verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Заеви во 2012 година тежеле речиси 12 милиони евра

on 20 - 01 - 2014       

Заеви во 2012 година тежеле речиси 12 милиони евра-crop-resize

„Речиси 12 милиони евра (или точно 733.898.440 денари) тежеле во 2012 година фирмите што ги поседуваат најблиски роднини и пријатели на лидерот на СДСМ и струмички градоначалник Зоран Заев. „Дневник“ дојде до документите што укажуваат на билансите со сметководствената вредност што овие фирми ги направиле на крајот од 2012 година. Притоа нето-добивката што ја оствариле таа година изнесувала 2 милиона евра.

Заев, никаде не фигурира како сопственик на фирма или, пак, некое одговорно лице, но се работи за 20 фирми кои гласат на таткото, братот и на чичкото на Заев, потоа на неколку братучеди, зетот, како и на ортакот на Заеви во неколку фирми – Горан Kрстев и неговиот татко. Лидерот на СДСМ во интервју за МТВ процени дека богатството на неговото семејство тежи околу 6-7 милиони евра“.

Текстот се нафаќа со броење на парите на лидерот на СДСМ. И не на самиот Заев, туку на одделни членови на неговото пошироко семејство, главно братучеди, но од вкупниот амбиент кој се сака да се наметне, Заеви се третират како некоја семејна задруга од пред два века каде парите „легнувале на куп“.

Проблемот со овој приод е мултипликативен. Најнапред, начално – зошто тоа е важно? Дали денес е срамота да си имотлив, ако споменатата сума е точна, ако си ги стекнал тие пари при стопанисување? Дали новинарката и редакцијата се свесни во кој економски систем живеат?

Втор проблем е што новинарката не нашла бројка со која би се закачила за самиот Заев, па отишла на она „семејството на Заев“… Дали ова значи дека кога се говори за нечие богатство треба да се шири прикзната на поширокото семејство и до кое колено, бидејќи некои политичари тука имаат – во такви околности – здружени сметки за „голем алал“.

Заеви во 2012 година тежеле речиси 12 милиони евраЛинк до оригиналниот напис: Заеви во 2012 година тежеле речиси 12 милиони евра

Датум и време на објавување: 15.01.2014, 08:56

Датум на рецензирање: 16.01.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

Вистинитост: Воочливо е дека во сметководствените пресметки на семејното богатство, да ги земеме само за момент, ама навистина само за момент, тие се во рамките на некаква политичка коректност кон опозициониот лидер, на директно прашање во неодамнешното гостување на МРТВ, Заев не ги криеше бројките. Тој од око ги процени сите фирми на роднините на 6-7 милиони евра. Редакцијата „од свои извори“ ги проценува на 12 милиони евра.

Реално добивката на нив била 2 милиони евра и белким тоа  единствениот релеватен факт, ако се ценела нечија (братучедска) нафатираност. Притоа, се говори за различни години – Заев, онака од око, прави проценка за 2013 а редакцијата „има извори“ за 2012! Од каде се извлекуваат тука некои паралели Вотекстот сметководствената вредност е, всушност, моменталната вредност што ја има некоја фирма во моментот на правењето на билансот, а до неа се стигнува кога од активата на фирмата (средствата со кои располага претпријатието), ќе се одземе пасивата (тоа се обврските на фирмата) и на тоа ќе се додаде и сопственичкиот капиталПа, како се констатира „моменталната вредност“ со податок стар 12 месеци? И, како што е и констатирано во самиот текст, „Заев никаде не фигурира како сопственик на фирма или, пак, некое одговорно лице.“

Извори на информации:Во текстот не се наведени изворите на информирањето, но авторката вели дека се од сметководствени извештаи за 20 фирми. Тоа бара сериозна работа во било која редакција, што укажува на фактот дека е добиена аналитичка поддршка од некого, ако податоците се точни (во што не мора да веруваме) штом не се кажуваат изворите или не се покажуваат документите.

Она што во овој случај вознемирува е фактот дека речиси паралелно, ако не и пред самиот текст, во етерот веќе имавме платени реклами во кои се велеше дека „Заев лаже за имотот“ а на улиците се појавија билборди со таква порака, кои, се разбира, треба да се готват претходно барем една недела ако не и повеќе. Заклучокот околу изворот и целите на написот сами се наметнуваат.

Содржајност: Но, да останеме одново, заради утврдување на содржајноста, на условно прифатената коректност на анализата на „феудот“ Заеви. Во контролираните влегуваат сите негови братучеди, некои фирми се на братот, а има и на пријатели, односно лица кои не се во сродство со ниту еден Заев, ама се содружници. Прашање е, се разбира, со кој усул нивниот дел се става во купот?! Зошто оние кои веќе правеле „сецирање“ не ги одвоеле тие делови од имотот на оние кои се презиваат на „З“? Очевидно се одело на тоа, ако ништо директно не може да се врзе со Зоран Заев, да се шири тој круг на „сомнителни“, а по таа логика во описот на богатството можела да влезе и зоната на невестите и нивните родители и братучеди…

Пристрасност: Јасно, проблем е во методот. Да имало тоа врска со јавните функционери, ќе биле пропишани со закон и Антикорупциска ќе ги гледала тие податоци по службена должност. За тоа секако и во Комисијата постои неусогласеност, бидејќи, кога беа откриени како непријавените четири стана на премиерот Груевски, тој рече дека биле на мајка му (тогаш беше ерген), а Антикорупциска процени дека во пријавениот имот мора да стои само имотот на функционерот и на брачниот другар. Како тогаш тој принцип не се задржува кон сите политичари? И останува траен како „кремен камен“?

Оригиналност/Плагијат: Многу е тешко во овој текст да се одговори што е оригинал а што добиена и „средена информација“, односно колку е улогата на новинарот само да го приреди за печат добиениот „примерок“, бидејќи, кога би го знаеле изворот би можеле и да споредиме и проценуваме.

Квалитет на насловот: Јасно, спинот лежи во насловот – Заеви тежат 12 милиони евра, ама ниту во поднасловот и наднасловот нема објаснување дека во тоа богатство не влегува и – Зоран Заев. Или како што велат – „ѓаволот е во деталот“.

Фотографија: Дел од спинот е и во фотографијата. Зоран Заев држи во рака фотографија од работници кои се симнуваат од градежен камион (белким се врши некоја стопанска активност) ама нема легенда која барем би ни објаснила зошто таква фотографија тука и што таа значи. Затоа и постојат легендите.

Говор на омраза:Текстот има за цел да предизвика емотивна реакција на читателите со користење на факти и методи кои се дел од чиста пропаганда. Значи се работи за оцрнување на противникот со неколку погрешни тези: прво, богатството е лошо и грдо, второ – роднините и пријателите на Заев се богати, потоа следи заклучок – Зоран Заев е лош и со неприофатлив статус, бидејќи е поразличен од нас, кои сме главно сиромашни и бесперспективни. Ниту како премиси, ниту заклучокот може да се спои. Ама, како што вели Ноам Чомски, во својот текст „Десет стратегии за манипулации од страна на медиумите“, повеќето реклами, политички пораки наменети за широката јавност, се користат со дискурс, аргументи и знаци со особено детска интонација, како гледачите да се ранливи суштества на многу рана возраст или ментално нестабилни. Зошто?

„Ако се однесуваш со еден човек како да има 12 години или помалку, тогаш, поради автосугестија, тоа лице има тенденција да одговори или да реагира, без многу размислување, како да има 12 години или помалку (види “Silent Weapons for quiet wars”).


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

аноними

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

информациите не се соодветни со ликот кој е предмет на истражување

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести