verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Оливера Војновска

Рецензија: Жерновски се закани: Почнувам да рушам споменици од Скопје 2014

на 16. 12. 2013 | |
Проблемот во оваа  вест е насловот: „ Жерновски се закани: Почнувам да рушам споменици од Скопје 2014“, кој е пресилен и тенденциозен. Станува збор за текст од неколку реда во кој е пренесена изјавата на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, дадена за телевизијата Ал Џезеира Балканс . Потоа, со класичен спин во насловот се употребува терминологија која делува премногу провокативно, а тие зборови  (почнувам да рушам) всушност ги нема во изјавата на Жерновски. „Ќе мора да се отстрани сè што е незаконски поставено во општина Центар. Нема да ги третирам спомениците како нешто посебно. Само ако работиме принципиелно можеме да ја избегнеме замката и кукавичкото јајце што власта сака да го снесе во општината“ Изјавата тој ден ја

Рецензија: Граѓаните веруваат во Владините политики за справување со корупцијата

на 13. 12. 2013 | |
Пред нас е еден пристрасен новинарски прилог во кој се претерало со величењето на Владата и нејзинита определба за борба против корупцијата. „Граѓаните веруваат во Владините политики за справување со корупцијата. Од година в година се повеќе граѓани се вклучуваат и соработуваат со полицијата во борбата со овој вид криминал. Полициската бескомпромисност и граѓанската свест се повеќе даваат резултати,и оттука не треба да чуди што Македонија и оваа година напредна

Рецензија: Бугарски адвокат се јавил за македонските градоначалници приведени на граница

на 11. 12. 2013 | |
Веста за приведувањето на градоначалниците на Виница и на Кончани, Емил Дончев и Ратко Димитровски на преминот „Станке Лисичково“ на  бугарско-македонската граница, порталот ја презел од бугарски медиум. И тоа воопшто не е спорно. Впрочем, сите македонски медиуми што ја објавија веста тој ден се повикаа на бугарски агенции. Главниот проблем во текстот што го рецензираме е во тоа што оригиналот е само ставен на Google translate и објавен без никакво дополнително јазично дотерување. Своевиден куриозитет претставува „преводот“ на името на Весела Стоилова, обвинител и портпарол на Окружното обвинителство во Благоевград. Во македонската верзија на веста таа е практично „прекрстена“ во Среќен Стоилов! Линк до оригиналниот напис: Бугарски адвокат се јавил за македонските градоначалници приведени на граница Датум и време

Рецензија: Банките се полни со пари, каматите нема да растат

на 6. 12. 2013 | |
Каматите нема да растат , трендот на намалување ке продолжи  во 2014-тата , банките се полни со пари. Економскиот амбиент е поволен, с  кредитирањето да  се зголеми  – тврди првиот човек на НЛБ Тутунска.Најновите мерки на Централната банка да не се плака камата на задолжителната резерва , банките да се упатуваат наместо на благајнички записи со 3,2 насто ,  на седумдневни депозити сведени на минимална каматна стапка – ги посочува како аргументи .. Вака почнува  веста  во која е направен неуспешен обид  да се пренесе изјавата на претседателот на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски, дадена на свеченоста по повод  наградата „Банка на годината во Македонија за 2013 година“ од финансискиот магазин “The Banker”. Всушност, во кусата вест

Рецензија: СДСМ пука по сите рабови

на 4. 12. 2013 | |
Целосен паралелизам се случува во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Поделеноста на два табори станува секојдневние во сите општински организации на СДСМ“. Веќе извесен период двете струи, едната блиска до поранешниот лидер, Бранко Црвенковски и втората до актуелното раководство, предводено од Зоран Заев, речиси секојдневно по општинските организации држат состаноци. Групата која ги обиколува општинските организации, блиска до Црвенковски ја сочинувале Емилијан Станковиќ, Горан Минчев и Благоја Стојановски. Таборот на Зоран Заев го предводат, Оливер Спасовски и Марјанчо Николов.“ Порталот излегува со претенциозен  текст дека во СДСМ се случува драматична поделба на две групи, но не нуди ниту еден аргумент  за да се поткрпи таквото тврдење. Тезата од насловот „СДСМ пука по сите рабови“,  се потпира исклучиво на

