verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Фирмите не се откажуваат ни кога побаруваат 50 денари

on 9 - 07 - 2014       

FireShot Screen Capture #300 - ljubomir izvrsiteli-crop-resize

Иако е навидум јавен и лесно измерлив, ефектот на блокираните сметки на граѓаните и фирмите од страна на извршителите е многу ретко присутен во медиумните, особено пишуваните. А, бројките се страшни. Според најновата евиденција на Народна банка, блокирани се над 120.000 сметки на граѓани и згора на повеќе од 44.000 депоненти.

Објавената анализа на оваа тема е од искусна новинарка, кога се економските теми во прашање, којa не само што дава слика на состојбите, туку и нуди извесни решенија и постапки кои ова „должничко ропство“ би го свеле на подносливи врамки. Впрочем, се работи за долгови кои во просек изнесуваат околу 20.000 денари, а на крајот излегуваат како долг, со сите казнени „надградувања“, одново во просек, околу 100.000 денари! Има во текстот конкретен пример на граѓанка која за долг од 30 денари денес треба да плати 30.000 денари или илјада пати повеќе!

FireShot Screen Capture #300 - ljubomir izvrsiteliЛинк до оригиналниот напис: Фирмите не се откажуваат ни кога побаруваат 50 денари

Датум и време на објавување:07.07.2014

Датум на рецензирање: 08.07.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

„Извршителите сметаат дека граѓаните треба да се растоварат од долговите стари деценија и повеќе со отпис на каматите или нивна пресметка од денот на извршувањето и иницираат вонсудска наплата која би чинела 200 до 300 денари. Да се најде решение за долговите на граѓаните кои доаѓаат за наплата по неколку години, деценија или повеќе, напумпани со камати, нотарски, адвокатски, судски и извршителски трошоци, предлагаат извршителите. Исто така, тие заговараат и вонсудска наплата на долговите, со што драстично би се намалиле трошоците на должникот во однос на присилната наплата“ – се вели во воведот на написот.

Авторката има подолг разговор со претседателот на Комората на извершителите, но и со повеќе „жртви“ на оваа масовна блокада на жиро сметките. Слушајќи ги нивните искуства, но и предлози од кои се филтрираат оние кои се и правно издржливи.

Иако задача на новинарите, секако, не е да бидат разрешувачи на кризата, овој пат должничката, добро е што стануваат мост меѓу маката и лекот!

Добрто е и што овој текст, не само што содржи и предлози за надминување на должничката криза генерално, туку има и совети како граѓаните доложниици да постапуваат кога наплатата на долгот ќе започне. Целта е  да се намалкат трошоците кои им следуваат, додека процесот е во од, што е од непроценлива важност за оние читатели кои си имаат мака, а гледаме дека ги им а многу!

Текст што секако заслужува пофалба и кој е еден професионален придонес во задоволување на гладта на опсерверите на стварноста по вистински информации во вистинско време.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести