verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Заев ги стискаше палците за Бразил, а Груевски за Германија

on 15 - 07 - 2014       

22-09876-098-crop-resize

 

Алузија за нечија непогрешливост направена преку апсолутно несоодветна компарација на глобален спортски настан со домашни политички случувања. Затоа, наместо симпатичeн телевизски прилог, коj би ја развеселил публиката во екот на кулминацијата на мундијалот, со тоа што некако би ги „очовечил“ врвните македонски носители на политички одлуки како луѓе кои понекогаш знаат да ја баталат политичката за сметка на фудбалската топка, се добило некаков си спортско-партиски хибрид во кој јасно се величи еден за сметка на друг политичар. Секако, не изненадува што глорифицирањето оди на сметка на главниот во владејачката постава. Би можело да се каже дека имаме пример на производ со изгубен новинарски компас.

2Линк до оригиналниот напис: Заев ги стискаше палците за Бразил, а Груевски за Германија

Датум и време на објавување: 09.07.2014, 18:10

Датум на рецензирање: 14.07.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ДЕНОТ ПО УТРОТО СЕ ПОЗНАВА

Ниту е политички, а уште помалку спортски извештај. Тоа што го имаме в раце е невешт обид на јавноста да ѝ се пренесе дека тие, или поточно ТОЈ што управува со земјава не само што е убедлив победник на политичкото поле, туку е ептен, ептен поарен од директниот конкурент и во, со речник од обложувалниците кажано, „типувањето“ кој ќе го земе пехарот на Светското првенство во фудбал во Бразил. Не спориме дека човекот подобро проценил кој би можел да биде новиот шампион, туку начинот на кој тоа ни е пренесено во текстов.

„Груевски со историски триумф над Заев. Лидерот на опозицијата елиминиран.  На стартот на мунидјалот Алфа ги праша политичарите за која репрезентација навиваат и типуваат. Според нивните одговори синоќешното мундијалско полуфинале слободно може да се нарече и лидерско.

Првиот човек на опозицијата ги стискаше палците за Бразил, а претседателот на македонската влада за Германија“.

Јасно е дека со ваквото отворање написот од старт ги губи сите шанси да биде доживеан како „лесно, летно“ материјалче пригодно за горештините и полабавата атмосфера во која доминира Мундијалот. Неизбежен е впечатокот на политичка некоректност и пристрасност, која, како по лошо јадење, остава блуткав вкус во устата. По овие први два пасуси излишно е да се чита натамошната содржина, која донекаде е коректна, бидејќи нели, како што рекол народот, денот по утрото се познава. Имало неброени начини како да се каже дека едниот политичар погодил, а другиот утнал, а тоа да биде новинарски прифатливо, интересно, но и воедно недодворувачки. Но, тоа се работи кои теоретски се учат во училиште и на факултет, а дополнително практично се брусат со години пишувачка работа во вистинска новинарска редакција. Колку и да изгледаат едноставни ваквите „лесни“ текстови, сепак, бараат сериозна ангажираност, стил на пишување, давање „шмек“ на производот и, просто кажано, чувство за „китење“ на написот. Овде тоа го немаме. Поточно, имаме целосно отсуство на претходно споменатите карактеристики.

 

НЕОБЈЕКТИВЕН ПРИКАЗ НА РЕАЛНА СИТУАЦИЈА

Наместо тоа, имаме необјективно изнафален приказ на објективно реална ситуација во кој доминираат „добрите спортско-прогнозерски“ особини на власта наспроти првиот човек на опозицијата. Работава е, демек нивната/неговата проценка не само што е најдобра за земјава, туку и ги надминува нејзините граници. Непотребното и изнасилено фалбаџиство, кое го има во написот, не го намалува фактот дека станува збор за оригинал во кој, сепак, бил вложен некаков труд. Дополнително може да се забележи дека материјалот нема доволно „телевизичност“ во себе, а е телевизиски извештај, и премногу е статичен, без елементи на некакво „видео-разигрување“, кое треба да биде составен дел од вакви производи, како на пример, еден стенд ап кој би можел да претставува некаков мост меѓу првиот и вториот дел од текстот. Вака, се добива впечаток на „накалемен“ спортски сегмент на во основа политичка приказна или хибрид без добар почеток и со не особено квалитетен крај.

Сѐ на сѐ, може да се сумира дека се имало една новинарска идеја, во суштина замисла во ред, која не добила соодветна реализација.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

донекаде

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

и да и не

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

делумно

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести