verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Оливера Војновска

Рецензија: Зошто СДСМ и Пендаровски лажат за кандидатурата за претседател на државата

на 28. 02. 2014 | |
„Можно ли е екс советникот на Бранко Црвенковски и актуелен претседател на Советот за безбедност и НАТО интеграции  во социјацдемократскиот сојуз да не знае за неговата кандидатура?“ Ваквата дилема се поставува само навидум и тоа како вовед во еден крајно тенденциозен и некоректен  текст од почетокот, па се до последниот ред.  Уште со навредливата интонација на насловот со кој е озаглавен овој материјал:  „Зошто СДСМ и Пендаровски лажат за кандидатурата за претседател на државата“,  се открива намерата за  дискредитација на најголемата опозициска партија и нејзиниот потенцијален кандидат за претстедателските избори.  Ваквиот потег не само што е целосно непрофесионален, туку е и неетички. Тој се коси со повеќе одредби од  Кодексот на новинарите и е во спротивност со назнаките

Рецензија: Полудел од љубомора: Белограѓанин во Беч со кујнски нож до смрт ја избол својата бивша девојка

на 25. 02. 2014 | |
Пред нас е вест која тежи од  јазични, литературни и граматички грешки, а има и географско промашување. Станува збор за материјал преземен  од српски медиум, кој не е ниту редактиран , ниту пак, лекториран. Грешките почнуваат уште од насловот:  „Полудел од љубомора: „Белограѓанин во Беч со кујнски кож до смрт ја избол својата бивша девојка“, кој во комбинација со поднасловот:„Австралиската полиција го уапсила Белограѓанинот Игор.М. (33)…“ , делува збунувачки. Така што  е нејасно  дали инцидентот се случил во Австрија, или Австралија!? Линк до оригиналниот напис: Полудел од љубомора: Белограѓанин во Беч со кујнски нож до смрт ја избол својата бивша девојка Датум и време на објавување: 23.02.2014, 12:40 Датум на рецензирање: 24.02.2014 Рецензент: Оливера Војновска Вистинитост: Многубројните грешки ја

Рецензија: СДСМ лобира кај странските амбасади против предвремени избори

на 24. 02. 2014 | |
Текстот насловен:„СДСМ лобира кај странските амбасади против предвремени избори“, ја турка тезата дека социјалдемократите се плашат од изборно соочување. Станува збор за уште еден од низата написи кои на истата тема, веќе подолго време ги пласираат овој и неколку други  медиуми. И повторно се користат анонимни извори, во конкретниот пример „дипломатски“, а потоа, според веќе востановената практика, врз основа на непотврдени информации се прави тенденциозна проценка за наводниот страв и нервоза кај  најголемата опозициска партија. Како се наближуваат деновите во кои ќе мора да се донесе одлуката за тоа дали Република Македонија оваа пролет ќе оди на предвремени избори, очигледно расте нервозата кај оние политички структури кои се против одржување на предвремените парламентарни избори, а пред се

Рецензија: Рада не му дава на Бранко да се врати!

на 21. 02. 2014 | | sq
Станува збор за тенденциозен текст најавен на ударно место на насловната страница на весникот. Овој напис со провокативен наслов: „Рада не му дава на Бранко да се врати!“, излегува со тврдење дека експретседателот на државата и поранешен лидер на социјалдемократите, Бранко Црвенковски, е најпосакуваната личност за кандидат за шеф на државата, со неприкосновено прво место на предлог-листите на општинските организации на СДСМ. Но, наводно, заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска на секаков можен начин го попречувала неговото кандидирање! Линк до оригиналниот напис: Рада не му дава на Бранко да се врати! Датум и време на објавување: 20.02.2014 Датум на рецензирање: 20.02.2014 Рецензент: Оливера Војновска Вистинитост: Написот е мешавина од непоткрепени  информации и од факти чија вистинитост може да

Рецензија: Протест на кумановските стечајци во Скопје

на 20. 02. 2014 | | sq
Точна, прецизна и објективна информација е стандард кој секој медиум треба да го испорача до публиката.  Во  материјалот што го рецензираме, за жал, впечаток е дека затаиле професионалните новинарски принципи при информирањето на јавноста. И тоа, почнувајќи од насловот со кој е озаглавен прилогот: „Протест на кумановските стечајци во Скопје“ , бидејќи на протестот, како што јавија медиумите, имало стечајни работници од осум градови. Со вака формулираниот наслов и со селективното прикажување на информацииите во текстот, се добива еден новинарски производ кој не ја отсликува реалноста. Линк до оригиналниот напис: Протест на кумановските стечајци во Скопје Датум и време на објавување: 18.02.2014, 18:54 Датум на рецензирање: 19.02.2014 Рецензент: Оливера Војновска Вистинитост: Прилогот има проблеми со вистинитоста. Во првата реченица,  која

