verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Ароганција, навреди и потценување на сите кандидати – Се вади ли Пендаровски за катастрофалниот настап на дебатата?

on 14 - 04 - 2014       

24-098709870987-00-crop-resize

Лошо – тоа без каква било грижа на совест може да се каже за овој текст. Слабата оценка, прашање е дали воопшто може така да се нарече, е заслужена поради неколку работи: спин, извртување ставови, отсуство на извори, пристрасност, слаба новинарска ангажираност, селективно вадење на изјави од „нафталин“, итн. Но, она што е главна одлика на понуденото е, пред сѐ, политичкиот „двознак“ – навивачки за власта, омаловажувачки за опозицијата. Дека станува збор за оркестрирана акција зборува и фактот дека написи слични на овој се појавија на низа други медиуми кои, сакале да признаат или не, важат и се блиски до владејачката партија.

2Линк до оригиналниот напис: Ароганција, навреди и потценување на сите кандидати – Се вади ли Пендаровски за катастрофалниот настап на дебатата?

Датум и време на објавување:  08.04.2014, 16:48

Датум на рецензирање:  09.04.2013

Рецензент: Владимир Мирчески

 

НЕДОСТАСУВААТ ДУРИ И „ДЕЖУРНИТЕ“ АНАЛИТИЧАРИ

Да бидам искрен очекував повеќе по читањето на насловот. Сметав дека ете од некаде ќе „изникнат“ редовните „аналитичари“ и  „експерти“ кои, како на подвижна трака се менуваат од еден на друг избран медиум, и пласираат само една верзија – онаа на власта. Но, овде дури и тоа недостасува. Имаме школски пример за намерно злоупотребување на една изјава на која ѝ се дава поинаков содржински и временски контекст. За хронолошко појаснување: во саботата се одржа дебата на четворицата кандидати за претседател на Република Македонија, во понеделникот попладне Пендаровски дал изјава дека „Иванов е чирак“, а неколку часа подоцна оди неговото интервју на 24 Вести.

Е сега, како основна точка се зема статус на социјалните мрежи на позната професорка која имаше амбиција да се кандидира за шеф на државата. Таа вели: „Не можам да се воздржам, а да не искоментирам додека тече интервјуто на Пендаровски на 24 вести! Ова што го зборува „зад грб“ на Иванов, а што во саботата можеше на најкултурен начин да му го „плесне“ в лице, е политичко и етичко самоубиство на јавна сцена! Срамота“!. Но, овие нејзини зборови се користат како доказ дека „експерти“ го  критикуваат Пендаровски за изјавата дадена пред интервјуто за кое зборува професорката, во кое тој осврнувајќи се на саботната претседателска дебата емитувана на јавниот сервис вели: „Немав голем ќеиф да му одговарам на Иванов, го очекував неговиот политички ментор – Груевски да му кажам некои работи, бидејќи Иванов е чирак, а газдата е Груевски“. Значи, јасна манипулација. Прво ни се сервира дека некои експерти сметаат дека „Пендаровски е арогантен, бидејќи вели оти Иванов не му е ниво“, а потоа како аргумент ни се нуди една изјава – фејсбук статус за сосема друг настап на Пендаровски. Некој барем да се потрудел да „обезбеди дежурен аналитичар“. Вистинитост 1, извори 2, новинарска ангажираност 0 (нула).

 

НИШТО БЕЗ ЦРВЕНКОВСКИ?!

Илузорно е да се очекува некаков квалитет, барем во содржинска смисла, бидејќи генерално текстот не носи ништо ново. Но, затоа, пак, имаме навраќање на „бајати“ изјави од екс-лидерот на опозицијата, овој период е омилен кај медиумите од провладиниот спектар, кои се користат како главно средство за политичка пресметка со актуелниот претседател на СДСМ, но и со кандидатот за претседател на државата на оваа партија. Дури и за политика, каде речиси сѐ е дозволено, ова е премногу ниско. Затоа, пак, пристрасноста е висока.

„Претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски, полека почна да го покажува правиот карактер. Негативната кампања што ја водеше, сега ја дозачини со доза на ароганција која навреди многумина граѓани“.

 

„Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано.

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти“ – член 14 од Кодексот на новинарите на Македонија.

Овој текст има свои „близнаци“ и тоа повеќе, родени со неколку минути или часови разлика. Во насловот имаме прашална форма, дезинформација, спин, наведување на јавноста, речиси сите елементи на кои не им е место во насловна конструкција на еден текст кој пледира, ако тоа воопшто е така, да биде информативен.

А, барем да имаше амбиција да биде професионален новираски производ, работите можеби ќе излезеа поинакви. Вака „сецирањето“ ни покажа дека написот е чисто политички штоф кој друг го кроел.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

максимално извртени и злоупотребени

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

нерелевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не ја прикажува

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

еден од „многуте“

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести