verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Оливера Војновска

Рецензија: Саше Политико ги изнесува валканите работи на СДСМ

на 18. 11. 2013 | |
Веста со наслов „Саше Политико ги изнесува валканите работи на СДСМ“ просто зрачи од задоволство дека, наводно, се случува некаква поделеност во најголемата опозициска партија. Текстот, практично, се потпира само на пишувањата на друг портал: „Во најновата колумна на Саше Политико повторно на тапет е уредникот на Плусинфо и Слободен печат, Бранко Героски, но овој пат се спомнуваат и некои колумнисти за Плусинфо. Во своите претходни колумни Политико остро се спротистави на некои новинари и функционери на СДСМ, а во критиките на Политико место си најде и Ивор Мицковски, колумнист на Плусинфо кој Саше Политико милува да го вика “татино синче”“. И потоа врз основа на непроверени информации се прави една тенденциозна проценка за односите во СДСМ. Линк

Рецензија: Морална одговорност, што беше тоа?

на 15. 11. 2013 | |
Текстот со  наслов „Морална одговорност, што беше тоа?“ претставува убав пример на интересна и солидно обработена тема. Написот го третира прашањето за моралната одговорност на политичарите и притоа посочува стручни мислења од политиколошки и социолошки аспект, кои му даваат дополнителен квалитет на овој материјал. Провокација за темата авторот наоѓа во актуелните случувања на домашната политичка и јавна сцена. „Во последните неколку недели се случија неколку инциденти кои ја вознемирија јавноста, грабежи на музеи, сомнителни смртни случаи во болниците, но ретко кој од раководителите презема одговорност за случувањата во институцијата што ја раководи и чека да се утврди вина“ Линк до оригиналниот напис: Морална одговорност, што беше тоа? Датум и време на објавување: 13.11.2013 Датум на рецензирање: 14.11.2013 Рецензент:

Рецензија:Трудното дрво во скопско ги лекува неплодните жени!

на 13. 11. 2013 | |
„На четириесетина минути оддалеченост од Скопје, на височините на планината Скопска Црна Гора, се наоѓа манастирот “Света Богородица”. Во дворот на манастирот ќе го видите дрвото кое наликува на трудна жена, а за кое приказната вели дека им помогнало да забременат на многу жени кои биле неплодни. Можеби во ерата на модерна технологија за многумина оваа приказна би била неверојатна, но за домарот на црквата, дедо Милош, и за локалните жители оваа дрво им донело само среќа во домот на оние што го посетиле“ Ова е само воведот на репортажата Трудното дрво во скопско ги лекува неплодните жени!“ објавена на насловната страна на весникот, која несомнено го привлекува вниманието на читателите, што се потврдува и со посетеноста

Рецензија: Сите роднини ги направил директори – кој е всушност Никола Рилковски?

на 13. 11. 2013 | |
Сите роднини ги направил директори – кој е всушност Никола Рилковски? “, е пристрасен напис  кој просто зрачи со тенденциозност и тоа од насловот, па до последниот ред. Уште од самиот старт на текстот е забележливо дека идејата не била да информира кој ќе биде новиот претседател на ДИК, туку да се оцрни неговата личност. „Никола Рилковски е кандидатот за нов претседател на ДИК кој опозициската СДСМ го достави до Парламентот. Рилковски беше пратеник на СДСМ во македонското Собрание и важи за локален моќник во СДСМ во Охрид.“ Овој материјал во кој се тврди дека Рилковски, наводно,  ја искористил функцијата за да ги згрижи членовите од поширокото семејство,  има проблеми со релевантноста.  Имено, тој се повикува на друг портал 

Рецензија: Најчевска: Мене ми се допаѓа Горна Македонија

на 12. 11. 2013 | |
Порталот ја става професорката Мирјана Најчевска на „столбот на срамот“, само поради тоа што на нејзиниот приватен Фејсбук  профил напишала: „Мене ми се допаѓа Горна Македонија“. Притоа, користејќи непримерен речник директно се напаѓа личноста на Најчевска. Станува збор за хибрид од фото-вест и коментар. Коментарот е интегриран во веста и содржи дискредитирачки квалификации за професорката врз база на субјективна перцепција на неименуваниот автор на веста. Линк до оригиналниот напис: Најчевска: Мене ми се допаѓа Горна Македонија Датум и време на објавување: 8.11.2013, 13:25 Датум на рецензирање: 10.11.2013 Рецензент: Оливера Војновска Вистинитост: Написот се темели на објавата на Најчевска на нејзиниот ѕид на Фејсбук, каде таа изнесува  лично мислење за предлогот „Горна Македонија“. Сите  други наводи во веста се

