verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Штрајковите и протестите се можни само во демократски услови

на 6. 10. 2014 | |
 

На актуелната власт не ѝ недостасува искуство во провоцирањето на незадоволство кај народот и затоа се плаши некој да не ја „копира“. Притоа, заборава дека незадоволството произлегува од резултатите на владеењето и на чувството во јавноста дека се скратуваат многу демократски придобивки

  Пишува: Љубомир Костовски   Дали нашиот народ нема традиција преку штрајкови и протести да се избори за некои свои права или слободи кои смета дека му

Рецензија: Македонец меѓу повлијателните научници во ЦЕРН

на 2. 10. 2014 | |
Неодамна беше одбележан 60-тиот роденден на најзначајната научна институција во Европа – ЦЕРН, сместен во близина на Женева. Иако за ЦЕРН секогаш има што да се говори и пишува, само во овој текст е одбележан роденденот и тоа на најдобар начин – преку разговор со нашиот најистакнат претставник онаму каде „потешко се влегува отколку во НАТО и ЕУ“, како што ќе рече во далечната 2006 година соговорникот д-р Златко Димчовски. Покрај тоа, написот е покриен и со многу други факти – за самот ЦЕРН, други Македонци таму, за она што научниците ги држи на собир таму… Линк до оригиналниот напис: Македонец меѓу повлијателните научници во ЦЕРН
Датум и време на објавување: 29.09.2014
Датум на рецензирање: 30.09.2014
Рецензент: Љубомир Костовски
„ЦЕРН

Рецензија: Кампањата за безбедност во сообраќајот ја намали бројката на прекршоци

на 29. 09. 2014 | |
Во време кога оној кој ги води официјалните политики е опкружен со многу советници и извршители од областа на пропагандата, не е чудно некои од нив да се судираат во своите содржини и да се спротивставуваат во „сознанијата“ и наводните факти до кои се држат. Оваа телевизијата неодамна објави пофалба за кампањата за безбедност која подолго време, барем три-четири месеци наназад ја спроведува министерката Јанкуловска, главно преку ноќно делење на летоци со своевидни „опомени“ на возачите или укажувања како треба да се управува со моторно возило. И овој прилог треба да докаже дека токму нејзиниот приод кон сообраќајната култура дава резултат и директно влијаел на намалување на бројот на прекршоците. Од друга страна, сведоци сме на написи кои говорат дека

Рецензија: Се кастрат платите во регионот, во Македонија се покачуваат!

на 23. 09. 2014 | |
Непосредно после објавувањето на премиерот Груевски дека платите на јавната администрација ќе имаат предвиден пораст од октомври, поголем дел од медиумите, како под некаква диригентска палка објавија споредба со земјите во регионот и не без гордост забележаа дека ние „грабиме напред“ додека целиот Балкан стагнира и тоа, нели, треба да се види и низ скокот на платите. Основна мана на овој приод е содржан во фактот дека платите се зголемуваат само кај јавната администрација, а дека кај другите вработени (особено во приватниот сектор) платите стагнираат или одат надолу. Потоа, не се прави споредба со скокот на цените на производите во земјата и, конечно, не се кажува на каква тоа реална основа имаме зголемување на платите во тој сектор? Линк до

Рецензија: „До балчак“ доби 3 милиони евра, а должен е 800.000 евра

на 23. 09. 2014 | |
Расправата околу долговите што ги остави зад себе најскапиот досега снимен македонски игран филм „До балчак“, заедно со аферите на црвениот тепих на Фестивалот Манаки, веројатно наскоро ќе бидат заменети со она што е посуштинско: оценка на уметничките вредности на делото. Сепак, овој прилог привлекува внимание врз основа на обидот на авторките со „проста математика“ да ја испробаат исплатливоста на проектот, макар и хипотетички. На прв поглед ништо посебно, ама што би се рекло – некому би требало да му текне! Линк до оригиналниот напис: „До балчак“ доби 3 милиони евра, а должен е 800.000 евра Датум и време на објавување: 16.09.2014, 17:50 Датум на рецензирање: 21.09.2014 Рецензент: Љубомир Костовски „Задолжената продуцентска куќа „Триангл филм“, која стои зад филмот „До

Рецензија: Во Турција има 6 милиони Македонци!