Рецензија: Превентивен уплав од изборен дебакл

на 18. 02. 2014 | |
Весникот излегува со текст најавен на насловната страница, кој претендира да биде политичка анализа за изборите, но, за жал, ниту од далеку не успева да се приближи до овој новинарски жанр. Пред нас е еден необјективен и неиздржан напис со нагласена критичка интонација кон опозицијата. Овој материјал насловен како: „Превентивен уплав од изборен дебакл“, уште од самиот старт ја турка тезата дека, наводно, опозицијата се плаши од предвремени избори и креира атмосфера на страв, свесна дека ја очекува уште еден изборен пораз. Авторот на текстот ги кажува нештата на еден несоодветен начин, иронизирајќи и користејќи терминологија која има навредлив призвук. Притоа, се забележува дури и отворен анимозитет кон опозицијата. Па, така, „аналитичкиот“ дел почнува со една невообичаена „психоанализа

Рецензија: Документ: Владата го „шитнала“ Ѓунер Исмаил на СДСМ

на 14. 02. 2014 | | sq
Уште во формулацијата на насловот: „Документ: Владата го „шитнала“ Ѓунер Исмаил на СДСМ“, се препознава  силна тенденциозност во пласирањето на оваа вест. Од ваквиот наслов се добива впечаток дека се работи за заткулисни игри и голем скандал поврзан со поранешниот министер во владите на СДСМ. Фактички, како што може да се види во веста, станува збор за документ стар 17 години (спогодба) со кој Исмаил своевремено преминал од Владата во СДСМ. Иако, од оваа дистанца делува чудно, сепак, тогашните законски прописи го дозволувале тоа. Линк до оригиналниот напис: Документ: Владата го „шитнала“ Ѓунер Исмаил на СДСМ Датум и време на објавување: 13.01.2014, 11:59 Датум на рецензирање: 13.01.2014 Рецензент: Оливера Војновска Вистинитост: Веста се темели на документот за преземање.

Рецензија: ЗНМ со скриени и лажни податоци за членство

на 13. 02. 2014 | |
Станува збор за еден сосема необјективен прилог со видлива тенденциозност уште од насловот: „ЗНМ со скриени и лажни податоци за членството“. Во самиот старт медиумот излегува со сериозно обвинување: „ЗНМ кое тврди дека репрезенативно ги застапува новинарите – ги скри своите членови“, со јасна намера да го дискредитира најстарото новинарско здружение.  Па, наместо една чиста информација за бројноста на двете новинарски асоцијации, која нема да биде обременета со дополнителни коментари, на јавноста ѝ се подметнува  материјал кој  нагласено го фаворизира едното здружение. Линк до оригиналниот напис: ЗНМ со скриени и лажни податоци за членство Датум и време на објавување: 11.02.2014, 17:59 Датум на рецензирање: 12.02.2014 Рецензент: Оливера Војновска Вистинитост: Прилогот има проблеми со вистинитоста. Тврдењето искажано во насловот,

Рецензија: Темза пред излевање, најризично во Британија

на 11. 02. 2014 | | sq
Неретко се случува во медиумите да налетаме на наслови кои онака на прв поглед  ќе нè изнасмеат. Веста што ја  рецензираме е токму со таков наслов: „Темза пред излевање, најризично во Британија“. Во насловот е направена крупна грешка која не го остава читателот рамнодушен, просто изнудува коментар.  Веднаш се појавуваат извичници и прашалници, па само по себе се наметнува прашањето: а каде освен во Британија има ризик од излевање на Темза!? Линк до оригиналниот напис: Темза пред излевање, најризично во Британија Датум и време на објавување: 10.02.2014, 12:44 Датум на рецензирање: 11.02.2014 Рецензент: Оливера Војновска Вистинитост: Веста е преземена од  Државната информативна агенија  – МИА, ја пренесоа  повеќе други медиуми  и нема проблеми со вистинитоста. Извори на информации:

Приказни градени на деманти

на 11. 02. 2014 | | sq

Должност на медиумите е да објават демант  на одредена неточна информација со која е направена повреда на достоинството, или се нарушени нечии права и интереси. Меѓутоа, во последно време сме сведоци  на еден нов тренд во новинарството. Да се гради цела сторија на демантирана информација!

  Пишува: Оливера Војновска   Објавувањето демант на новинарски текст не е новина, ниту, пак, нешто невообичаено. Тоа се случува секојдневно во медиумите. Некогаш се

Претплатете се за најнови вести