verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Двапати проверете кој ве лекува

on 6 - 03 - 2014       

Двапати проверете кој ве лекува Нова Македонија-crop-resize

„Добро проверете дали и каде се образовани оние што ви нудат услуги од алтернативната медицина, порачуваат познавачите на оваа област, бидејќи кај нас се’ уште не постојат пишани правила на игра. Не е определено кој, во какви услови и како може да работи. На пример, како хомеопат треба да се занимава со акупунктура или како се вршат разните терапии со магнети…“

Текстот објавен во „Нова Македонија“ е дел од онаа успешна школа која значи темелно проверување на факти за темата која се обработува, добра структура во поставувањето на материјалот и изобилство од извори. Настрана што е актуелна – неколку дена по објавувањето на анализата беше уапсен пензиониран полицаец кој „лекувал“ од брадавици и кој со својoт метод предизвикал канцер на кожата на својот пациент, од што тој починал!

Двапати проверете кој ве лекува Нова МакедонијаЛинк до оригиналниот напис: Двапати проверете кој ве лекува

Датум и време на објавување: 25.2.2014

Датум на рецензирање: 05.03.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

Текстот главно се бави со хомеопатијата, како дел од алтернативната медицина и тоа откако со селекција на јавните огласи се дошло до заклучок дека тука има најголема понуда на „исцелители“. Отежнувачки факт е што нема официјални податоци за тоа колку хомеопати работат во Македонија и каде се образовале за да може да се занимаваат со човековото здравје.

 

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО – НАЈСКРЖАВО ВО РАЗГОВОРОТ

Многубројноста на изворите на кои се потпира текстот го даваат неговиот квалитет. Најпрвин се разговара со лица кои биле пациенти или тоа биле нивни блиски (деца). Потоа новинарот имал средба со претседателката на Сојузот на хомеопатски асоцијации и конечно со Министерството за здравство, од каде биле – тоа не нѐ чуди, нели – најскржави во разговорот. Разните ракурси на читателот му помагаат да создаде една мозаична слика за овој вид на лекување, што не е црно-бело поставена, но секако пали некаква црвена светилка во главата.

Со толку извори зад себе на авторката не ѝ било тешко да изгради заокружена и актуелна слика за хомеопатијата. Делумно се скриени идентитетите на пациентите, што е разбирливо (а за што постои секако и нужност, бидејќи болеста не е нешто што не им се соопштува ниту на роднините), но се доволно откриени нивните искуства за да поверувате во вистинитоста на искажувањето, токму преку деталите.

Кај текстовите од медицината многу е честа пристрасноста – некој пријател или познат на новинарот имал добро искуство со некој лекар или пак обратно, „се изгорел“ и тоа влијаело на крајната слика која се добива со објавениот текст. Тука немаме таков пристап.

 

СО ЗДРАВЈЕТО НЕМА ИГРАЊЕ

Извесен коментар, во форма на заклучок постои во поднасловот на текстот и таа постапка е искористена само во оправдување на мотивот кој ја поВел новинарката во нејзиното истражување. Интересно е дека насловот на прилогот го дава заклучокот и во него нема злонамерност, туку еден здрав скептицизам, основата на секое истражување. Впрочем, со здравјето, нели, „нема играње“.

Прилогот има една фотографија, што, се вели, некаде е интернетски пласирана и која покажува некаков современ доктор Џекил. Со таков тип лесно можеме да се сретнеме во барањето на лек за својата болка. Фотографијата има извесна карикатуралност, во димензија која е дозволива, за да се поттикне интересот на читателот.

Добро е што меѓу помладите новинари има еден број кој се држи до основниге постулати на истражувачко  новинарство (или да не одиме во претерување – се држи до  аргументирано новинарство), кое при тоа не тежнее кон сензационализам и што има редакции каде од новинарите не се бара рушење на „стахановски“ рекорди.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, аноними

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести