verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Рецензија: Протестите во Босна се за поништување на Дејтон!

на 13. 02. 2014 | |
„Овие денови први вести од Балканот се протестите во Босна и Херцеговина. Истите се нападно каратеризирани како социјални, но ако во првите редови на демонстрациите се млади луѓе, со скапи телефони и гардероби, навивачки групи опремени со одбранбен и агресивен експлозивен материјал и јасно видливо лидерство се поставува прашањето – за што, навистина, се протестира во Босна?“ Овој текст за настаните во БиХ има неколку сериозни проблеми. Едниот е во неговата жанровска определеност (не е ниту коментар, ниту извештај), потоа во структурата: започнува како проширена вест, станува коментар, потоа следува потпис, во форма на иницијали, како текстот да е завршен. Но, потоа текстот продолжува без посебен наслов, во обид да се најдат неколку мислења на официјални лица од регионот, како

Рецензија: Има шанси за тутунарите – биогориво, ама нема кој да слушне

на 10. 02. 2014 | |
„Проектот за можноста од производство на биогориво од тутун во Македонија е готов веќе пет години, со него биле запознаени повеќе македонски министри, но планот за реализација сè уште е во фиока. Пет години потоа, по препораките од СЗО за намалување на површините и субвенциите за тутун, пак е актуелно производството на струја од семето на тутунот што се фрла“. Прилогот се однесува на можното користење на тутунот за производство на биогориво. Со ова порталот практично ги насочува земјоделците, мeсто кон сѐ понесигурните пазари на тутунската индустрија, да се завртат онаму кaде што лежат парите. без да се менува нешто во нивното секојдневие. Ова е текст што освежува среде едноличноста на политиката и сензационализмот, ниските критериуми и стандарди во нашето

Рецензија: Дајнерс затвора експозитури, Бобо и Раца ја цедат фирмата по пет илјади евра месечно за кирија

на 3. 02. 2014 | |
„Ако централата се обидува да намали трошоци, зошто директорот месечно добива нешто над 5.300 евра месечно за кирија, пари со кои во моментов во Скопје комотно може да функционираат и да работат барем пет салони. Според пазарните услови во моментов, сумата којашто се плаќа за кирија е барем десет пати повисока од реалните цени, а дали тоа отвора пат кон евентуален начин на којшто може да се корумпираат политичарите кои потоа може да влијаат на одлуките во корист на компанијата треба да утврдат надлежните државни институции.“ Tекстo се пресметува со опозициска политичарка преку друга личност (нејзиниот сопруг), се приход кој нема врска со државата (режиски трошоци на именуваниот од фирмата), а има врска со контролата на приходите (ама приходот е

Рецензија: Момче тврди дека живеело на Марс: Знам што не очекува

на 30. 01. 2014 | |
„За необичното дете Бориска прв пат се слушна од приказната на еден очевидец на експедиција на северот на Волгоградската област. Тој постојано на возрасните им зборува дека на Марс имало цивилизација, за мегалитските градови и марсовските вселенски бродови, за летовите на другите планети и за државата Лемурија на Земјата, чиј што живот го познавал од сопствено искуство, бидејќи вели дека понекогаш доаѓал од Марс, на големиот континент, каде што имал и пријатели“. Во трката по сензации, која во нашиот мал простор со многу медиуми, наликува на гладијаторска борба за внимание, А1он објавува шокантна приказна за момчето Боришка кое наводно дошло од планетата Марс. Текстот е застарен, бидејќи првите написи за момчето во рускиот печат се појавија во 2005 година. Дел

Рецензија: Венизелос за еден месец во Скопје: сака да покаже успех како министер

на 29. 01. 2014 | | sq
„Се уште не е утврден датумот кога министерот за надворешни работи Никола Поповски ќе му биде домаќин на грчкиот колега кон крајот на февруари. Од МНР за „Телеграф“ велат дека најверојатно министерот за надворешни работи Никола Поповски ќе му биде домаќин на грчкиот колега кон крајот на февруари.“ Со спокоен вовед порталот донесува вест за едно од најголемите изненадувања во надворешно- политичката сцена на регионот: посетата н висок грчки политичар на Македонија. Веста е релативно прецизна во однос на она што го имаат другите редакции, значи постои нешто „од прва рака“, а воедно постои видлив напор истата да се збогати со одглас од соседството, од земјата од каде доаѓа Венизелос. Овој текст е пример како треба да се работат надворешно-политички

Новинарите кои известуваат од судовите и нивното игнорирање на законите

на 22. 01. 2014 | | sq
 

Често известувачите од судските коридори и сали одат во потрага по чиста, концизна и сензационална вест, што се вели – „петарда“, па никогаш и не се цитира некој закон и негов член „кој е во игра“. Весниците ги читаат и правно писмени луѓе, кои ги има повеќе десетици илјади во земјава! Згора на тоа, новинарите пишуваат и за коњските сили на некој автомобил, иако многу мал број од читателите

Рецензија: Заеви во 2012 година тежеле речиси 12 милиони евра

на 20. 01. 2014 | |
„Речиси 12 милиони евра (или точно 733.898.440 денари) тежеле во 2012 година фирмите што ги поседуваат најблиски роднини и пријатели на лидерот на СДСМ и струмички градоначалник Зоран Заев. „Дневник“ дојде до документите што укажуваат на билансите со сметководствената вредност што овие фирми ги направиле на крајот од 2012 година. Притоа нето-добивката што ја оствариле таа година изнесувала 2 милиона евра. Заев, никаде не фигурира како сопственик на фирма или, пак, некое одговорно лице, но се работи за 20 фирми кои гласат на таткото, братот и на чичкото на Заев, потоа на неколку братучеди, зетот, како и на ортакот на Заеви во неколку фирми – Горан Kрстев и неговиот татко. Лидерот на СДСМ во интервју за МТВ процени дека богатството

Рецензија: Македонците по интелигенција на 16-то место од 113 нации во светот

на 15. 01. 2014 | |
„Листата ја објави специјализираиот портал за статистика Photius.com и е составена по десетгодишно истражување на двајца психолози- Ричард Лин од Велика Британија и Јелте Вичертс од Холандија и финскиот политиколог Тату Ванен. Тие собрале и анализирале студии за интелигенција на населението кои се правени во последните десет години по одделни земји“. Веста е објавена во повеќе македонски медиуми, со разни варијации. Оваа вест е, да речеме, најударна и сугерира нешто „супериорно“ во нашата нација, иако тоа не е соодветно на квантитативните елементи во науката, ниту е објаснета методологијата како е дојдено до тоа ние да сме со извлечениот (посочен) коефициент, а не е најдобро објаснет ниту системот на рангирање, бидејќи се сугерира дека сме високо „пласирани“, иако – ако се

Рецензија: Истрагата за „кингерот“ откри – пилотите не се виновни

на 13. 01. 2014 | |
„Претседателот на Комисијата, Омер Кулиќ, во интервју за „Утрински весник“ пред неколку месеци изјави дека се направени некои системски грешки и дека затоа сакаат да утврдат зошто се случила несреќата. Предмет на интерес на истрагата изминатиов период според него била организацијата на службата за летање, дали таа работела по меѓународни стандарди, колку Агенцијата за цивилно воздухопловство ја вршела својата работа во смисла на тоа дали спровела надзор, контроли, прегледи. Дали е направено квалитетно сервисирање на авионот во Германија. „Повторно ќе се видат црните кутии, бидејќи во една од кутиите во која треба да има записи од летот нема ништо“, најави тогаш Кулиќ“. Ова e дел од написот со кој се прави спој на едно старо интервју, специјално дадено за овој

Рецензија: Швеѓаните заинтересирани за Скопје како туристичка дестинација

на 9. 01. 2014 | |
„Многумина Швеѓани патуваат во исти места и во исти земји. Од година в година, но многумина откриваат и нови туристички дестинации. Скопје лани се искачи високо на листата на популарни туристички дестинации меѓу Швеѓаните“. Преку оваа вест нашиот главен град е прогласен за „трендовски град“ врз основа на пребарувања на шведскиот сајт и се наоѓа во друштво на релативно познати туристички градови како Бризбејн, Даблин, Хамбург, Манила, Техеран, Измир, Канкун, Сплит и Кејптаун. Навистина импресивно друштво, со по некој исклучок. Но, од каде е извлечена таа информација и дали сте виделе многу Швеѓани во нашиот главен град? Дали сте виделе пет, десет, сто… Дали не се работи за обичен спин со кој треба да се оправда инвестицијата вредна 500 милиони

Претплатете се за најнови вести