verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Транспарентност е да одговараш и кога не те прашуваат

on 14 - 04 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot-Screen-Capture-131-kurir_mk_makedonija_vest-crop-resize

[Рецензија на текст:

Ристовски најави многу позитивни работи за студентите и младите]

Непрофесионално е медиум да прави сензација од комуникација на министер од многу важен ресори со 273 фанови на ФБ и да го прикаже како транспарентен, зашто одговорил на поголем дел прашања. Каде е во цела оваа ФБ турлитава јавниот интерес? Ако ги погледнете прашањата кои му беа поставени на министерот, тие се однесуваат на лични и поединечни проблеми од типот, кога ќе се вработам, кога ќе стигнат стипендиите, ќе има ли партиципација за ова или она…

FireShot Screen Capture #131 - 'Ристовски најави многу позитивни работи за студентите и младите' - kurir_mk_makedonija_vestЛинк до оригиналниот напис: Ристовски најави многу позитивни работи за студентите и младите

 Датум и време на објавување: 08.04.2014, 17:23

 Датум на рецензирање: 09.04.2014

 Рецензент: Александар Писарев

ПЕПЕЛ ВО ОЧИ

Јасно е, и многу провидно дека целиот концепт е направен во полза на спинувањето за дотичниот министер и неговата патртија. „Одговорени беа  голем дел од прашањата, а граѓаните најмногу се интересираа за отворање на нови дисперзирани студии, стипендии, задолжителни предмети  во средно… Токму оние области во кои  до сега се направени најголемите реформи, а на кои повторно во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за 2014-2018 им е обрнато значително внимание“
Пред неколу дена пензионерите беа „движечка сила“ на државата, а сега тоа се студентите: „Младите и студентите во Македонија се движечка сила на државата…  можат да очекуваат слободен  четврток кога ќе имаат бесплатен превоз, бесплатен  јавен и железнички сообраќај… да заминат во својот дом… посета на кина, театри“… пораката на авторот кој не се потпишал под оваа „реклама за министерот“ е јасна, секако, тоа можат да очекуваат само ако гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.

 

ТРАНСПАРЕНТНОСТ Е ПОЛИТИЧКИ СТАВ, НЕ ОДГОВОР НА ПРАШАЊЕ

Транспарентност и достапност на информациите до граѓаните и нивното учество во работата на државните институции се основните постулати на Европската унија кон која толку многу тежнееме. Базата за транспарентно работење мораме сами да ја изградиме, а во тоа голема улога треба да одиграат и медиумите, но, секако, не на ваков начин и проследено со голема фотографија на министерот од партискиот штаб: „Министерот Ристовски апелираше до граѓаните и во следниот период  своите прашања да ги напишат на неговата фејсбук страницата, а он ќе ја продолжи практиката на отвореност и транспаренстност во комуникација со граѓаните“…

Основата на транспарентна влада, министерство, министер, локалната самоуправа лежи во тоа граѓаните, како даночни обврзници, благовремено да ги добијат сите релевантни информации и да имаат увид во работата на државните органи, а не да бидат информирани само кога ќе побарат одговор на конкретно прашање. Тоа не е транспарентно владеење и медиумот тоа треба да го знае и на тоа да предупреди.

Според член 14 на Кодексот на новинарите на Македонија, новинарот морал да обезбеди и професионална дистанца од политичкиот субјект.

 

ПРАШАЊА БЕЗ ОДГОВОР

Според  увидот на официјалната веб страницата на ресорот кој го води дотичниот „транспарентен“ министер (www.mon.gov.mk) нема одговори на многу прашања, па ни на оние  кои во неколку наврати граѓаните и медиумите јавно му ги поставиле, на пример: „како се случи опремата  наменета за научно криминалистичката лабораторија на Факултетот за безбедност да заврши наместо во образовен процес  во МВР, како и зошто истата таква опрема набавена со европските пари заврши на Универзитето во Штип каде не постои Катедра за криминалистика?“

Со современата технологија денес на интернет можат да бидат достапни сите информации за работата на државните органи. На официјалната страница на министерството на чие чело е дотичниот министер нема ништо ни за јавни набавки, како што нема ни информации  за која намена се, според Завршната сметака на буџетот за 2012 година, потрошени 146.336.636 денари од вкупно 284.351.000 денари приходи од донации во Министерството за образование и наука или за која намена Министерството зело заеми во висина од 117.631.470 денари. Транспарентноста во работата е една од клучните особини на одговорната власт и затоа постојат официјалните веб страници, а ФБ страницата треба, сепак, да биде повеќе за забава на ,инистерот и неговите 9.435 фанови а не официјален извор за медиумите.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести