verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Оливера Војновска

Како да ѕирнеме во имотот на политичарите

на 9. 01. 2014 | |
 

Ниту една земја, без оглед на тоа колку е демократска, не е имуна на феноменот на  корупцијата. Таа  подеднакво ги напаѓа владините функционери, политичарите, локалните лидери. Ги уништува националните економии, ги поткопува институционалните и моралните вредности и ја нагризува јавната доверба

  Пишува: Оливера Војновска   Колку се богати премиерот и претседателот на државата? Со каков имот располага лидерот на најголемата опозициска партија? Каде и како се поднесува претставка

Рецензија: Црвенковски промотор на Пендаровски

на 8. 01. 2014 | |
„Според познавачите, но и на очиглед на јавноста, Бранко Црвенковски повторно активно се вклучува во политиката, овој пат со цел  да го протурка Стево Пендаровски за кандидат на СДСМ на Претседател на Република Македнија. Ова не  е ништо невообичаено, ако се земе предвид дека Стево Пендаровски важи за близок соработник и човек од доверба на Бранко Црвенковски.“ Порталот излегува со тенденциозен  напис дека екс лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, го

Рецензија: Прв натпревар по мајчин јазик и литература меѓу средните училишта во Скопје

на 4. 01. 2014 | |
Пред нас е текст  за натпреварот по мајчин јазик и литература меѓу средните училишта во Скопје, организиран во чест на авторот на првата македонска граматика, професорот Круме Кепески. Поточно, станува збор за извештај од свеченото доделување на наградите од овој натпревар, кој го организираше Градот Скопје, а кој телевизијата го презела од Националната информативна агенција, што е наведено на крајот од написот. Од извештајот не може да се дознае кои ученици се наградени, што претставува пропуст. Инаку, сите медиуми тој ден објавија речиси идентични извештаи и наслови за овој настан (само некои ги имаа посочено победниците). Во сите написи, вклучително и текстот што го рецензираме,  проблематичен е  зборот „прв“. Оваа бројна придавка (која некои медиуми ја избегнале во насловот, но,

Рецензија: Економски успешна година – и Владата и бизнисмените задоволни

на 30. 12. 2013 | |
Во прилогот „Економски успешна година – и Владата и бизнисмените задоволни“  се претерало со величењето на владините економски успеси. Со сугестивниот наслов, поднасловот и самата конструкцијата на текстот (главата, изборот и редоследот на изјавите, заклучокот) добиен е еден апологетски извештај  од средбата на членовите на Владата со бизнисмените од Комората на Северозападна Македонија. Од  вака конципираниот телевизиски прилог се добива претстава дека во Македонија се случил некаков економски прогрес! Линк до оригиналниот напис: Економски успешна година – и Владата и бизнисмените задоволни Датум и време на објавување: 27.12.2013, 18:00 Датум на рецензирање: 28.12.2013 Рецензент: Оливера Војновска Вистинитост: Прилогот се потпира на изјавите на претседателот на Комората на Северозападна Македонија, Мендерес Кучи и на министерот за финансии, Зоран Ставрески. 

Рецензија: СДСМ фронтално против новинарите

на 30. 12. 2013 | |
Пред нас е еден крајно тенденциозен текст, во кој е целосно извртена поентата од дебатата за Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Во него преку класичен спин во насловот и во поднасловот, најголемата опозициска партија се конфронтира со целата новинарска фела. Ставот, пак, што го искажа СДСМ во текот на седницата: „со двата закона власта ќе ја зголеми контролата врз медиумите и новинарите и затоа СДСМ нема да учествува во овој чин на историско газење на слободата на изразување “ (Игор Ивановски), а го пренесоа дел од медиумите, ( можеше  да се види и на директниот пренос на седницата, како и на снимката од собраниската расправа за споменатите законски решенија) нема никаква врска со конструкцијата

Рецензија: Девојче фатено во кражба: тетке ве молам не викајте полиција – бев многу гладна

на 26. 12. 2013 | |
„Госпоѓо немојте да викате полиција, затоа што ја украдов чоколадата. Немав што да јадам дома, а бев многу гладна“, рекло со солзи во очите деветгодишно девојче кое било фатено од страна на продавачката во еден дуќан како краде.“ Вака почнува текстот со впечатлив наслов: „Девојче фатено во кражба: тетке ве молам не викајте полиција – бев многу гладна“,  кој, без да посочи извор, локција  и време, на  читателската публика ѝ сервира една прилично чувствителна  приказна.  Никаде во написот не е наведено каде и кога се случува настанот, па се добива впечаток дека изгладнетото девојче, кое е принудено да краде чоколадо, е од нашето соседство.  Всушност, приказната уште пред три недели е објавена на еден хрватски портал, а потоа

Рецензија: Заев лаже колку „тежи“

на 25. 12. 2013 | |
Текстот Заев лаже колку „тежи“ е обвиткан со тенденциозност од насловот, па сѐ до последниот ред. Во него со инсинуации и со конструкции се манипулира јавноста за имотната состојба на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Преку класичен спин со делови од интервјуто на Заев,  дадено на националната телевизија, на читателите им се подметнува приказна дека претседателот на СДСМ, наводно, не ја кажува вистината за тоа колку е богат. Притоа, неименуваниот автор се повикува на анкетниот лист на Заев, но наменски ги толкува податоците во него. Линк до оригиналниот напис: Заев лаже колку „тежи“ Датум и време на објавување: 23.12.2013,  14.08 Датум на рецензирање: 23.12.2013 Рецензент: Оливера Војновска Вистинитост: Написот има проблем со вистинитоста. Одговорот на лидерот на СДСМ на

Од новинар до портпарол и камбекот во новинарската фела

на 24. 12. 2013 | |

Односите меѓу новинарството и ПР-от, иако  на прв поглед делуваат едноставни, всушност се прилично комплексни. И едните и другите испраќаат одредена порака до публиката и имаат амбиција да влијаат врз нејзиното мислење.

Пишува: Оливера Војновска Новинари и портпароли – две лица на една иста паричка. И едните и другите извршуваат иста работа – ѝ се обраќаат на јавноста. Ама, од различна страна. Задачата на луѓето задолжени за комуникација со јавноста 

Рецензија: Ако знаат што работам, децата ќе ме мразат

на 23. 12. 2013 | |
На прв поглед Маја изгледа како да работи во фирма или, пак, во државна администрација. Насмеана ме пречекува во елегантен црн фустан, ненападно нашминкана, во отмени црни потпетици. Седнуваме да поразговараме за нејзиниот живот, за нејзината приказна. Маја е триесет и деветгодишна сопруга и мајка. Но таа исто така е и сексуална работничка“ Ова е воведот на текстот  со наслов „Ако знаат што работам, децата ќе ме мразат“,  во кој е пренесена приказната на една сексуална работничка.  Всушност, на читателите им е претставено истражување кое третира  едно чувствително прашање, прилично стигматизирано во нашето општество. Четивото  е обемено, но е читливо и претставува убав пример на солидно обработена тема . Во написот се презентирани и стручни мислења од

Рецензија: ВИДЕО-Феминистки и хомосексуалци нападнаа црква и христијани

на 18. 12. 2013 | |
Станува збор за фотовест преземена од странски медиум и објавена со  наслов: „ВИДЕО-Феминистки и хомосексуалци нападнаа црква и христијани“. Иако во оригиналниот текст е наведено дека се работи за протест на феминистки пред катедарлата San Juan Batista во Аргентина  и никаде не се споменуваат хомосексуалците . Исто така, веста што ја рецензираме  нема назнака за тоа каде се случува настанот, туку на крајот од текстот има линк до оригиналниот видео материјал.  Така што,  дури откако ќе се погледне видеото станува јасно дека се работи за Аргентина. Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО-Феминистки и хомосексуалци нападнаа црвка и христијани Датум и време на објавување: 6.12.2013, 11:40 Датум на рецензирање: 17.12.2013 Рецензент: Оливера Војновска Вистинитост: Оваа куса вест во еден дел

Претплатете се за најнови вести