verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Рецензија: Шилегов и Шекеринска работеле за веледрогеријата Пановски?

на 27. 03. 2014 | |
„ВМРО-ДПМНЕ вчера објави докази кои, како што велат од партијата, покажуваат дека со потпис на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов во времето кога оваа партија била на власт бизниси добивала и фирмата “Др. Пановски”. Оваа фирма, чиј основач е Златко Пановски близок до СДСМ и нивен спонзор, добила јавни набавки – тендери, за што конечно одлучил токму Петре Шилегов. Петре Шилегов буквално прераснува во главниот адвокат и портпарол на кланот Заеви и милионерите на СДСМ. Потписот на Петре Шилегов стои на решението со кое жалбата на фирмата Биотек за набавка на вакуум епрувети на ЈЗО Клинички центар се одбива како неоснована. За најповолен понудувач на оваа јавна набавка е избран “Др. Пановски”. Значи со ова решение на кое стои потписот

Рецензија: И Македонија има своја Северна Кореја

на 19. 03. 2014 | |
„Од појавата на интегративците на политичката сцена во 2002 година, во Зајас не само што не победила друга партија, туку резултатите на ДПА, НД, НДП… се безмалку смешни, односно некогаш се броеле на прстите од една рака, а максимумот е да се постигне барем 100 гласа. Kонкуренција на Ахмети на домашен политички терен, донекаде, му се Љубисав Иванов Ѕинго и Социјалистичката партија, која од осамостојувањето редовно победува во Kратово. Додека на светската политичка сцена Ахмети „опасно“ му се приближува на Севернокорејскиот претседател Kим Јонг-Ун, кој неодамна победи со сто отсто од гласовите“. На насловната страна на весникот осамна најава за текст со кој се насочува читателот кон изедначување на ДУИ со практиките на северокорејската владеечка фамилија Ким Јонг при изборите,

Рецензија: Во 1964 Скопје беше пред времето

на 17. 03. 2014 | |
„Со многу работа, кореспонденции, патувања, контакти, светските уметници во средината на ’60-тите почнале да подаруваат дела во Скопје. Вредната меѓународна колекција продолжила да се создава подоцна и со откуп, па денес има околу 5 илјади дела. Во сегашната постојана поставка се издвоени околу 300, а конципирани се во 3 и пол илјади квадратни метри, од кои илјада и пол се новоадаптиран простор кој, за жал, низ годиниве не функционираше“. Низ еден микс на репортажно предадена рецензија за МСУ и конечната поставка на дел од подарените уметнички дела, што ги добивме од  врвни уметници пред половина век, авторката нѐ потсетува на тоа дека ние не само што добивме на подарок слика од Пикасо, туку требаше и самите да бидеме жители на

Рецензија: Германски туристи навалија во Македонија

на 12. 03. 2014 | |
„Од 2012 до 2013 година бројот на германските туристи во Македонија е зголемен од 12.000 на 30.000, пишува Дојче Веле. Ова покажува дека вреди редовното претставување на најголемиот светски саем за туризам (ИТБ) во Берлин, најексплицитно потврди искуството на Македонија. За само две години бројот на германските туристи кои ја посетиле земјата е зголемен за два и пол пати. Или погледано низ бројки, од 12.000 Германци кои престојувале во Македонија во 2012, бројот минатата година скокнал на 30.000“. Во време на предизборие е најден еден прилично обемен извештај на Дојче Веле од нашиот настап на Саемот за туризам во Берлин и во скусена форма го објави под наслов кој ја менува суштината на текстот и место анализа за „зголемениот

Рецензија: Двапати проверете кој ве лекува

на 6. 03. 2014 | |
„Добро проверете дали и каде се образовани оние што ви нудат услуги од алтернативната медицина, порачуваат познавачите на оваа област, бидејќи кај нас се’ уште не постојат пишани правила на игра. Не е определено кој, во какви услови и како може да работи. На пример, како хомеопат треба да се занимава со акупунктура или како се вршат разните терапии со магнети…“ Текстот објавен во „Нова Македонија“ е дел од онаа успешна школа која значи темелно проверување на факти за темата која се обработува, добра структура во поставувањето на материјалот и изобилство од извори. Настрана што е актуелна – неколку дена по објавувањето на анализата беше уапсен пензиониран полицаец кој „лекувал“ од брадавици и кој со својoт метод предизвикал канцер на

Рецензија: Кавадаречки бизнисмен добил шлаканица од скопски газда на фабрика за лекови оти многу зборел

на 4. 03. 2014 | |
„Редовната неделна седенка на познати бизнисмени во Скопје, пред неколку дена завршила со тепачка. Ручекот, на кој вообичаено бизнис пријателите си разменуваат идеи за работата, овој пат го засенил испадот на еден од нив. Газда на домашна фабрика на лекови, среде мезе, без причина, му залепил шлаканица на познат бизнисмен од Кавадарци, оти му упаднал во збор. Тие седеле еден до друг, па додека да се освести, на кавадаречкиот газда веќе на лицето му се гледале црвени траги од раката на производителот на лекови“. Ова е ударниот текст во саботното издание на „Вест“ на насловната страница, сместено на втората, а кое делува, ако можеме да се ослободиме од привидот дека читаме некаков роман или расказ, значи нешто што не е

Рецензија: Слична оценка како и лани за Македонија во извештајот за човекови права

на 3. 03. 2014 | |
„Македонија доби слична оценка како и претходната година во извештајот за почитувањето на човековите права во 2013-та. Оценета е како демократија која сѐ уште има проблеми во разграничувањето на државата, судството, медиумите и правата на помалите групи граѓани како хомосексуалците“. Делот посветен на Македонија во извештајот на Стејт дeпартментот за состојбата на човековите права е исклучително опширен и секако значаен за негово сериозно третирање во медиумите, бидејќи, се однесува за многу сегменти од нашето живеење и значи оценка од најмоќната сила во светот за степенот на демократија во земјата која себе се смета за компетитивна за влез во евроатланската алијанса. Но, МРТВ прави скромен прилог, како по содржината, така и по значењето и структурата, кое како уредувачката политика се пренесува

Рецензија: Нѐ очекува криза ако не се смени курсот на денарот

на 27. 02. 2014 | | sq
„Вредноста на денарот со години е преценета во однос на еврото и доколку Народната банка и Владата не преминат од фиксен кон променлив девизен курс, нашата земја неизбежно ќе доживее финансиска криза, покажува истражувањето „Теоретски аспекти и мерење на реалниот девизен курс“ што за Народната банка уште во 2007 година го направија реномирани домашни економски експерти. Во овој труд се анализира реалниот девизен курс од 1995 до 2004 година, при што се оценува дека курсот на денарот отстапува од своето долгорочно рамнотежно ниво до 8 отсто“. Во медиумите чија инвестициска основа е крупниот капитал малку-малку па се појавуваат текстови кои сугерираат напуштање на фиксниот курсот на денарот кон кошничката светски валути; всушност, се сугерира девалвација на денарот, со што некои

Како пи-арот ќе ви продаде бесплатна вест?

на 24. 02. 2014 | | sq

Во дефиницијата на работата на пи-арот лежи да ве убеди дека ви кажал вест или сознание кое треба да го поделите со јавноста и дека со тоа кон вас покажал пријателски гест или имал доверлив однос. Македонските релации меѓу новинарите и пи-аровите немаат толкава сличност со дефиницијата на бесплатност и доброволност 

  Пишува: Љубомир Костовски   Додека постарите македонски новинари во текот на своите кариери наидувале на строгите партиски комитети и

Рецензија: Балканот го тресе класна војна

на 18. 02. 2014 | |
„Kога поголем број луѓе премногу време гледаат дека животот не им се подобрува, туку напротив, им се влошува, а во секоја држава и во секоја нација има поединци што многу се збогатија за кратко време, ги тргаат националните теми настрана и многу повеќе размислуваат за класните разлики, велат регионалните аналитичари“. Ова е вовед во текстот со кој се анализираат сѐ уште експлозивните настани во БиХ. Авторот се труди да ја види социјалната страна, од мотивите и развојот на настаните сѐ до нивната преносливост на целиот Балкан, давајќи компаративни сугестии во таа насока. Компарацијата посебно паѓа во очи во ситуација кога на оваа тема се оди површно, се политизира или ситуацијата во Сараево и другите градови се прикажува небаре се работи

Претплатете се за најнови вести