verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Швеѓаните заинтересирани за Скопје како туристичка дестинација

on 9 - 01 - 2014       

FireShot-Screen-Capture-214-Швеѓаните-заинтересирани-за-Скопје-како-туристичка-дестинација-crop-resize

„Многумина Швеѓани патуваат во исти места и во исти земји. Од година в година, но многумина откриваат и нови туристички дестинации. Скопје лани се искачи високо на листата на популарни туристички дестинации меѓу Швеѓаните“.

Преку оваа вест нашиот главен град е прогласен за „трендовски град“ врз основа на пребарувања на шведскиот сајт и се наоѓа во друштво на релативно познати туристички градови како Бризбејн, Даблин, Хамбург, Манила, Техеран, Измир, Канкун, Сплит и Кејптаун. Навистина импресивно друштво, со по некој исклучок. Но, од каде е извлечена таа информација и дали сте виделе многу Швеѓани во нашиот главен град? Дали сте виделе пет, десет, сто… Дали не се работи за обичен спин со кој треба да се оправда инвестицијата вредна 500 милиони евра (Скопје 2014) за да се покаже дека тој, во основа некапитален влог, проект, кој во иднина ќе претставува само извор на нови трошоци за буџетот (одржување), но сега, со новиот интерес на Швеѓани (и евентуално други странци) ќе ни се враќа инвестицијата со прилив на долари од туристите?

 Швеѓаните заинтересирани за Скопје како туристичка дестинација

Линк до оригиналниот напис: Швеѓаните заинтересирани за Скопје како туристичка дестинација

Датум и време на објавување: 06.01.2014, 14:12

Датум на рецензирање: 08.01.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

Вистинитост: Веста е секако точна, но статистички таа е непрецизна, особено онака како што веројатно кај нас ќе се сфати или индиректно се сугерира. Најпрвин, да го објасниме статистичкиот трик: ако преклани имало 100 пребарувања за Македонија, да речеме, а лани имало 175, тоа е скок од 75 отсто. Компјутерот на компанијата регистрира такви статистички вредности во случајот, па може да се случи и град со многу мали посети, како што многу веројатно е Техеран, град кого од разбирливи причини (можност од избивање на војна) ретко кој го посакува како туристичка дестинација, сега, по олабавувањето на санкциите кон оваа земја, да има зголемени пребарувања и сите тие да резултираат со индекси од 300, 400, 500 отсто… а реално да не се некој висок квантификатор!

Имено, може да не залаже самиот факт што се работи за пребарувања (интересирања) и тоа не мора да значи посетеност и туристички дестинации, бидејќи сајтот е наменет за понуда на авио билети и евентуално сместувања во хотели. Но, интересирањата не мора и веројатно не резултирале и со зголемена побарувачка на авио билети, ниту со резервации на  хотели, што е секако релеватно како показател на објективниот интерес, па веста на крајот едноставно да испадне некаква туристичка мимикрија гледано од аспект на реалноста и вистинските економски показатели.

Извори на информации: Порталот, според нашите пребарувања, користел вест објавена на Интернет на шведски јазик од 18 декември минатата година. Од текстот е исфрлен еден пасус во кој се прецизира дека се работи за интерес кој е за 75 отсто поголем од лани и дека тоа е скокалницата за влез во лигата на Скајскенер. Значи, апсолутно е можно да постоел многу низок интерес во 2012 година, па сега тој и со не толку значајни пребарувања да има за резултат „фантастичен“ скок!

Компанијата не се бави со квантификувања од кои би се видел од поблизу тој објективен интерес на Швеѓаните, кој секако би бил добредојден.

Содржајност: Јасно е дека  оној кој ја правел веста не се обидел да ја збогати, да ја направи посодржајна, а тоа секако можел да го стори ако само макар и на час побарал уште некој извор (Туристички сојуз, аеродромите во Скопје или Охрид).  Дури не се ни објаснува кој е Скајскенер, кој е предметот на неговата работа, како тој функционира, дека пребарувањето е навистина само интерес, ама не значи и вистински интерес (ќе влезете во продавница, ама и ќе излезете, не мора да купите нешто, бидејќи не сте задоволни од изложената стока, цената, бојата…).

Пристрасност: Се добива впечаток како да не се сакало да се „расипе фризурата“ со додатни, макар и не многу темелни пребарувања. Во Шведска живее и македонска заедница, која можеби токму лани го открила порталот на Скајскенер и преку него посакала да се обиде да дознае дали има поевтини летови? Тука се и оние гастарбајтери од јужна Србија и Косово, кои се особено бројни и кои низ тој ненадеен интерес, всушност, ги зголемиле „кликовите“ за влез во понудата на Скајскенер. Бројачот на влезови на компанијата кај дестинацијата Скопје не може да ги прочита ниту мотивите, ниту националноста на пребарувачот!

Оригиналност/Плагијат: Текстот е пренесен со скусување од објавен текст во Шведска. Потпишан е како редакциски.

Квалитет на насловот: Насловот на текстот во оригиналот гласи: „Швеѓаните привлечени од нови, возбудливи дестинации во 2013 година“, а во оваа вест стои дека Скопје е таа возбудлива дестинација.

Фотографија: Во оригиналниот шведски текст е дадена фотографија од Шведска како евентуално појдовна дестинација на идните авантуристи, а кај нас е дадена огромна слика од централниот плоштад во градот со споменикот на Александар Велики како магнетот на тие интересирања, што е, секако, без основ во самата информација. Можеби туристите се интересирале за сосема други дестинации во градот или земјата? Вака, фотографијата ја оголува пристрасноста кон некои политички инвестиции во земјата и нејзината антиквизација.

Заклучок  Скајскенер е лидер меѓу пребарувачите за туристички (и други) патувања во светот. Има 25 милиони посети месечно и ако макар само еден процент од нив навистина резултирал со бендисување на Македонија како дестинација, ние денес би биле преплавени со русокоси туристи од северот. Дали треба да се согласиме дека тоа не е случај? Таа вест секако можела да биде само претекст на вистинско истражување – зошто Швеѓаните влегуваат во дуќанот на агенцијата и излегуваат без да пазарат на одделот Македонија?


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема доволни информации

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести