Рецензија: ШТО НАПРАВИ: Овчар каменувал воз – прочитајте детали
Објавено во Рецензии
on 15 - 07 - 2014 Автор: Љубомир КостовскиОбично летната шема на медиумите е преполна со обиди да се најдат вести и онаму каде ги нема или каде веста не ги задоволува критериумите што би ја правеле сигурна и потпрена на уверливи извори. Некогаш тие вести се нарекуваа „ајкули –убијци“, бидејќи весниците, а подоцна и другите медиуми јавуваа за настани за кои би нашле публика, пред сѐ, среде летувалците и нив би ги привлекол – стравот, како елементарен двигател на интересот на секој човек.
Овде е објавен текст кој е поврзан со летото преку патувањето со воз, превозно средство што би требало во овие месеци да се користи почесто, но кое може како патник да ве доведе до непријатна ситуација – да бидете каменувани! Ќе мора да се признае – непријатна ситуација. Стравот кај патникот се буди.
Линк до оригиналниот напис: ШТО НАПРАВИ: Овчар каменувал воз – прочитајте детали
Датум и време на објавување: 06.07. 2014, 13:50
Датум на рецензирање: 14.07.2014
Рецензент: Љубомир Костовски
„На 05.07 2014 година околу 19,45 часот на делот од пругата помеѓу ж.с. Куманово и ж.с. Табановци од страна на лице (овчар кој напасувал стока покрај пругата) извршено е каменување на патничкиот воз кој сообраќа на релација Скопје-Табановце. Од извршеното каменување нема скршено стакло или повредени патници, но била загрозена безбедноста на железничкиот сообраќај“.
Ова, инаку, не е цитат од текстот, туку целосната вест, која е доста куса, речиси невообичаена за вниманието кое сака да го предизвика. Таквата „распосланост“ на неколку редови се должи на непостоењето на извори на кои се засновува, па како да се сакало само да се добие „клик“, односно некаков интерес во замена за – речиси никаква релевантна содржина?!
Во оваа вест се знае дека се работи за патнички воз, кој меѓу станиците Куманово и Табановце (релација која се минува за 20-тина минути и која секако можела да биде попрецизна) некој овчар ја загрозил безбедноста на сообраќајот! Нема податок кој ја дава информацијата или од кого медиумот го прима или осознава! Не е јасно кој вели дека се работи за овчар! Потоа, нема сознание што е сторено по тоа прашање и како се загрозува безбедноста ако нема штета – односно би требало да има малку „штоф“ во таа приказна со детали.
Една целосно шуплива вест го бара својот летен читател. Настрана што има наслов кој ниту граматички, ниту смисловно не најјасен, но затоа е долг колку веста. Ниту фотографијата – дел од полициски автомобил не разјаснува ништо: има ли полицијата некаква врска со веста?
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
непознати извори не може да бидат ниту пристрасни
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
Не може да се утврди
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
асловот е комплетно нејасен
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
не може да се поврзе со текстот
манипулира
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
нечитлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови