verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Рецензија: Постизборниот период – нова шанса за преговорите

на 27. 04. 2014 | | sq
За време на предизборниот молк на еден заобиколив начин се прекршува истиот, при што се пушта однапред подготвен прилог во вести, кој треба да оди во прилог на актуелната гарнитура – претседателот Иванов и Владата на РМ. Истиот може да се најде и на сајтот на националниот радиодифузер. Линк до оригиналниот напис: Постизборниот период – нова шанса за преговорите Датум и време на објавување: 26.04.2014 17:18 Датум на рецензирање: 27.04.2014 Рецензент: Љубомир Костовски Прилогот говори за успесите на нашата надворешна политика преку тезата – да не е блокада на Грција, ние би биле веќе во НАТО и ЕУ. „Иако ги исполни сите критериуми, сепак изостанува поканата за почеток на преговорите, а тоа е поради притисокот што го прави нашиот

Рецензија: Изборна манипулација со демографијата

на 27. 04. 2014 | | sq
На два дена пред изборниот молк објавена е оваа необична економска анализа во која преку доста компликувана и се чини не сосема разбирлива математика се настојува да се оспори – така да ја наречеме – „најпатриотската замерка“ која македонската јавност ја има кон оваа власт. Македонците кон ДПМНЕ а Албанците кон ДУИ – дека ни се иселуваат највредните делови од општеството, оние со чија помош земјата и единствено може да има иднина: високобразованите, од редот на дипломците од техничките и природни науки главно, со познавање на странски јазици Линк до оригиналниот напис: Изборна манипулација со демографијата Датум и време на објавување:23.04.19 22:44
Датум на рецензирање:26.04.2014 Рецензент: Љубомир Костовски Веќе неколку години се говори јавно и речиси и нема обиди да

Необјавената вест за аферата „Македонска банка“ е професионално харакири

на 23. 04. 2014 | | sq

Оние што бројат објавија: веста за постоење на аудио докази за корумпираноста на премиерот од преку 100 телевизии, осум весници и над 100 портали, ја објавиле одвај 10 проценти. Блокадата беше целосна, кај најтиражните и најгледаните, „кај олихарските сопственици и уредничките тајкуни“ (Чомовски)

  Пишува: Љубомир Костовски   Кога неодамна во оваа рубрика пишувавме за обврската на новинарот да објави вест која е од јавно значење, напоменавме, цитирајќи повеќе стручњаци,

Рецензија: Македонец на Харвард

на 23. 04. 2014 | |
Една од клучните вести во празничниот „репертоар“ на МТВ, која не беше врзана за изборите е онаа за едно наше момче кое добило стипендија и ќе замине на Харвард. Иако се работи за телевизија, добивме визуелно статичен прилог во кој нема речиси никаков податок, па може да биде предаван на високите школи по новинарство како анти-вест. Иако се работи за телевизија, добивме визуелно статичен прилог во кој нема речиси никаков податок за материјата која е предмет на изветување, па веста може да биде предавана на високите школи по новинарство како типична анти-вест, односно како новост во која ги нема основните одговори на природната љубопитност за нешто што ќе се најде пред вас, макар и во еден продолжен празничен викенд. И

Рецензија: Како Киро Глигоров стана прв претседател, а не доби доверба во Парламентот?

на 17. 04. 2014 | |
Во првиот постизборен ден објавен е еден вид на текст-хроника за македонските претседатели од осамостојувањето до денес, како што е најавено во наднасловот. Начелно, тоа е добар уредувачки потег, само што содржината на прилогот повеќе говори за тоа како се спроведоа претседателските избори од осамостојувањето до денес, одново со една ограда дека почетната задача главно е задржана само во оценката на претседателствувањето на првиот претседател – Киро Глигоров и донекаде на Бранко Црвенковски, додека кај претседателот Трајковски постои целосно прескокнување на „сижето“. Текстот носи една нималку наивна теза (во форма на прашалник) дека Глигоров и не бил легитимен во вршењето на функцијата. „Изборот на Глигоров во Парламентот таа 1991 година претставува политички компромис меѓу тогашната победничка партија на парламентарните избори,

Рецензија: Аналитичари: Ароганција на Пендаровски – навреда до гледачите

на 14. 04. 2014 | |
Речиси половина медиуми во земјава во вторникот излегоа со наслови во кои стои дека Пендаровски бил арогантен, во разни варијации. Овој прилог во таа алка се разликува по широчината на „опфатот“, иако, и покрај големата минутажа на ТВ прилогот, самиот наслов и поднасловот не се оправдани. Нема никаква множина од експерти кои би потврдиле дека Пендаровски е арогантен, текстот главно се базира врз цитати на поранешниот претседател Бранко Црвенковски (!) а „гревот“ на Пендаровски е што тој му бил советник. Во прилогот се користат прилики да се уфрлат и коментари на потписничката на прилогот (мешање на жанрови) и одново се вади еден веќе анализиран во Проверка на факти спин – дека кандидатот за претседател на опозицијата можеби би им го

Новинарот не може да биде суден и осудуван ако го брани јавниот интерес

на 11. 04. 2014 | |
 

Примери од Македонија, ама и од Хрватска и Србија, укажуваат на тоа дека судовите повеќе се заинтересирани за интересите на приватните лица отколку за новинарските истражувачки стории.

  Пишува: Љубомир Костовски   Во екот на претседателската кампања кандидатот Стево Пендаровски напомена дека ако биде избран, тој ќе го аболира новинарот Томислав Кежаровски во рамките на своите уставни надлежности. Познат е, секако, овој случај кога наш колега пишува текст за

Рецензија: Испочитувани изборните рокови

на 9. 04. 2014 | |
„Измените на Изборниот законик од јануари претставуваат напор да се одговори на најголем дел од препораките. Сепак, голем број прашања што предизвикуваат загриженост остануваат неодговорени, вклучувајќи го и прашањето за нееднаквост на гласовите од гласањето во земјата и во странство, нееднаквост на мандатите на парламентарните избори во странство, и условот за обезбедување најмалку 40 отсто излезност во вториот круг на претседателските избори, оцени вчера набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во својот периодичен извештај од мониторирањето на изборниот процес“. Тоа е воведот и речиси крајот од веста за извештајот на оваа значајна набљудувачка мисија за изборите што ни претстојат. Веста има по една реченица за одделните забелешки, иако тие се многу подетално елаборирани и тоа со забелешки што одат и на сметка

Рецензија: Аналитичари: Пендаровски да го каже ставот за името

на 3. 04. 2014 | |
„Последен час е за Пендаровски да се изјасни која е неговата позиција за името, но и да се изјасни што тој мисли за пишувањата на медиумите во Атина. По вчерашните анализи на грчките весници за позициите на кандидатите за шеф на државата во однос на името, аналитичарите велат дека пораките кои ги праќаат СДСМ и Пендаровски наспроти оние од Иванов се далеку поприфатливи за јужниот сосед. Според нив ставот на актуелниот претседател и кандидат за уште еден мандат им е кристално јасен и на Грците – дека нема да прифати компромис кој што ќе го загрози македонскиот идентитет”. Ова е вовед во прилогот со кој практично се прави „ехо“ на говорот на премиерот Груевски во екот на претседателската кампања. Груевски

Без ТВ дуели за претседател ќе ги бираме партиите, место кандидатите

на 2. 04. 2014 | |

Немањето вистински дуел и коректен однос кон обврската за информирање на јавноста е една форма на поигрување со медиумите, а често и одраз на фактот дека поголем дел од нив се контролирани.

  Пишува: Љубомир Костовски   Гласачите на априлските двојни избори нема да видат телевизиска дебата меѓу главните протагонисти на политичкиот мегдан. Тоа речиси сигурно важи за претседателските избори, каде кампањата е отпочната, а многу е веројатно е дека,

Претплатете се за најнови вести