verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Аналитичари: Нема ништо лошо ако Македонија стане даночен рај!

on 25 - 07 - 2014       

Analiticari_nisto_loso_raj-crop-resize

Ако Македонија стане зона на оф-шор банкарство, кај нас би се отвориле нови работни места за правници и економисти, сметководители и слични професии кои би давале услуги на тој сектор. Значи со предлогот на Владата низ уставни измени да се формираат слободни економски зони, се вели во овој напис, кој се повикува на аналитичари, со што во голема мерка би се решил проблемот со прекубројните кадри од економските правните факултети. И уште во стартот ве удира шок – дали сме ние првите или можеби десеттите во светот кои без реперкусии сме се соочиле со некакво „еурека“ во атарот на финансиската власт, која во рамките на своите активности се сеќава на уште едно спасоносно решение за нашата економија без да се наруши рејтингот на македонската економија во светски рамки.

Analiticari_nisto_loso_rajЛинк до оригиналниот напис: Аналитичари: Нема ништо лошо ако Македонија стане даночен рај!

Датум и време на објавување: 17.07.2014 10:10

Датум на рецензирање: 24.07.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

„И покрај тоа што за овој предлог, за кој во Собранието деновиве се дискутираше, се уште нема доволно детали, финансиски аналитичари со меѓународно искуство за Телеграф велат дека идејата е позитивна“.

Медиумот при тоа се повикува на мислењето на Џон Јоновски, финансиски аналитичар, кој во Македонија гледа даночна оаза (во превод – парите што влегуваат и нивниот обрт не би се оданочувал, а месното граѓанство ќе дава само услуги). Јоновски беше првото име, со Тео Вајгел, што тимот на Груевски го повика во 2006 да му помага со совети на Владата, пред сѐ, во привлекување на странски инвестиции. Не е јасно зошто тој тим тогаш не предложи ваква спасоносна идеја!? Напротив, тој спасот го гледаше во легалниот бизнис – туризмот, текстилот и органската храна (види тука). Јоновски беше и советник на Бучковски во периодот 2005-2006 . Тој во овој текст се залага Македонија да го следи кипарскиот пример, а не оној софистицираниот кој го спомна и премиерот!

Но, како екссовентик во неколку влади Јоновски треба да знае дека една од опасностите со кои се соочуваат земјите во развој и транзиција е, покрај класичните слабости за странските инвеститори, токму оф шор работењето и перењето на парите и тоа е влезено во основната азбука на економската наука (види на пример тука).

Впрочем, кипарскиот пример со оф-шор банкаството покажа дека земјите кои го имаат не се имуни од банкротства. Во тој контекст, Австрија потегна иницијатива за борба против британскиот систем – до кој се држи нашиот премиер – како недозволив за Унијата(!). На оваа иницијатива, секако, ЕУ ќе мора да одговори соодветно ако сака да има заеднички основи на водењето на економијата (види тука).

Вториот аналитичар, повикан од медиумот, директорот на КБ Публикум инвест, Горан Марковски, се оградува од можните констатации за предлогот, бидејќи никој не го видел законскиот текст, иако гледа позитивно на сѐ што ќе значи вработување во земјава.

Текстот накусо се осврнува на противењето на пратеникот Павле Трајанов на иницијативата со зборовите и дека оваа иницијатива ќе значи милошевизација на капиталот во земјата, по примерот на релациите Белград – Никозија.

Со едно цело мислење како поддршка, едно воздржано и едно против (ама редуцирано) доаѓаме до констатација дека идејата на двоецот Груевски–Ставревски е добра и дури можеби спасоносна за нашата економија, без најпрвин да им се објасни на читателите во неколку основни поими што е тоа оф-шор банкарство, потоа да се провери дали ние не сме потписници на некои меѓународни протоколи кои значат борба против ваквите „оази“, каков е потоа предметот на работа на Агенцијата за борба против перење на пари кај нас, освен ако таа не била формирана формално (што можеби не го сфатил сега уапсениот поранешен директор на истата Ване Цветанов!).

Ќе посочиме само еден текст, вистинска анализа на оваа тема каде проф. Узуновски се прашува дали тоа ние правиме „финансиска зона или финансиска депонија“? Ова чисто само како доказ дека текстот како да имал само за цел да обезбеди „јавно мислење“ во корист на идеја за која тешко дека некој политичар од сериозна држава би се јавил со јавна поддршка.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

многу повеќе за едната страна

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести