verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Во 1964 Скопје беше пред времето

on 17 - 03 - 2014       

FireShot-Screen-Capture-251-Во-1964-Скопје-беше-пред-времето-www_vest_mk-crop-resize

„Со многу работа, кореспонденции, патувања, контакти, светските уметници во средината на ’60-тите почнале да подаруваат дела во Скопје. Вредната меѓународна колекција продолжила да се создава подоцна и со откуп, па денес има околу 5 илјади дела. Во сегашната постојана поставка се издвоени околу 300, а конципирани се во 3 и пол илјади квадратни метри, од кои илјада и пол се новоадаптиран простор кој, за жал, низ годиниве не функционираше“.

Низ еден микс на репортажно предадена рецензија за МСУ и конечната поставка на дел од подарените уметнички дела, што ги добивме од  врвни уметници пред половина век, авторката нѐ потсетува на тоа дека ние не само што добивме на подарок слика од Пикасо, туку требаше и самите да бидеме жители на еден модерен, пикасовски град, низ кој ќе се пресретнуваат сите модерни тенденции во уредување на просторот. Текстот дискретно ни ја дава потребата самите да си направиме споредбата во што се претворивме?!

Во 1964 Скопје беше пред времето

Линк до оригиналниот напис: Во 1964 Скопје беше пред времето

Датум и време на објавување: 09.03.2014, 08:18

Датум на рецензирање: 17.03.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

Во основа тоа е текст кој е посветен на група кустоси кои направиле од подарените дела на МСУ трајна изложба со наслов „Солидарноста недовршен проект?”, кој, пак, јасно става на знаење дека ние не им се oддолживме на сите оние кои беа толку загрижени за нас и кои од овој град сакаа да направат Бразилија на Балканот. Само бројките кои говорат за грижата на сликарите и вајарите од целиот свет за МСУ – кои се тука педантно предадени – јасно нѝ предочува за колку грандиозен проект се работело, ама него ние сме го криеле под креветот на новиот примитивизам.

 

„ГРАДОТ УБАВ ШТО ЌЕ НИКНЕ“

Треба да имате на ум дека во ’64 година, проекциите за Скопје не биле само тој да се обнови, туку дека ќе стане модерен, современ град. Планот на јапонскиот архитект Кензо Танге за ново Скопје беше замислен како нов почеток на една нова иднина, а создавањето на Музејот на современата уметност беше еден вид симболично отворање кон иднината, која требаше да дојде како ветување, како очекување на реализацијата на проективниот, утопистички елан.

Ова е одново порака на кураторите кои веројатно и самите биле под некаква присмотра или можеби притисок да не ставаат релации меѓу она што требаше да бидеме и она што сме. Тие тоа не го сториле, ја задржале идејата. Нивните пораки, кои стојат на ѕидовите, заедно со изложените грандиозни дела, секако се значаен ориентир за оние генерации на посетители кои не беа свесни (или се подоцна родени) за тоа како Скопје стана град-милениче на планетарно ниво, посебно кај оние кои се посветени на просторната уметност. Авторката како извор ги имала своите сознанија за МСУ, за „градот убав што ќе никне“, потоа податоците добиени од поединци од Музејот, а секако и нешто е едноставно инспирација добиена на лице место.

Авторката имала и  простор и веројатно наклонетост од редакцијата, па со многу детали го опишува овој проект, низ делата кои се подарени, потоа се користи со апели кои стигнувале до Скопје, па и од великани како Сартр, да речеме, или ја содржи и своевидната рецензија која ја направил поетот Блаже Конески на денот на отворање на зградата на Музејот! А, самиот наслов му припаѓа на филозофот Хабермас и потекнува од 1982 година и не говори само за нас, туку за идеалното општество, каде солидарноста е клучната вредност.

Текстот не е директно пристрасен, но, тој, со вкупноста на амбиентот што ни го пренесува, јасно нѐ враќа на споменатата идеја на Хабермас за изгубената солидарност, која ние ја манфестиравме и со тоа што тие исклучително вредни дела ги чувавме во магазините со децении. Ние, исто така, се оддалечивме од идејата да правиме општество на солидарноста  и стасавме до некои други крајности, евидентирани и низ присуството на оние кои таа изложба на своевиден начин ја отворија!

 

ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА МОЖНАТА „КОНТРА-ИЗЛОЖБА“

Во вакви светли зданија нема место за лилјаците на еснафштината и не треба да има катчиња каде што ќе може да се бесат. Вакво здраво тело бара здрав дух тоа е и зачнато од чувството за соработка и солидарност во културната акција, за утврдување на човечките вредности. Како бел лебед нека се раскрилува оваа зграда на мирниот брег на градот Скопје”.

Текстот содржи доста цитати на познатите креативци за МСУ и неговите дела. Ова е дел од текстот на Конески и секако, тој цитат е коментар, многу чист и денес корисен како патоказ, но не од авторката, која само умешно го користи.

Репортажата, која е воедно и рецензија, не само што е авторски прилог, туку е необично иновативен и по формата која ја нуди, а која не сме ја сретнале одамна. Практично од раните 70-ти кога и Музејот беше во подем и кога културните рубрики по весниците тогаш се натпреваруваа во мајсторството на пишувачите. За жал, тоа денес не е случај, ние сме општество кое се деградира во секоја смисла!

Особено паѓа во очи насловот: кус, јасен, ја објаснува содржината која следи и обвинува многумина кои го воделе овој народ, ама го терале да оди назад, го враќале часовникот „…Делата од депото контра денешницата на постојаната поставка …“  е дел од наднасловот за оние кои можеби не можат „од прва“ да се сетат на намерата на рецензентот со текстот.

Мора да се издвојат грстот прекрасни фотографии на еден од фотографите на весникот, кој ја дава атмосферата од отворањето на поставката, но и и нѝ открива некои уметнички дела поодделно. Само оние кои се мајстори на занаетот знаат колку е тешко да фотографираш слика!

Авторката на текстот секако нѝ останува должна за имињата на кураторите. Оние кои нѐ повикаа да се запрашаме до каде сме, не, како што велат, со солидарноста сфатена како подарување, туку со солидарноста како отворен поим, како утопија, како демократија.

Дали е тоа пропуст или нивна заштита пред можната „контра-изложба?“


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментари од цитирани автори

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести