verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Девојче со жилет го испиша името на Даниел на раката (ФОТО)

on 14 - 04 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

04092014-Zilet-Daniel-Repub1-crop-resize

Доколку и овој медиумски прекршок на приватноста помине без реакција и последици, џабе ни се и Совет за честа на Здружението на новинарите и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и со алармантен знак треба да се објави дека е време за граѓански медиумски стражи.

„Новинарскиот текст“ што го рецензираме, објавен на интернет портал прогласен за вебсајт на годината, освен што прекрши дури 4 членови од Кодексот на новинарите (членовите 7, 8, 9 и 17), насилно ја прекрши и Конвенцијата за правата на децата на Обединетите нации, како и општоприфатените стандарди кои наложуваат дека е строго забрането манипулирање со детските емоции, инсистирање на повторно преживување на траумата и објавување идентитетот на детето.

Згора не сѐ, и последователно на овие прекршувања, оваа медиумска содржина има елементи што го прекршуваат и Законот за заштита на личните податоци за кои е предвидена кривична одговорност. Всушност, на оваа тема Сервисот за проверка на податоците од медиумите пишуваше и во новинарската лекција „Фејсбук не е простор за новинарско самопослужување“:

„Согласноста на корисникот да објави негови фотографии на приватен профил, без разлика на тоа на колку други корисници тие ќе им бидат достапна, не значи и негова согласност за истите да бидат реобјавувани на други веб страници или традиционални медиуми, па оттаму секое реобјавување на фотографии без согласност на лицето, носител на личните податоци е противзаконско. Заштитата на личните податоци која е регулирана со Законот за заштита на личните податоци, а нивната злоупотреба, освен според овој закон, се казнува и според Кривичниот законик.“

04092014-Zilet-Daniel-RepubЛинк до оригиналниот напис: Девојче со жилет го испиша името на Даниел на раката (ФОТО)

Датум и време на објавување: 09.04.2014, 10:27

Датум на рецензирање: 09.04.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

„Новинарскиот текст“ што е предмет на оваа рецензија е придружен со фотографија од која јасно се гледа идентитетот на „девојче со жилет го испиша името на Даниел на раката“. Употребата на зборот „девојче“ јасно укажува дека медиумот препознава дека се работи за малолетен граѓанин со што прекршокот добива уште понепријатни димензии. Во „Прирачникот за етика во новинарството“ (Т. Чаусидис/З. Бојаровски, ЗНМ, 2012) прецизно, врз основа на домашни и меѓународни стандарди е утврдено дека:

„… објавувањето или недоволната заштита на идентитетот на малолетниците (интервју со роднините, снимки од куќата или непосредното окружување ), информирањето за детали од злосторството, особено доколку станува збор за такви деликатни случаи како што е сексуално и семејно насилство, секогаш ја изложува жртвата на уште поголема траума и ја зголемува трагедијата. Одговорноста за таквото повторно трауматизирање е директно кај новинарот и медиумот кој го прави тоа.“

Уште повеќе, во „Прирачникот за етика во новинарството“ прецизно ги следи основните упатства и принципи на Меѓународната федерација на новинарите за известување за прашања во кои се инволвирани децата:

  • „„Точност и чувствителност кога се информира за прашања во кои се вклучени децата;
  • „Избегнување на објавување слики и друг материјал со кои може да се загрози или да му се наштети на детето;
  • „Да не употребуваат стереотипи и сензационалистичко претставување на прилозите во кои се информира за децата;
  • Внимателно да ги земат предвид последиците од публикувањето на секаков материјал во врска со децата и на тој начин да ја намалат штетата врз децата;
  •  Да не се користи визуелно или друго идентификување на децата со исклучок кога тоа е очигледно од јавен интерес.“

Категорично тврдиме дека оваа информација нема никаков посебен јавен интерес за да го оддаде идентитетот на личноста која медиумот ја изложи на виктимизација и, дури, и на дополнителен потсмев, цитирајки коментари на фотографијата кои на личноста која го направила овој чин ѝ укажуваат да побара помош од психијатриски институции.

Навистина, оваа медиумска постапка оддава постапка без никакво чувство за достоинството кон личноста, како и злоупотреба на личните податоците, кои, заради наивноста и незнаењето на граѓаните, не ретко го откриваат нивниот идентитет, но тоа никако не значи дека новинарот смее да ја злоупотреби таа добронамерност или незнаење.

Оттаму, сега се на ред претставниците на институциите кои се посветени на заштитата на децата (како што се социјалните служби, полицијата, невладините организации) или родителите и семејството на жртвата на кои им преостанува да ја алармираат јавноста за овој случај, со надеж дека се свесни за влијанието на медиумите и за начинот на нивната работа.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести