verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Аналитичари: Ароганција на Пендаровски – навреда до гледачите

on 14 - 04 - 2014       

FireShot-Screen-Capture-002-КАНАЛ-5-Телевизија-www_kanal5_com_mk_vesti_detail_asp_ID36023-crop-resize

Речиси половина медиуми во земјава во вторникот излегоа со наслови во кои стои дека Пендаровски бил арогантен, во разни варијации. Овој прилог во таа алка се разликува по широчината на „опфатот“, иако, и покрај големата минутажа на ТВ прилогот, самиот наслов и поднасловот не се оправдани. Нема никаква множина од експерти кои би потврдиле дека Пендаровски е арогантен, текстот главно се базира врз цитати на поранешниот претседател Бранко Црвенковски (!) а „гревот“ на Пендаровски е што тој му бил советник.

Во прилогот се користат прилики да се уфрлат и коментари на потписничката на прилогот (мешање на жанрови) и одново се вади еден веќе анализиран во Проверка на факти спин – дека кандидатот за претседател на опозицијата можеби би им го „продал“ името на Грците, затоа што има „непрецизен и флексибилен став“ додека Иванов, неговиот главен ко конкурент е јасно поставен дека нема компромис со името.
„Овој тренд на навреди, понижување, деградирање на својот главен политички опонент, а тоа е актуелниот претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, но и кон останатите е одраз на онаа претходна школа која во минатото ја имавме видено од страна на неговиот претходник и ментор г. Бранко Црвенковски, исто така, одраз на елементарната политичка култура, отсуството на идеолошка платформа, отсуство на визија за развој на Република Македонија“ вели политокологот проф. Иванка Додовска.

Аналитичари: Ароганција на Пендаровски – навреда до гледачитеЛинк до оригиналниот напис: Аналитичари: Ароганција на Пендаровски – навреда до гледачите 

 

Датум и време на објавување: 08.04.2014, 15:09

Датум на рецензирање: 09.04.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

Треба веднаш да се истакне дека и неколкукратното проверување на прилогот не изнедри право на користење на плуралот. Најпрвин споменатата Додовска, инаку сопруга на Марјан Додовски, човекот кој се обиде да ја згасне ВМРО НП, не може да најде во своето коментирање ниту еден пример кога Пендаровски лично ги омаловажува своите противници! Ниту од нив, неговите политички противници (Поповски и Халими) има жалби на таков однос, со исклучок на една изјава на Пендаровски во понеделникот во Кисела Вода, за која и некои негови подржувачи му забележуваат. Но, неоправдано е Додовска да говори „за тренд на навреди“.

 

СИНГУЛАР МЕСТО ПЛУРАЛ

Уште повеќе е недопустливо што прилогот уште во првата реченица – низ коментар на авторката – го прави Пендаровски политичар кој продолжува со речникот на Црвенковски, од чиј вокабулар се вадат две изјави од 2011 и 2012 година, кои, се разбира, немаат никаква врска со Пендаровски, дури ниту физичка, бидејќи, неговата функција заврши во кабинетот на Црвенковски во 2009 година.

Која е сега причината за логично-последично поврзување на кажаното кај Црвенковски и она што досега го рекол Пендаровски, освен да се исконструира класичен спин!

Како извор на анализа (одново имаме нели сингулар, а не плурал – немаме аналитичари) споменатата Додовска е релативно нова во провладините медиуми. Таа дури упорно деновиве е „честена“ со титула професор на Правниот факултет (често е присутна последната година на порталот „Курир“), што е просто – неточно! Додовска е доцент и тоа од пред една година, но не е ниту вонреден професор, а не сме сретнале дека некаде се обидела да ги исправи оние кои погрешно ѝ делат научно звање. Понатаму, таа е дел од „колонадата“ на придружници на претседателот Иванов на митинзите. (види овде)

Имаше централно место на настапот на Иванов во Кавадарци, на пример! Користењето како политички аналитичар едноставно не е коректно – таа е политичар кој настапува во една промотивна кампања и секако има право на коментари и анализи, ама со точна титула и со прецизно наведување на нејзината функција. Ова, секако, паѓа на товар на оние новинари кои се потпираат во своите текстови и прилози на споменатата Додовска.

 

ЗАБЕЛЕШКИ НА ОПРЕМАТА

Значи, ако се видат големите тенденциозности во вистинитоста, содржајноста и изворите на прилогот, мора да се стават забелешки и на опремата.

Насловот, кого го споменавме, освен што ја нема наведената множина (аналитичари) и што не докажува дека Пендаровски е арогантен, туку и додава дека тој е навреда за гледачите со што директно се поставува произволен линк со масата гледачи, кои не мора да се однесуваат или да го примаат реченото од Пендаровски, уште помалку од Црвенковски како нешто „навредливо“, туку можеби и како вистинито. Дури и произволна анкета би била неопходна (не се сомневаме дека можеби ќе бидат најдени вистинските лица за анкета) за еден ТВ прилог да може да тврди дека нешто му се допаѓа или не на народот.

Фотографијата која е користена на веб сајтот, исто така, го покажува Пендаровски како некој кој е таинствен и оттаму можеби не таков „како што изгледа“. Иако и тука претседателскиот кандидат не изгледа многу поинаку од претставата која јавноста ја има за него, а за која ќе мора да се најде еден сосема нов наслов.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести