verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Бугарските медиуми критикуваат а Софија одбила помош за поплавите

on 8 - 07 - 2014       

FireShot-Screen-Capture299-0987-098-crop-resize

Поплавите во Бугарија беа повод одново да видиме каков неред се создава кога место комплетна информација на некоја тема, во случајот со хипотетичката помош на земјава на постраданите подрачја на Бугарија, медиумите плетат цела „опашка“ од полуточни вести, преземјаќи ги потоа едни од други, од кои во крајна линија ништо не може да се разбере, а уште помалку да се цитира како извор на сознанија.

FireShot Screen Capture299 - 0987-098Линк до оригиналниот напис: Бугарските медиуми критикуваат а Софија одбила помош за поплавите

Датум и време на објавување: 24.06.2014, 18:05

Датум на рецензирање:07.07.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

„Дел од бугарските медиуми пишуваа дека веста за природната катастрофа во Бугарија не била соодветно третирана од нивниот западен сосед. Воедно, се наведува и дека очекувале од граѓаните на Македонија да покажат хуманост исто како што тоа било со Србија, Црна Гора и Босна. Во поплавите што во петокот го зафатија регионот на Варна настрадаа 14 луѓе и тоа најмногу поради лизгање на земјиште“.

Навистина, можно ли е бугарските медиуми да ни фаќаат кусо за тоа што не сме им помагале? Секако дека е можно, но малку е веројатно дека тој што тоа би барал помош, би се натпреварувал јавно во стилот „ѝ помогнавте на Србија, зошто не ни помагате нам?“

И покрај потрагата по такви вести на бугарските сајтови, тоа не успеавме да го најдеме. Впрочeм, оној кој тврди такво нешто, треба, нели, да укаже на изворот/медиумот. А, тоа го немаме, па се создава „зла крв“ целосно непотребно. Постои еден медиум, кој објавува изјава на претседателот на бугарскиот Црвен крст дека тие ја отповикале помошта од странски и други извори и дека во поплавените подрачја го испратиле потребното.

Во тој контекст секако дилеми има и околу фактот дали Бугарија како земја навистина изјавила дека не ѝ треба помош. Според овој извор (24Вести) посојат сознанија, одново недоволно конкретизирани, дека наводно оваа земја објавила дека не ѝ е потребна помош! Тука, во текстот се споменува и генералниот секретар на нашиот Црвениот крст, Саит Саити, кој вели дека официјалните органи на Бугарија оцениле оти помош не им е потребна и дека самите ќе се справат со проблемот. Но, како што јавува порталот Плусинфо, повикувајќи се на повикот на бугарското Министерство за финансии, таа констатација не е точна! Напротив, Бугарија и официјално побарала помош и дома и од надвор и дала сметки на кои помошта треба да се уплати. Радио Слободна Европа констатираше дека бугарскиот Црвен крст, сепак, собрал 100 илјади евра од донации и дека собирањето на помошта продолжува.

Вистината е, да скусиме, дека на Бугарија ѝ требала помош и таа би била добредојдена. Имало курцшлус на релација меѓу бугарскиот и македонскиот Црвен крст – одново според Плусинфо – ама, се чини, дека бугарското јавно мнение оценува оти помошта не би требало да се одбива и се констатира дека поплавените подрачја и граѓани сѐ уште немаат добиено ништо од никаде.

Една точна информација секако би содржела констатација дека официјална Бугарија во првиот момент побарала помош и потоа истата ја отповикала и дека сето друго е само „украсување“ на произволности, или полувстини, кои можат да нанесат штета на добрососедските односи. А, тоа не смее да биде цел на ниту едно одговорно новинарство.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

соодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести