verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Рецензија: ИГЕНЕА тврди според ДНК анализите Македонците слични со Србите и Грците

на 1. 09. 2014 | |
Истражувањето на швајцарскиот институт ИГЕНЕА за генетското потекло на народите малку-малку па ќе изнедри серија на прилози и текстови по македонските медиуми. За тоа е пишувано и порано (како пример да наведеме еден текст од 2009 година). Ваквите написи будат, пред сѐ, скепса во однос на веродостојноста и воопшто можноста да се утврдат корените на било која нација, но, се чини дека поплавата на текстови од истражување, кое е старо речиси десет години, е како еден вид на вирусна инфекција која нѐ зафаќа барем неколку пати годишно. Линк до оригиналниот напис: ИГЕНЕА тврди според ДНК анализите Македонците слични со Србите и Грците Датум и време на објавување: 26.08.2014 Датум на рецензирање: 30.08.2014 Рецензент: Љубомир Костовски „Швајцарскиот институт ИГЕНЕА над десет

Рецензија: Србија ѝ рече не на ЕУ, Македонија нема став

на 27. 08. 2014 | |
На навистина ударно место е сместен овој напис за односот кон ембарго-војната меѓу ЕУ и Русија. Со насловот и со пристапот се подвлекува дека нашиот северен сосед имал „машки став“ кон Брисел и одлучил да се омасти, ако може, од ембаргото кое Москва го вовела кон увозот на храна од земјите на Унијата. Таквиот став, пред сѐ, не е точен, бидејќи Унијата е задоволна од одговорот на Белград кон нејзините барања, потоа не го зема предвид нашиот никаков извоз и досега во Русија и скромните ресурси кои од наша страна кој знае и дали воопшто бараат „став“ по ова прашање. Линк до оригиналниот напис: Србија ѝ рече не на ЕУ, Македонија нема став Датум и време на објавување: 23.08.2014, 06:56

Рецензија: И за средношколките е подобро на сиромашниот југ

на 26. 08. 2014 | | en
Ова е втор текст со многу сличен наднаслов и повод од ист медиум во период од месец дена. Се работи за обработка на податоци од северот на Европа за силувањето на понежниот пол, односно за сексуалното вознемирување на малолетничките. За вистинитоста на изнесената содржина за Шведска принципелно немаме сомнение, иако фали барем уште некој извор (со оглед дека не се работи за класично интервју со давателот на сознанија). Но, крајно е сомнителен начинот на кој тие сознанија се поврзуваат со состојбите во Македонија. Цел – да се добие впечаток дека кај нас е побезбедно и да се упати порака, која колку и да е невтемелена: немојте да заминувате накај Шведска, особено не со понежниот пол во ваша придружба.
Заради нападите

Рецензија: Плоштадот Македонија меѓу петте најдобри во светот

на 21. 08. 2014 | |
Постојаната потрага по текстови кои изнесуваат било какви позитивни впечатоци за земјава, ни донесоа и вест за еден прилог во странски он-лајн туристички магазин за Плоштадот Македонија. Таа вест доживеа објавувања и преобјавувања во речиси сите медиуми во земјата, но сите со наслови кои сугерираа сосема поинаков впечаток отколку што самиот прилог навистина им го нуди на читателите. Линк до оригиналниот напис: Плоштадот Македонија меѓу петте најдобри во светот Датум и време на објавување: 14.08.2014, 17:57 Датум на рецензирање: 19.08.2014 Рецензент: Љубомир Костовски „Плоштадот Македонија, еден од најатрактивните пет во светот. Во репортажата на американсиот интеренет сајт – Travel puls, со наслов ’Петте градски плоштади кои морате да ги видите, за да ги доживеетe’, страница на која може да се

Рецензија: Во Рио де Жанеиро се родило бебе на чии раце пишувало Исус се враќа

на 18. 08. 2014 | |
На многу луѓе им е мака да гледаат по втор пат ист филм. Некои не можеш да ги натераш по втор пат да читаат ист роман. А да слушнеш бајата вест? И тоа бајаги стара – едно седум години!? Тоа гледачите на оваа вест можеа да го искусат деновиве – сеедно што е стара, дај те ја ваму, си рекле уредниците, иако е еднаш објавена во ноември 2007 година, ама е интересна! Линк до оригиналниот напис: Во Рио де Жанеиро се родило бебе на чии раце пишувало Исус се враќа Датум и време на објавување: 13. 08. 2014, 15:32 Датум на рецензирање: 15.08.2014 Рецензент: Љубомир Костовски „Во предградието Итагуа на бразилскиот град Рио де Жанеиро на 15 јуни 2007 година

Рецензија: Кој ја задушува Старата скопска чаршија?