Рецензија: Тежнеат да ја кројат нашата судбина, ама од кафеана

на 2. 12. 2013 | |
Тежнеат да ја кројат судбината, ама од кафеана“ е исклучително пристрасен текст со тенденциозен наслов. Уште од самиот старт е видлива  идејата е да се оцрни опозицијата. „Денес опозицијата не се појави во Парламентот. На закажаната седница на дневен ред беа пратеничките прашања, ама некому очигледно поважни му беа гастрономските. Пратеничката група на Социјалдемократскиот Сојуз реши пред  да влезе во салата да се загрее во италијанскиот ресторан „Кај Џино“.“ Овој материјал има сериозни проблеми со релевантноста. Имено, тој се повикува на друг сајт и е целосно преземен вклучувајќи го и насловот. Текстот се потпира на еднострани анонимни извори, без притоа да се направи најмал обид за да се надгради содржината – да се побара став од опозицијата. Впечаток

Рецензија: Каков ќе биде резултатот од новиот популизам на СДСМ?

на 27. 11. 2013 | |
Прилогот „Каков ќе биде резултатот од новиот популизам на СДСМ?“ просто зрачи со тенденциозност и тоа од насловот , па до последниот ред. „За политиколозите, кои беа консултирани од Канал 5 и кои во изминатите неколку недели повеќепати ја објаснуваа кампањата на опозицијата, првиот впечаток е дека „работното лето“ на раководството на СДСМ предводено од Бранко Црвенковски,  кое неславно заврши по само неколку посети на села и градови, многу наликува на сегашните средби и трибини и популистичките настапи на Заев, Шеќеринска, Узунов. И тогаш, како и сега, секој чекор на тимовите беше медиумски следен од проопозициските медиуми со помпа и еуфорични тврдења дека сега е навистина готово со теророт на власта и оти народот се ослободил од стравот

Рецензија: Самсунг му исплати 1 милијарда долари на Apple во 30 камиони монети од 5 центи

на 25. 11. 2013 | | sq
„Утрово повеќе од 30 камиони натоварени со апоени од 5 центи пристигнале пред канцелариите на Apple во Калифорнија. Обезбедувањето на фирмата се обидело да ги убеди да си заминат, но неколку минути подоцна директорот на Apple Тим Кук добил телефонски повик од Самсунг преку кој му било објаснето дека Јужно Корејската фирма решила на овој начин да го исплати долгот по судскиот спор кон Apple.“ Вака почнува сатиричната приказна која ѝ се подметнува на јавноста како вистинска вест. Всушност, оваа сатирична информација е објавена на повеќе странски интернет сајтови со ваков профил и содржина уште во август  минатата година . Во текстот што го рецензираме, пак, нема ниту една ограда дека станува збор за „кромид“ и никаде не е наведено

Рецензија: Полицаец спречил самоубиство на девојче во Делчево

на 21. 11. 2013 | |
Уште во самиот наслов на веста „Полицаец спречил самоубиство на  девојче во Делчево“ се демонстрира невниманимателност и неодговорен однос кон чувствителната информација што се пласира во јавноста. Всушност, прашање е како и дали воопшто требало да се извести за овој случај, особено бидејќи се работи за тинејџерка, осмоодделенка која потекнува од мало место. Според официјалните податоци во Општина Делчево живеат 17.505 жители, од кои 11.536 во градот, а во целата Општина има само две основни училишта. Во Прирачникот за етика во новинарството се посочува дека: „Еден од факторите кои некоја ранлива личност можат да ја наведат на самоубиство е и публицитетот што на таквиот чин му се дава во медиумите“ И се напоменува  дека новинарите не треба да

Рецензија: Борис Трајковски е убиен од ЦИА оти ја знаел вистината за военото профитирање

на 20. 11. 2013 | | sq
Текстот со сензационален  наслов:  „Борис Трајковски е убиен од ЦИА оти ја знаел вистината за военото профитирање“, нема апсолутно никаква допирна точка со вистината. Станува збор за целосно препишана стара информација објавена уште во февруари 2012 година на  друг портал , при што е изменет само насловот. Овој copy-paste напис е објавен еден ден откако повеќето медиуми соопштија дека има нови моменти во истрагата за загинувањето на екс претсетадателот Трајковски. Нивните текстови се потпираа на веста што ја објави една телевизија со национална концесија и која нема врска со она што го објави порталот. Линк до оригиналниот напис: Борис Трајковски е убиен од ЦИА оти ја знаел вистината за военото профитирање Датум и време на објавување: 19.11.2013 Датум

Претплатете се за најнови вести