на 18. 09. 2014 | | sq
Македонија е земја во која никако да се изведе попис на населението, практично од нејзиното осамостојување. Имаше контроверзи и околу пописот пред 12 и нешто години и обвинувања дека заврши со политички договор, а оној вториот, од 2011 година не се доврши и се смета за неуспешен. Но, ако не можеме да ги изброиме Македонците во земјава, лесно ги броиме Македонците во другите земји. Одамна – уште од 70-тите години на минатиот век , во „усно предание“ кружи бројката дека не има 5 милиони и тоа во прекуокеанските земји (Австралија, Канада, САД) и таа бројка некако си опстојува во митовите на „каузата“. Сега, овој текст говори за нови пет милиони, кои ги сместува во Турција, со индикативен наднаслов „Колку

„Пад“ на астероид за гледаност по секоја цена

на 15. 09. 2014 | |
 

Канал 5 се обиде да го примени трикот на Орсон Велс со неговата радио драма за Марсовците, најавувајќи огромен астероид кој оди кон Земјата, додека НАСА е во „паника“

  Пишува: Љубомир Костовски   Во попладневневните часови во петокот (12 септември), додека на Канал 5 одеа турските серии, се појави кајрон кој веројатно ги загрижи сите оние кои имаа концентрација да ги тргнат очите од дејствието на ТВ новелите.

Рецензија: Како ја трошат пензијата познатите политичари?

на 12. 09. 2014 | | sq
Понекогаш македонските медиуми наликуваат на оние автомати за безбол топчиња, кои еден ист „производ“ го исфрлаат на сите страни. Празничните изданија, оние од 8 Септември, на порталите и телевизиите со многу мали исклучоци и со дребни измени кај насловот и должината на текстот, пренесоа содржина преземена од исто место, а која се однесува на тоа што прават политичарите кај нас кога се во пензија и се прави некаков обид тие да се споредуваат со големите имиња од светската политика. Нејасна цел, лоши споредби, преполни со незнаења (или едноставно спин) за функциите и начините на кои се наплатуваат услугите во современата политика, а, згора на тоа, пак, се прави споредба само со еден вистински политичар-пензионер! Малку за множина и сосема недоволно

Рецензија: Ужас: рачна бомба во основно училиште

на 3. 09. 2014 | | sq
На првиот училишен ден, веројатно кога сите родители кои имаат школски деца се преокупирани со новата учебна година, поставена е оваа вест која треба да ги „расони“, односно да им го привлече вниманието токму со шокот кој е исклучиво врзан за денот на објавувањето. Кога таа вест би била објавена подоцна или порано, не би предизвикала толкаво внимание, а дури и во самата Србија, од чии медиуми е преземена, по проверката се гледа дека таа ни одблизу немала таков третман како кај нас?! Линк до оригиналниот напис: Ужас: рачна бомба во основно училиште Датум и време на објавување: 01.09.2014 12:15 Датум на рецензирање: 02.09.2014 Рецензент: Љубомир Костовски „На првиот училишен ден во селото Брезна, Горно Милановце во Србија е пронајдена

Запинг: невротичниот гледач и продуцентот во паника

на 2. 09. 2014 | |
 

Како да реагира новинарот или уредникот кога се соочува со гледач кој има „изобилие“ од програми? Кога треба да му „продаде“ свој производ на така наострен неуротик, постојано на работ на трпението? А такви неуротици сме речиси сите ние кога седнуваме пред тв екранот, иако сме претходно просто „заситени“ од информации!

  Пишува: Љубомир Костовски   Терминот запинг се појавува во 90-тите години во САД. Со него психолозите ja

Претплатете се за најнови вести