verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Рецензија: Од банкомат украдено повеќе отколку при најголемиот грабеж на банка

на 2. 12. 2013 | |
„Два банкомата на Стопанска банка се ограбени за само едно деноноќие во скопските населби Илинден и Ченто, а за тоа дека е можно да се направи милионски грабеж без оружје, говори фактот што од еден од банкоматите се украдени повеќе пари отколку што беа земени при најголемиот вооружен грабеж на банка во Македонија. Од банкоматот во Ченто се украдени неверојатни 54.000 евра, а банката сѐ уште не соопштува колку пари се земени од банкоматот во Илинден, но се претпоставува дека сумата е приближна бидејќи во тоа време најверојатно банкоматите биле полни со пари. Инаку, само за споредба, во спектакуларниот грабеж во Про кредит банка што се случи во април 2009 година беа украдени 50.000 евра, а во него учествуваа неколкумина

Рецензија: СДСМ е кум на училиштето „Конгреси Манастири“

на 26. 11. 2013 | |
„Чаирското основно училиште „Конгреси Манастири“ (Shkolla Fillore Kongresi I Manastirit Shkup), го добило своето име уште во 2006 година, за време на владеењето на СДСМ и тоа со одлука на тогашната влада во која вицепремиер беше Радмила Шекеринска, велат документите до кои дојде Нетпрес. Именувањето на училиштето било направено со Допис од тогашното министерство за образование, во март 2006 година, документ потпишан од тогашниот државен секретар во МОН, Зоран Поповски“. Токму во периодот кога лидерите на двете најголеми коалициони партии во Владата – СДСМ и ДУИ се најдоа на терен заедно и поминаа еден час во пријатна атмосфера, печатот отвори дебата за тоа зошто кога албанското име на училиштето е транскрибирано на македонска кирилица не било и преведено во –

Рецензија: „Евтино, само оваа среда, најдобрите масерки“: еротската масажа на Фејсбук и скапите телефонски тарифи

на 25. 11. 2013 | |
„Најмуваш неколку студентки, им даваш скапи телефони со скапи тарифи, правиш фејсбук-група со провокативни секси-фотографии, нудиш еротска масажа, луѓе се јавуваат на скапа тарифа и ете ти лесна и брза заработувачка. Не се знае дали еротската масажа воопшто и се извршува. Еве го нашето искуство“. Порталот извршил истражување за најновите „трендови“ во мамењето на граѓаните со помош на еротиката. Наодите се објавени во две продолженија, а тука е даден линкот до првиот текст. Може да се каже дека во истражувањето секако можело да се оди и понатаму (како и во секое, впрочем), но е доволно што се дава импулс на организираните форми за борба против ова зло, а кои се должни околу оваа појава да поведат истрага. Досега нема реакција,

Рецензија: Македонците – печалбари во Катар на лезет работа

на 22. 11. 2013 | |
„Од Македонија не се испраќаат градежници на работа во Катар, а оние ангажирани во другите сектори, работат во добри услови. Ова го тврдат агентите за посредување при вработување во странство, откако во понеделникот Амнести интернешнл (АИ) објави вознемирувачки информации дека странските работници во Катар се третираат како животни. АИ ги обвини властите во Катар дека странските работници кои работат на изградбата на објектите за Светското првенство во фудбал во 2022 година се изложени на разни облици на злоупотреби и на експлоатација, на казнувања и неплаќање за работата што ја вршат, им се даваат обврски кои често се опасни по животот, како и дека живеат во крајно мизерни услови, поради што голем дел од нив завршуваат во болница.“ Текстот се однесува

Рецензија: Напуштените хангари во Визбегово се шверцерско дувло вредно 10.000.000 евра

на 19. 11. 2013 | |
„Петнаесетте хангари кои некогаш биле на АРМ, за потоа да ги користат Лавовите, сега официјално не ги користи никој. Токму на тоа место во скопско Визбегово, ВЕЧЕР и Алфите дојдоа до неверојатно сознание: хангарите се шверцерско дувло вредно десетици милиони евра! Внатре, Алфите и ВЕЧЕР затекнаа купишта кутии полани со патики, хектолитри скапи парфеми, тони текстил, брендирана гардероба и илјадници детски играчки. Засега нема одговор кој е сопственик на стоката, чии се хангарите и како шверцерите токму таму решија да ја сместат својата база“. Прес конференцијата која во неделата ја одржаа „на отворено“ министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и првиот цариник Ванчо Каргов за откриен хангар во Момин Поток, полн со шверцувани патики, дневниот весник низ една форма која

Рецензија: Македонските музеи меѓу побезбедните во регионот

на 15. 11. 2013 | |
„Исчезнувањето на предметите од Музејот на Македонија минатата недела го отвори прашањето како се заштитени нашите музеи. Исчезнувањето на одликувањата на Јованка Броз, кои беа украдени непосредно по нејзиниот погреб во Kуќата на цвеќето, беа инспирација за српскиот портал да направи фељтон за кражбите во музеите во Србија и во регионот. Серијалот го завршуваат со организираниот криминал со уметнички дела и антиквитети, силна мрежа распространета во целиот свет. Анализите покажуваат дека овој бизнис е вирус од кој не можат да се заштитат ниту најразвиените земји во светот“. Весникот прави серија текстови за кражбите на нашите уметнички вредности од музеите. Во овој прилог, конкретно, се настојува да се покаже дека безбедноста во овие установи е повисока од земјите во регионот, како

Рецензија: Подобрувањето на патната инфраструктура носи се повеќе инвеститори во Источна Македонија

на 13. 11. 2013 | |
„Со години наназад источна Македонија важеше за една од најнеразвиените области во државата. Градовите и помалите општини кои се наоѓаат во овој дел на Македонија беа многу помалку развиени отколку останатите. Патната инфраструктура беше во катастрофална состојба, а невработеноста сѐ повеќе растеше што предизвикуваше младите од овој дел да се иселуваат или да бараат егзистенција во други градови, најчесто во Скопје. Последните неколку години може да се забележи дека сѐ повеќе се обрнува внимание на источниот дел на Македонија што сведочат и многуте проекти и инвестиции кои влијаат за развојот на овој дел од земјата“. Текстот не е во допир со насловот односно со логиката која е најавена како „спиритус мовенс“ за авторот. Ниту се кажува кои се

Рецензија: Братска или фијаско-вечера на албанскиот премиер во Скопје

на 11. 11. 2013 | | sq
„Албанскиот премиер во Скопје им беше домаќин на Ахмети и Тачи. Јавноста не може да се сети кога последен пат двајцата лидери на најголемите партии на Албанците седнале на иста маса, а тоа да не е со посредништво. На Рама вторпат му успеа на едно место да ги состане двајцата политичари. Лани тој, во улога на опозициски лидер, ги собра Ахмети и Тачи во Домот на културата на Тетово по повод 100-годишнината од независноста на Албанија. Но и тогаш, како и сега, барем според висок функционер на ДПА, средбата доживеала целосен крах“. Ова е единствениот текст во изданијата на македонски јазик за „дострелот“ на т.н. братска вечера меѓу Рама, гостинот од Албанија и шефовите на двете најголеми албански партии кај

Русокосата Марија и притаениот расизам во нас

на 7. 11. 2013 | |

Темата за „русокосиот ангел“ од Лариса, мало девојче најдено при рација на полицијата во Грција, спласна наеднаш – исто како што се појави. Штом се виде дека нема ништо од сторијата за валканите црни раце кои грабнуваат дете од европска улица, со нордиски изглед, настанот стана „ромска работа“.

    Пишува: Љубомир Костовски   ВОВЕД: Времето бргу лета. Кога минатиот викенд бев со една група колеги во Бугарија, забележав дека

Рецензија: На погреб со Вест

на 4. 11. 2013 | |
„Првата дама на поранешна Југославија Јованка Броз завчера беше погребана до гробот на нејзиниот сопруг Јосип Броз Тито во Куќата на цвеќето во Белград и по неа жалеа сите оние кои се сеќаваат на поранешната комунистичка федерација како на рај на земјата. На десет илјади почитувачи на делото на Тито од сите поранешни ЈУ републики со рози во рацете чекаа ред да и оддадат почит на жената која 30 години

Претплатете се за најнови вести