Рецензија: Мијалков веќе го ажурираше имотниот лист, Шекеринска молчи

на 8. 11. 2013 | |
Веста со наслов „Мијалков веќе го ажурираше имотниот лист, Шекеринска молчи“, прозвучува како заменик претседателката на СДСМ да крие нешто од јавноста во врска со нејзиот имотен лист. Иако таа, уште кога ВМРО-ДПМНЕ ја обвини дека има куќа во Маврово што не ја пријавила,  на прес-конференција соопшти дека „викендичката не е нејзина сопственост, ниту пак, на нејзиниот сопруг, и дека  во анкетниот лист е прикажан целиот имот со кој располага“.  Прилогот се потпира на  изјавата на претседателот на државната Комисија за спречување на корупција, Ѓорги Сламков, која не е целосно пренесена и произволно се толкува. Па во главата на веста (а тоа стои и во поднасловот), се посочува:  „Антикорупциската комисија потврди дека ќе го испитува потеклото

Рецензија: Шиповиќ се уште нема наследник на функцијата претседавач

на 7. 11. 2013 | |
„Советниците на ВМРО-ДПМНЕ предложија, мнозинството на СДСМ одби гласање. Шиповиќ се уште нема наследник на функцијата претседавач со Советот на општина Центар. Од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека во интерес на граѓаните општината потребно е да добие прв човек на Советот и дека се подготвени да гласаат за секое решение кое ќе го предложи СДСМ“ Порталот излегува со тенденциозен и пристрасен напис за седницата на Општина Центар,  што се потпира единствено на ставовите на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, додека другата страна на приказната воопшто ја нема. Особено е проблематичен насловот на текстот, „Шиповиќ се уште нема наследник на функцијата претседавач“,  што алудира на тоа дека Шиповиќ повеќе не е на челната позиција на Советот. Што, пак, не соодветствува  со фактичката состојба и  ја

Рецензија: Шекеринска призна дека семејството Шекеринска-Јанковски има куќа во Маврово

на 5. 11. 2013 | |
Уште од самиот наслов „Шекеринска призна дека семејството Шекеринска-Јанковски има куќа во Маврово“, е видлива намерата заменик претседателката на СДСМ да се претсави во лошо светло. Наспроти тоа што Шеќеринска на прес-конференција јасно кажа (а тоа го пренесува и порталот), дека викендичката не е нејзина сопственост, ниту пак на нејзиниот сопруг:  „тоа е семејна куќа, која припаѓа на мојата свекрва, која патем речено е изградена пред јас да сум во брак“. Овој редакциски текст преку класичен спин сака да ја пласира тезата дека таа,  наводно,  признала дека има имот кој го криела од јавноста. Ваквата тенденциозност, ставена во контекст на дневно политичкиот момент, остава впечаток дека вистинскиот мотив на овој напис е да се наруши угледот на Шеќеринска. Линк

Рецензија: Исповед на една девојка: Како станав скапа проститутка во Скопје!

на 31. 10. 2013 | | sq
„Убава сте и обично студентка во Скопје. Важен е влезот во високото друштво. Важно е најмногу кој е вашиот промотор-контакт во тоа друштво. Доколку сте многу убави пробајте да влезете во естрадата и ќе завршите во креветите на познатите и богати политичари и бизнисмени. Рецептот е прост.“ Ова е само воведот на написот со сензационален наслов „Исповед на една девојка: Како станав скапа проститутка во Скопје!“, кој без да посочи ниту еден извор на читателите им подметнува „лична приказна и рецепт за ВИП дама“: „Мојот влез во тие кругови беше едноставен. Пратеник од една помала партија, познат тип, барал секс со две. Моја другарка од Неготино побара помош од мене, бидејќи беше сама, а и имаше скромно искуство.

Рецензија: СДСМ избра претседател на партиската младина и слави со српска песна

на 29. 10. 2013 | | sq
Уште од самиот наслов „СДСМ избра претседател на партиската младина и слави со српска песна“, е видливо дека намерата не била да информира кој е новиот лидер на младите социјалдемократи, туку да се потсмева,  иронизира. Впрочем, самата содржина на веста од само неколку реда тоа и го потврдува. Линк до оригиналниот напис: СДСМ избра претседател на партиската младина и слави со српска песна
Датум и време на објавување: 27.10.2013 – 19:04:44 Датум на рецензирање: 28.10.2013 Рецензент: Оливера Војновска Вистинитост:  Стефан Богоев е избран за претседател на младината на СДСМ, и веста во тој дел е вистинита. Понатаму таа се заснова на анонимни кажувања чија веродостојност не може да се утврди. „Интересно е што по изборот на новиот претседател на

Претплатете се за најнови вести