори“ е многу раширена, верувам и овде кај нас. Затоа, не се сомневаме дека ова четиво, колку и да е содржински голо, непоткрепено и сензационално, „поминува“ кај публиката. Со тоа само се потврдува дека, за жал, читателите читаат она што ќе им се понуди, што пак од друга страна значи дека медиумите, особено домашните, ја забораваат и едукативната функција која треба да ја имаат – да ја образуваат или позитивно да влијаат врз публиката. Овој текст, кој секако не крие дека е преземен од „сомнителен“ портал, не е исклучок од правилото дека „квалитетот е најважен“ за нешто да биде објавено како кредибилна вест.

Насловот, според новинарската теорија, треба да извести, истакне, привлече. Во овој случај тој ја има само третата карактеристика. Целата конструкција главно има сензационалистичка, а не информативна компонента, бидејќи се обидува накусо да го каже она што го има подолу во текстот, а тоа е сензација од „жолт“ тип. Така што, од напис-шпекулација би било премногу да се очекува коректна насловна конструкција. Сето тоа „фино“ е дополнето со фотографија од нуклеарна печурка која го доловува ефектот на неизбежна апокалипса на што впрочем упатува и содржината на целото четиво.

„Презентација на настаните и сториите на начин кој треба да испровоцира јавен интерес или одек за сметка на точноста;

Пренагласување на информациите и темите со цел зголемување на бројот на читатели или гледачи“.

Ова се само две од можеби стотиците дефиниции за сензационалистичкото новинарство, чиј пример, без каква било дилема, разгледуваме. Многу врева, многу шпекулации, повеќе „чад“, отколку вистински новинарски „оган“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

оди најди ги!

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести