verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Братска или фијаско-вечера на албанскиот премиер во Скопје

on 11 - 11 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

дневник-братска-или-фијско-вечера-crop-resize

„Албанскиот премиер во Скопје им беше домаќин на Ахмети и Тачи. Јавноста не може да се сети кога последен пат двајцата лидери на најголемите партии на Албанците седнале на иста маса, а тоа да не е со посредништво. На Рама вторпат му успеа на едно место да ги состане двајцата политичари. Лани тој, во улога на опозициски лидер, ги собра Ахмети и Тачи во Домот на културата на Тетово по повод 100-годишнината од независноста на Албанија. Но и тогаш, како и сега, барем според висок функционер на ДПА, средбата доживеала целосен крах“.

Ова е единствениот текст во изданијата на македонски јазик за „дострелот“ на т.н. братска вечера меѓу Рама, гостинот од Албанија и шефовите на двете најголеми албански партии кај нас. Освен што  ја отвора таа вест, авторката успеала во испипување на пулсот на учесниците на вечерата – да добие еден „рашомски“ извештај за тоа како минал овој настан со голема политичка тежина, да ја долови атмосферата, да има и доволно извори и разновидност како фон врз основа на кој се развива сторијата за големата кавга меѓу Ахмети и Тачи.

 Братска или фијско вечера на албанскиот премиер во СкопјеЛинк до оригиналниот напис: Братска или фијаско-вечера на албанскиот премиер во Скопје

Датум и време на објавување: 06.11.2013, 18:21

Датум на рецензирање: 08.11.2013

Рецензент:Љубомир Костовски

Вистинитост: Авторката успеала да најде доволно „штоф“ за тоа како дошло до оваа средба во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, како се одвивала и колку траела, што не било лесно, бидејќи за некого таа траела два часа, а за некого  три и пол! Текстот има и композиција и детали во услови кога пишувањето за албанските партии бара човек да е „кремљолог“ по професија, да окрива тајни и во малите нијанси, а особено е проблематично да се влезе во таа средина ако не сте од Тетово, на пример.

Извори на информации: Новинарката успешно лавира меѓу разликите во соопштенијата на партиите за овој настан и ги користи да добие контра-одговор од спротивната страна, со што, иако има два извори, ги има вистинските и ги тера, иако неволно, да се изјаснуваат за она што се случувало околу масата на која се разговарало, каде, на кои точки во рзговорот, имало конфликти, кој присуствувал на средбата… Се користи и аналитичарот Едмонд Адеми да коментира некои од тие сознанија, главно кои претходеле на средбата со што се комплетира впечатокот за настанот на еден примерен начин.

Содржајност:  За средба, која се одвивала зад вистински ѕид на дискретност и растојание од јавноста, авторката успева да понуди многу интересни детали. Ако ве интересира колку траело натегнувањето за седнување на столот во „Александар Палас“, тоа можете да го дознаете, како и тоа кој бил иницијатор, кој, пак, велел дека „нема апетит“ и слично. Јасно е каде „пукнала тиквата“, иако не е јасно до крај кои биле темите на „менито“, што авторката го признава отворено, иако тие теми делумно и молжат да се претпостават. Сепак, тоа не е, нели, сѐ исто како и да имате сведок по тоа прашање. Видливо е, исто така, дека едната страна (ДУИ) настојува да ја прикаже вечерата како нормнална, а дека ДПА, пак, обратно, сака да ги истакне несогласувањата. Кога двајца се караат – трет добива информации.

Пристрасност: На авторката не може да и се забележи никаква пристрасност, иако за некои аналитичари можеби и самото отворање на оваа тема може да има во себе некаква „заднина“.

Коментирање: Добро е што, покрај авторката, тука е и еден аналитичар – познат албански интелектуалец, кој со своите забелешки ја потврдува основноста на темата и потребата сите партии, па и албанските, меѓу себе и покрај програмските разлики да комуницираат. Неговите ставови содржат коментар, се разбира, ама тој е добро вклопен во целината и повеќе е прилог кон непристрасноста на авторката отколку – што би се очекувало – кон некакво заложување за некоја страна или – цел!

Оригиналност/Плагијат: Текстот е потпишан и е целосно авторски и што е важно – уникатен по тоа што ја има веста. Пребарувањата покажуваат дека другите медиуми го пренеле овој наслов, иако некаде тоа и не го објавиле или не го потпишале авторот (изворот).

Квалитет на насловот: Насловот не е предолг, а доволно е отворен кон тоа да ја провоцира љубопитноста кај читателот. Воедно, тој дава и слика за различните толкувања на таа средба во „Александар Палас“, што е секако мајсторство, бидејќи, со малку зборови, во информирањето низ насловот се постигнува многу.

Фотографија:Фотографијата е илустративна – на една маса ги прикажува и Еди Рама и двајцата лидери на албанските партии, ДПА и ДУИ. Не е јасно дали е тоа фотографија од претходната вечера, исто така организирана од Еди Рама, односно недостасува легенда, која таа дилема би ја објаснила. На пример, на оваа фотографија го нема Артан Груби, кој несомнено бил присутен на вечерата!? Присуството, односно отсуството на Груби, на пример,  во целиот контекст на спорни прашања во албанскиот кампус, посебно во однос на непосредниот конгрес на ДУИ, не е наивна работа и авторката секако тоа го знае.

Заклучок „Дневник“ останува неприкосновен кај макединските гласила во однос на своите извори во албанскиот блок на парламентарни партии. Со овој текст тој ја потврдува таа своја позиција на медиумскиот пазар.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

аноними

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести