verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Рецензија: Аналитичари: Нема ништо лошо ако Македонија стане даночен рај!

на 25. 07. 2014 | |
Ако Македонија стане зона на оф-шор банкарство, кај нас би се отвориле нови работни места за правници и економисти, сметководители и слични професии кои би давале услуги на тој сектор. Значи со предлогот на Владата низ уставни измени да се формираат слободни економски зони, се вели во овој напис, кој се повикува на аналитичари, со што во голема мерка би се решил проблемот со прекубројните кадри од економските правните факултети. И уште во стартот ве удира шок – дали сме ние првите или можеби десеттите во светот кои без реперкусии сме се соочиле со некакво „еурека“ во атарот на финансиската власт, која во рамките на своите активности се сеќава на уште едно спасоносно решение за нашата економија без да се

Рецензија: Тодоров преку јапонската „кајзен“ метода ќе ја анализира Очната клиника

на 22. 07. 2014 | |
Секако дека пациентите се заинтересирани да влезат во простори каде има систем кој функционира и каде, пред сѐ, ќе добијат квалитетна и што понавремена услуга, во случајот за својот вид. Но дали тие очекувања имаат врска со методата која ја наведува министерот (јапонската кајзен метода) ? Линк до оригиналниот напис: Тодоров преку јапонската „кајзен“ метода ќе ја анализира Очната клиника Датум и време на објавување: 20.07.2014, 16:26 Датум на рецензирање:21.07.2014 Рецензент:Љубомир Костовски
„Тодоров преку јапонската ’кајзен’ метода ќе ја анализира Очната клиника
Како функционира системот за плаќање по успешност на скопската офталмолошка клиника, односно дали внесените податоци се совпаѓаат со сработеното ќе проверува министерот за здравство Никола Тодоров. Тој заедно со тим од стручни соработници од утре во следните 5

Рецензија: Матурантите повеќе знаат странски јазици отколку мајчиниот

на 18. 07. 2014 | |
Прес конференцијата на министерот за образование, Абдулаќим Адеми, за резултатите од државната матура беше предмет на известување од речиси сите дневни медиуми во земјата, при што дел од нив се обидоа да го стават акцентот на информациите на министерот врз посебни делови или посебни сознанија. Линк до оригиналниот напис: Матурантите повеќе знаат странски јазици отколку мајчиниот Датум и време на објавување: 15.07.2014, 18:52 Датум на рецензирање: 15.07.2014 Рецензент:Љубомир Костовски „Матурантите имаат поголемо познавање на странските јазици отколку на мајчиниот покажаа резултатите од државната матура. Просечната oцена по мајчин јазик е 2,99, за странски 3,34. Државна матура во земјава се реализира по седми пат, полагаа повеќе од 18 илјади матуранти, а просечната оцена од постигањата е 3,11“. Преку коментаторски поставениот наслов

Рецензија: ШТО НАПРАВИ: Овчар каменувал воз – прочитајте детали

на 15. 07. 2014 | |
Обично летната шема на медиумите е преполна со обиди да се најдат вести и онаму каде ги нема или каде веста не ги задоволува критериумите што би ја правеле сигурна и потпрена на уверливи извори. Некогаш тие вести се нарекуваа „ајкули –убијци“, бидејќи весниците, а подоцна и другите медиуми јавуваа за настани за кои би нашле публика, пред сѐ, среде летувалците и нив би ги привлекол – стравот, како елементарен двигател на интересот на секој човек. Овде е објавен текст кој е поврзан со летото преку патувањето со воз, превозно средство што би требало во овие месеци да се користи почесто, но кое може како патник да ве доведе до непријатна ситуација – да бидете каменувани! Ќе мора да се

Рецензија: Фирмите не се откажуваат ни кога побаруваат 50 денари

на 9. 07. 2014 | |
Иако е навидум јавен и лесно измерлив, ефектот на блокираните сметки на граѓаните и фирмите од страна на извршителите е многу ретко присутен во медиумните, особено пишуваните. А, бројките се страшни. Според најновата евиденција на Народна банка, блокирани се над 120.000 сметки на граѓани и згора на повеќе од 44.000 депоненти. Објавената анализа на оваа тема е од искусна новинарка, кога се економските теми во прашање, којa не само што дава слика на состојбите, туку и нуди извесни решенија и постапки кои ова „должничко ропство“ би го свеле на подносливи врамки. Впрочем, се работи за долгови кои во просек изнесуваат околу 20.000 денари, а на крајот излегуваат како долг, со сите казнени „надградувања“, одново во просек, околу 100.000 денари! Има

Рецензија: Бугарските медиуми критикуваат а Софија одбила помош за поплавите

на 8. 07. 2014 | |
Поплавите во Бугарија беа повод одново да видиме каков неред се создава кога место комплетна информација на некоја тема, во случајот со хипотетичката помош на земјава на постраданите подрачја на Бугарија, медиумите плетат цела „опашка“ од полуточни вести, преземјаќи ги потоа едни од други, од кои во крајна линија ништо не може да се разбере, а уште помалку да се цитира како извор на сознанија. Линк до оригиналниот напис: Бугарските медиуми критикуваат а Софија одбила помош за поплавите Датум и време на објавување: 24.06.2014, 18:05 Датум на рецензирање:07.07.2014 Рецензент: Љубомир Костовски „Дел од бугарските медиуми пишуваа дека веста за природната катастрофа во Бугарија не била соодветно третирана од нивниот западен сосед. Воедно, се наведува и дека очекувале од граѓаните на

Рецензија: Запленетата јахта на Трифун Kостовски денес лови шверцери кај Радожда

на 2. 07. 2014 | | sq
Насловот ја содржи клучната информација, или главната вест. Тој мора да биде информативен, експресивен и економичен. Ова нешто не е непознато за новинарите, а го имаме како тема и во една наша новинарска лекција на колегата Писарев. Во овој текст, кој може и да се смета за еден вид на репортерски запис од терен, од една полициска станица на брегот на Охридското езеро, токму насловот е она што најпрвин фаќа за окото. Но, таа перцепција не се потврдува како гореспоменатото правило за тоа што треба да претставува насловот, не наоѓа потврда во самиот напис, бидејќи, предметната опсервација „одземената јахта на Трифун Костовски“ има токму толку простор подолу, една полуреченица, не наоѓајќи ја логичната врска за „гостување“ во најавата! Линк до

Границите на дозволеното: од чаевите на Баба Рада до Њу Ејџ концепцијата

на 1. 07. 2014 | |
 

Популарноста на емисиите за билкарството одделни продуценти како да сакаат да го збогатат со „њу ејџ“ номенклатура на феномени. Тоа кај нас не е регулирано подрачје за квалификувана програмска опсервација, па станува отворен пазар на атракции

  Пишува: Љубомир Костовски   Нема сомнение дека емисијата за лековитите билки на водителката Рада Бошковска (69), која се емитува секој работен ден во ударниот попладневен термин во работни денови на програмата на

Рецензија: Алфа екслузивно ви го претставува новиот изглед на Плаошник

на 24. 06. 2014 | |
Прилогот за комплетниот изглед на идниот верски центар на охридски Плаошник веднаш по прикажувањето наиде на голем одзив во стручната јавност. Преку него се доби еден подетален преглед со кој пред јавноста се претставува, како што се вели „едно од најголемите духовни и интелектуални светилиштa…кое станува културен и научен центар“. За ова имаше одгласи и од архитекти и од стручни лица загрижени за чување на културното наследство, што, за жал, помина без било каква регистрација во посочениот прилог, со што јавноста, која има право да знае сѐ што е релеватно за тој „светиклиментов центар“ останува скусена за битните сегменти од многустраните поместувања на проектните и градежни опстојности на проектот. Линк до оригиналниот напис: Алфа екслузивно ви го претставува новиот изглед

Рецензија: Апанажата, моралот и етиката

на 20. 06. 2014 | |
Барањето на некогашни пратеници во Собранието на РМ да земаат апанажа во законски дозволениот рок, по завршувањето на нивниот мандат, со вонредните парламентарни избори стана актуелно заради тоа што на списокот ќе се најдат лица кои повикуваат на бојкот на Парламентот. За тоа проговорија познати лица од редовите на власта, па дури и премиерот најде повод да го искоментира тој чин. Телма посвети на оваa тема специјален прилог во кој од пристојна далечина од поединечните судбини и политички величини успеа, се чини, да направи непристрасна анализа, во која се вклучени сите димензии на случајот – и правните и етичките, пред сѐ.
Линк до оригиналниот напис: Апанажата, моралот и етиката Датум и време на објавување: 16.06.2014 Датум на рецензирање: 17.06.2014 Рецензент:

Претплатете се за најнови вести