verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Рецензија: И за Анџелина сме Македонија

на 16. 06. 2014 | |
Веста за Глобалниот самит за запирање на сексуалното насилство за време на конфликт во Лондон е илустративен пример за тоа како од дрвото не се гледа шумата. Односно, како суштината на еден собир не заслужува речиси ниту еден ред, а една работа која, од аспект на собраните таму, е секако тривијалност, станува клучен мотив да се известува од местото на настанот или да се пренесуваат сознанија. Линк до оригиналниот напис: И за Анџелина сме Македонија Датум и време на објавување: 11.06.2014, 17:15 Датум на рецензирање: 14.06.2014 Рецензент: Љубомир Костовски
„Претстaвници на Грција не присуствуваат на Глобалниот самит за запирање на сексуалното насилство за време на конфликт во Лондон, затоа што нашата земја учествува под името Македонија. Актерката и амбасадорка на

Рецензија: Сега и летувањето може да биде бесплатно

на 12. 06. 2014 | | sq
  Сакате да одите на одмор, или можеби на некое патување. Ви се оди во Њујорк, Барселона, или можеби уште подобро во Париз. Кога сето тоа ќе го организирате и ќе го ставите на хартија, чини  „брдо“ пари, а каде се и трошоците за сместување…? Сепак, има начин како сето тоа да го изведете, а да не потрошите „ич пари“ Линк до оригиналниот напис: Сега и летувањето може да биде бесплатно Датум и време на објавување: 08.06.2014
Датум на рецензирање: 11.06.2014 Рецензент: Љубомир Костовски Ова е вовед во тесктот на порталот со кој ве кани да искористите една новост, која ја нуди мрежата „хоумексчејнџ“ и преку која можете да го понудите својот стан во замена за нечиј туѓ на било

Фоторепортажата е жанр на оние известувачи кои се слуги на нашето бесконечно љубопитство

на 6. 06. 2014 | | sq
 

Имаме толку многу сведоштва во форма на фоторепортажи од настаните во социјализмот, кои не биле пријатни на власта, ама немаме речиси ништо значајно од актуелните „случувања на народот“?! Жaнрот го направиле храбри, досетливи и бескомпромисни борци за вистината.

  Пишува: Љубомир Костовски   Кога неодамна се случија оние немили настани во Ѓорче Петров, за кои имавме неколку рецензии во проектот, кога значи имавме „случување на народот“ во населбата, беше

Рецензии: Дојдов да го оставам пушењето, може ли да запалам?

на 3. 06. 2014 | | sq
Репортажата е потиснат жанр во нашите медиуми, особено што се смета дека најлесно ја губи битката со телевизијата и сличните електронски ширења на информации, особено на планот на уверливоста. Она што во одредени случаи го прави жанрот привлечен и дури ненадминлив е, секако, непосредноста и хуморот, кои пак не можат да се местат така лесно ако новинарот им става камери и микрофони на лицата со кои разговара, во било каква прилика. Непосредноста е креатор на духовните реплики, а сето друго е глума и сцена за која се подготвени само професионалците. Ова го докажува и посетата на новинарка на една групна – да ја наречеме така- терапија која е организирана за оние кои решиле од порокот на пушењето да се откажат

Рецензија: Непуштање народњаци е „грев“ од 20.000 евра

на 29. 05. 2014 | | sq
Казната од 20 илјади евра што ја доби ТВ Телма заради недоволна присутност на народната музика на нивната програма ја подигна и онака високата температура на релација власт – медиуми. Навистина, во т.н. провладини медиуми немаше реакција, како по обичај, кога се работи за потези на власта (поаѓаме од тоа дека и во Агенцијата за медиуми, нели, доминира таа „гласачка структура“) но одгласи имаше во оние независните. Исклучок од таа „шема“ е текстот во Нова Македонија, кој е правен постудиозно и заслужува респект заради приодот и користењето на повеќе извори. Тој е и добар пример за помладите колеги за структурното развивање на темата и за претворањето на нејасното и заплетканото во едноставно и лесно за лично проценување на целиот случај,

Рецензија: Во Скопје најмногу кривични дела, во Велес најмалку

на 27. 05. 2014 | |
Дневниот весник „Дневник“ објави анализа за извршени кривични дела, како и прекршоци кои ги евидентира МВР по градови. Несомнено дека се работи за текст кој ќе биде читан, бидејќи секој од читателите на овој весник ќе сака да знае – преку изнесените податоци – дали влегува со својата адреса во безбедните или, пак, во градовите со многу криминал. Во овој прилог тој тоа нема да го дознае, што веднаш го девалвира потрошеното време на читателот. Текстот има и други бројни слабости кои како да се резултат на одбегнување на можноста да се оцени реалната ефикасност на полицијата, како и кадрите кои ја водат. Линк до оригиналниот напис: Во Скопје најмногу кривични дела, во Велес најмалку Датум и време на објавување:

Рецензија: Жерновски направи геноцид на дрвјата во Дебар Маало, Паркобраните во глувчешка дупка

на 19. 05. 2014 | |
Обвинувањата кон актуелната власт дека направила „дрвоцид“ во земјата, а особено во главниот град, посебно откако градоначалник е Коце Трајановски, преку текст објавен во неколку портали во еден ден предизвика некаква „контра“, која отприлика треба да значи дека и градоначалникот на Центар Андреј Жерновски исекол дрва во својот ареал неодамна а немало реакција од еколошките здруженија. Посебно се става акцент на групата Паркобрани, од која се очекувало дека ќе ги брани дрвата и на улицата „Ѓорѓи Пешков“. Зошто се посочува една личност како „дежурен чувар“ на стеблата во градот? Зошто истиот активист не е прашан за став, а се користи неговото име? Како се тврди дека не може да се добие објаснување од Општината Центар кога тоа беше јавно достапна

Рецензија: Почна ловењето на гласови за и против Заев

на 8. 05. 2014 | | sq
Дневниот весник со веројатно најголема концентрација за она што се случува во кампот на опозицијата последните години – „Дневник“, деновиве објави текст со кој го најавува следниот Конгрес на СДСМ на 11 мај. Датумот е секако најнеспорен „детал“ од текстот, бидејќи може да се провери и на официјалниот сајт на партијата за која се однесува содржината. Но, сето останато, да речеме, како по традиција, кога се работи за „Дневник“ и авторката која ги потпишува текстовите за социјал-демократите, се информации добиени од анонимни извори, кои, за да биде уверливоста наводно поголема, се цитираат во форма на директно пренесен говор (мислење, сознание). Линк до оригиналниот напис: Почна ловењето на гласови за и против Заев Датум и време на објавување: 03.05.2014, 14:56 Датум

Рецензија: Заушка за Заев и Геровски од САД и ЕУ

на 6. 05. 2014 | |
Станува збор за агнециска вест која содржи „надградба“, пред сѐ, во насловот и со кој на недозволив начин се навредуваат лидерот на една партија и глодурот на еден дневен весник и портал. Основот за таквиот непристоен јазик медиумот си го наоѓа во оценката на ОБСЕ/ОДИХР за тукушто заминатите претседателски и парламентарни избори, која се третира како поволна за власта, односно се толкува како неповолна за опозицијата, која не ги призна изборите како фер и демократски и ги смета за нелегитимни врз основа на нив да се формира идниот Парламент а со тоа и Владата. Насловот на текстот, кој е коментаторски по природа, сака да им пренесе на спомнатите дека од страна на западните демократии не добиле подршка за своите политички

Рецензија: Научниците потврдија: Хемотерапијата предизвикува бавна и болна смрт!

на 4. 05. 2014 | |
Во последно време се појавија многу приврзaници на некласични лекувања на болестите – од т.н. хомеопатски, преку методи кои ги нарекуваме „бабини деветини“, потоа користење на чаеви, сѐ до оние кои поаѓаат од тоа дека имунолошкиот систем сам ќе си најде начин да се бори со болеста ако се остави без интервенција на модерната медицина. Овој може да се вклучи во тој тренд – тој сугерира исклучување на хемотерапијата во третманот на болните од канцер и практично, како што се тврди, како подршка на таа теза, се пренесува една статија од угледен британски магазин (British Medical Journal) со наслов „Associations between palliative chemotherapy and adult cancer patients’ end of life care and place of death: prospective cohort study“. Линк до

Претплатете се за најнови вести