verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Рецензија: Скандал во Центар: Каде завршуваат огромните пари од реклами

на 30. 09. 2013 | |
„Освен печатените отчети на Општината Центар кои беа делени по домовите, општината е присутна и на интернет просторот преку повеќе динамични банери кои се наоѓаат на ударно место, а кои е познато дека се најскапите за рекламирање. Ваквиот начин на работење отвора повеќе прашања кои остануваат неодговорени и кои фрлаат светло на нов скандал во оваа општина“. Општината „Центар“, со која градоначалникува Андреј Жерновски, од страна на медиум кој себеси се смета за влијателен и високопребаруван, е осудена на тоа да дели летоци по домовите и да не користи поскапи форми на рекламирање. Освен тој совет, текстот кој го пренесоа сите провладини медиуми, се повикува на наводна висока сума која била дадена за оваа намена, потоа утврдува дека селекцијата на

Рецензија: Кој му ја подлегна (подметна) Тања, на Атанaско Mихаилов од ВМРО-ДПМНЕ

на 30. 09. 2013 | |
„Која е причината за несмасниот медиумски и партиски гаф на Атанско Михаилов со извесната Тања и приватниот емаил? Според едни, во занесот на граѓанското движење наречено дпмне, во иднина секој ќе може да испрати партиско соопштение доколку е дел од движењето? Според други, Атанско ја заборавил адресата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ па повикал пријател(ка). Според трети, Атанаско немал доверба во целото членство на ОК на ВМРО-ДПМНЕ па дури ни во партиското огледало па од тука, во иднина информациите ќе бидат креирани и испраќани до медиумите по сигурен женски канал од Тања (алиас ОК на ВМРО-ДПМНЕ)“ Една политичко-дебатна тема е преселена на личен план и притоа е изнесен еден важен личен податок за лице кое нема никаков официјален политички статус (објавен

Рецензија: Балканот под ударот на Chemtrails – не прскаат како комарци, а сите медиуми молчат за тоа

на 29. 09. 2013 | |
„Многумина веруваат дека се работи за интензивно “запрашување” на населението на оваа планета од воздух со биолошки отрови од страна на тајни организации кои се сопственици на политички, па дури и воени институции. Chemtrails-те се задолжителни со влез во НАТО, пропратна појава без исклучок.
Фактот е дека тоа се специјално модифицирани, непознати, нерегистрирани авиони кои летаат на голема надморска височина и кои , пред сè, на ниту една воздушна служба не даваат отчет – затоа што се на војската.
Хемискиот состав на овие агенси дејствуваат на штета на човечкото тело и имунолошкиот систем. Населението е поболно, послабо, ја убива можноста за дејствување и активирање на способноста на размислување и револт против манипулацијата. Покрај тоа, фармацевтската индустрија си го зима својот

Рецензија: Kопија на Југославија за да се истисне Русија од Балканот

на 25. 09. 2013 | | sq
Насловот на текстот најавува серозни геостратешки поместувања на Балканот.   „Руските енергетски планови се во конфликт со плановите на енергетската мрежа на ЕУ во Југоисточна Европа, па не е изненадување дека преку формирањето на „шестката“, контролирана од Западот, ЕУ сака да го запре натамошното руско продирање на овој пазар“.   Текстот во воведниот дел се занимава со шпекулацијата за напорите на големите сили да ѝ се спротивстават на Русија токму на Балканот и тоа со формирање на една нова мега заедница (некогашната Југославија, минус Словенија и Хрватска, плус Косово и Албанија) без да се повика на ниту еден сериозен извор, особено што се работи за повеќе од сериозна тема и за дневен весник кој, секако, претендира да биде сфатен сериозно!

Рецензија: Биографија на првообвинетиот шпион во истоимената афера

на 20. 09. 2013 | | sq
„Има 52 години и огромно искуство во разузнавање и контраразузнавање. На велешанецот Марјан Ефремов кој ја предводел групата опфатена со Шпион можат да му позавидат и разузнавачите на светските разузнавачки служби…Биографијата на Ефремов е збогатена со серија курсеви за разузнавање организирани од странски разузнавачки служби а во неговите способности се вбројува и доброто познавање на компјутерски и други технички апарати како и одлично познавање на грчкиот јазик“. Ова е клучниот извадок од прилогот со кој не само што се нарушува презумпцијата на невиност на еден од приведените во акцијата „Шпион“, туку истиот се прогласува за првообвинет, а за да ја „заслужи“ таа титула му се „украсува“ биографија која ама по ништо не може да ги заслужи доделените епитети од страна

Рецензија: МАКЕДОНИЈА НА ОСКАР: Филмовите се избираат без критериуми

на 20. 09. 2013 | | sq
Субјективниот суд на членовите на Комисијата бил пресуден за неиспраќањето на ниту еден македонски филм во трката за „Оскар“, коментираат филмските работници Ниту еден од четворицата членови на Националната комисија, кои вчера донесоа одлука да не се испрати ниту еден од двата македонски филма за кандидат за „Оскар“, не сакаат официјално да коментираат за одлуката. Ова е вовед во темата – номинирање за наградата Оскар во Македонија. Најдалечниот дострел на текстот, кој добро ги расчленува механизмите за селектирање на домашни филмови, е што покажува дека и досега таа транбулина била поставувана случајно и по личен вкус на некого во телото (органот) на ДФРМ што во мигот ја имало таа привилегија. Линк до оригиналниот напис:МАКЕДОНИЈА НА ОСКАР: Филмовите се избираат без

Рецензија: Информациите ѝ се доставувале на служба од една соседна земја

на 20. 09. 2013 | |
„Полицијата за мегаслучајот “Шпион” поднесе кривични пријави против дваесет лица. За злосторничко здружување, шпионажа, за злоупотреба на службената положба и овластување, уцена и измама пријави се поднесени против М.Е.(52) од Скопје, поранешен вработен во Агенција за разузнавање на Македонија, И.А.(55) и А.А.(46), двајцата од Скопје, исто така, вработени во Агенцијата за разузнавање, потоа против З.К.(48) од Скопје, вработен во Управа за безбедност и контраразузнавање, М.З.(44) од Куманово, поранешен вработен во АРМ, Б.П.(52) од Велес, Б.Ц.(49) од Скопје, вработен во Министерството за одбрана …“ Ова е вовед во информацијата која пласираше скопски Вест од апсењето на поголема група на македонски државјани во рамки на полициската акција „Шпион“. Оваа редакција остана доследна на заштитата на имињата на приведените, за кои после три

Рецензија: Македонија е европски лидер во здравството

на 17. 09. 2013 | | sq
„Ми беше многу драго да бидам во Скопје за инаугурацијата на Секретаријатот на мрежата на Југоисточна Европа. На овој начин Македонија има водечка улога во регионот меѓу земјите од ЈИЕ во врска со здравството. СЗО во целост ќе ја поддржува Македонија со техничките капацитети за оваа улога ефикасно да ја заврши“. Оваа изјава на директорот на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, Сузана Јакаб, дадена на средбата со македонскиот министер за здравство Никола Тодоров во турскиот град Чешме, веднаш e претворена во констатација дека ние сме најдобри во Европа! Тоа е, се разбира, недозволена градација и згора мешање на категории за оценување, начин да се промени, преку сопствено и недозволиво редефинирање на изречен став, оценка за еден технички чекор на

Рецензија: Др. Софијанова најдобра на Балканот

на 13. 09. 2013 | | sq
„Директорката на Клиниката за Детски болести во петок заминува во Јапонија. Два месеци ќе биде на обука за здравствени системи, раководење со здравствените ресурси. Како што стојат работите др. Софијанова е најдобра на Балканот бидејќи ниту од Србија ниту од другите соседни земји нема лекар кој ќе оди на оваа обука. Софијанова го доби грантот JICA од македонската Влада од која и лично била номинирана а прифатена од Јапонија“. Ова е почетокот и воедно целосното објаснување зошто едно стручно списание ја прогласува актуелната директорка на Клиниката за детски болести за најдобра на Балканскиот полуостров.
Доделувањето на таква позиција дури и за една директорка на клиника секако претпоставува широко и добро образоложено оценување, како во однос на непосредното опкружување, така и

Рецензија: Зголемен интересот за проектот „Купи куќа, купи стан“

на 10. 09. 2013 | | sq
“Граѓаните покажуваат голем интерес за купување стан преку владиниот проект „Купи куќа, купи стан“, за што потврда се околу 200 јавувања на заинтересирани граѓани во август, од кои, само во еден ден се потврдени две апликации за купување стан по овој модел, велат од компанија „Адора Инженеринг“ која го поддржува овој проект”. Ова е дел до написот на порталот кој е замислен ако водич низ градот и еден вид на репрезент на активностите кои се карактеристични за Скопје. Но,  доколку сакате да добиете вистински и исчистени од сите политички интереси информации ќе бидете соочени со потреба од селектирање при читањето. Овој текст е пример како претераната грижа за владините пропагандни агенди некогаш вродува со – контрарезултат! Линк до оригиналниот напис:

Претплатете се за најнови вести