на 13. 08. 2014 | | sq
Настанот кој се случи за време на викендот во Старата чаршија, а за кој известија практично сите медиуми и за кој долго се дебатираше на социјалните мрежи, наводното демолирање на локалот „Њу Орлеанс“, е предмет на обработка во овој напис. Навидум задоцнетото отворање на тој случај се оправдува низ фактот што текстот не се базира на очевидци и лица кои од втора рака чуле за настанот, туку се обидува на лице место да собере информации. За чудо, тие ја менуваат сликата која кај читателите се вкорени по првите медиумски одеци за настанот. Линк до оригиналниот напис: Кој ја задушува Старата скопска чаршија? Датум и време на објавување: 11.08.2014, 18:58 Датум на рецензирање: 12.08.2014 Рецензент: Љубомир Костовски Ресторанот вчера работеше најнормално.

Рецензии: Лиеж: Премиерот Груевски веднаш позади принцот Вилијам и Кејт Мидлтон

на 8. 08. 2014 | | sq
Иако фотографиите ретко кога во рамките на Проектот за проверка на факти во медиумите биле повод за рецензија, еве и една таква исправка. Причина: присуството на македонскиот премиер Никола Груевски на одбележувањето на почетокот на Првата светска војна во Лиеж, што ги предизвика медиумите да ја издвојат позицијата на македонскиот шеф на Владата во однос на кремот на европските политичари, во распоредот за седење на главната бина во белгискиот град. Премиерот е прикажан како седи „веднаш зад принцовската двојка од Лондон“, што треба да значи, нели, дека Македонија и нејзиното раководство се на висока цена. Дали е тоа вистина? Линк до оригиналниот напис: Лиеж: Премиерот Груевски веднаш позади принцот Вилијам и Кејт Мидлтон Датум и време на објавување: 04.08.2014, 14:29

Политичарите најнапред ни ја продаваат својата приватност, а потоа си ја бараат назад

на 6. 08. 2014 | | sq
 

Политичарите самите ги поместуваат границите на својата приватност кога треба да им се доближат на бирачите: не внесуваат во дневната соба, не повикуваат на веселби и слично. Тие сакаат да остават конкретна слика за себе кај гласачите – одат на берба на грозје, потоа пијат вино кое е направено од таа берба, говорат за своите вкусови… Постои теорија според која секој кој отворил свој Фејсбук профил веќе ја изгубил

Рецензија: Кражбите на охридските плажи намалени петпати

на 5. 08. 2014 | | sq
Во време кога стигнуваат поразителни извештаи од охридското крајбрежје за рапидно намалениот број на туристи (види прилог во неделникот Капитал на таа тема под наслов „Охрид е попразен отколку за време на војната“), овде е објавен напис за намалување на бројот на кражбите. Белким како еден вид на утешна констатација – плажите се празни, ама се безбедни. Линк до оригиналниот напис: Кражбите на охридските плажи намалени петпати Датум и време на објавување: 01.08.2014
Датум на рецензирање: 02.08.2014
Рецензент:  Љубомир Костовски „Разните улични крадци и измамници на кои охридските плажи во летната сезона им е омилено место на работа, годинава останаа со кратки ракави, оти, засиленото присуство на полицијата успешно ги одби речиси сите нивни напади врз паричниците на туристите. Официјалната

Рецензија: Секој мој успех доаѓа од знаењето што го стекнав на универзитетот

на 31. 07. 2014 | | sq
  Во написот во крајно позитивно светло се пишува за Европскиот Универзитет како расадник на квалитетни кадри кои станале успешни менаџери. Ова не е никаков проблем доколку сопственикот на универзитетот не е истото лице кое е и сопственик на весникот во кој е објавен рецензираниов напис. И тоа можеби не би било проблем, доколку јасно се назначеше сопственичката поврзаност меѓу весникот и универзитетот, за читателите да го имаат предвид ваквиот судир на интереси. Но, ни тоа не е сторено. Линк до оригиналниот напис: Секој мој успех доаѓа од знаењето што го стекнав на универзитетот Датум и време на објавување: 26.07.2014 Датум на рецензирање: 29.07.2014 Рецензент: Љубомир Костовски „Игор Ѓуравчевиќ од Скопје е еден од поранешните студенти на економски науки при

Претплатете се за најнови вести