verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Жерновски направи геноцид на дрвјата во Дебар Маало, Паркобраните во глувчешка дупка

on 19 - 05 - 2014       

Жерновски направи геноцид на дрвјата NetPress-crop-resize

Обвинувањата кон актуелната власт дека направила „дрвоцид“ во земјата, а особено во главниот град, посебно откако градоначалник е Коце Трајановски, преку текст објавен во неколку портали во еден ден предизвика некаква „контра“, која отприлика треба да значи дека и градоначалникот на Центар Андреј Жерновски исекол дрва во својот ареал неодамна а немало реакција од еколошките здруженија. Посебно се става акцент на групата Паркобрани, од која се очекувало дека ќе ги брани дрвата и на улицата „Ѓорѓи Пешков“. Зошто се посочува една личност како „дежурен чувар“ на стеблата во градот? Зошто истиот активист не е прашан за став, а се користи неговото име? Како се тврди дека не може да се добие објаснување од Општината Центар кога тоа беше јавно достапна информација која беше присутна во доволно медиуми!?

 

Жерновски направи геноцид на дрвјата NetPressЛинк до оригиналниот напис: Жерновски направи геноцид на дрвјата во Дебар Маало, Паркобраните во глувчешка дупка

Датум и време на објавување:09.05.2014, 14:26

Датум на рецензирање: 11.05.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

Дрва се сечат пред очите на главниот паркобран Ненад Матевски, а тој не реагира. Се поставува прашањето, дали овој активист за секое дрво има различен политички аршин?Имено, и сечени стари дрвја и трупци можат да се забележат на повеќе места во Дебар Маало. Најмногу дупки и откорната земја има на улицата „Ѓорги Пешков“ која гледа кон Градскиот парк. Но, ниту збор и реакција од „Паркобраните“, кои со ноќи го чуваа паркот кај Бристол – е  клучната теза во текст кој се најде на многу портали, секаде е непотпишан.. Ова може да е некакво лично чувство ама факт е дека е злоупотребено име на конкретен човек, без да се знае неговиот став. И има рестрикција на извори на сознанија за читателот. На пример, нема административни препреки, ако веќе се фотографирало местото на градежните активности, да се разговара со угостителите и со станарите од споменатата улица! Ова е секако првичната замерка, но не останува сѐ на ова. За какво авторство се работи, сведочи, впрочем, и насловот во кој сечењето на дрва во една улица се нарекува – геноцид, како да се работи за луѓе!

Авторот кој е анонимен, има големи проблеми со вистинитоста, односно со релеватноста на споредбата со која се служи. Кај градоначалникот на Скопје и неговото користење на пилата ние говориме за исчезнување на цели паркови, алеи и слично, па и за вистински напад врз планината Водно, белите дробови на градот, на пример, додека во Општина Центар се работи за седум исечени стари дрвја и тоа на барање на станарите и угостителите од улицата која треба да стане „скопска Скадарлија“. Наспроти тоа „на местото на исечените дрвја, следната недела ќе бидат засадени нови украсни дрвја, високо школовани дрворедни садници, стари по 15-20 години, со оформено стебло и крошна од типот костен“, информираат од Општина Центар.Оваа вест ја имаше на многу портали и во весниците!

Генерално во таа улица и околните градоначалникот Жерновски сади 300 стебла кои по растот се веќе оформени и претставуваат успешна замена на постојниот фонд, со тоа што не треба да се чека вообичаениот рок од повеќе децении тие да достигнат височина и развиеност како претходните. Значи, имаме и целосно погрешна оценка за постапките на Општината Центар во раззеленувањето на површините за кои таа е надлежна. Немаме, значи, како во случајот со површините за кои се грижи Градот Скопје – замена на флората со бекатон плочки и асфалт, на што се жалат граѓаните и еколозите. Во конкретната споредба на една страна имаме урбаното средување на една мала уличка, во близина на Градскиот парк и од друга страна деструкција врз цел еден урбан комплекс, спроти Музејот на град Скопје, значи постапување што е целосно спротивно со сите модерни урбанистички школи и светогледи во архитектурата: рушење на еден спомен парк со дрвја, клупи, ама и со споменици, кои беа дел од еден малку поширок меморијален комплекс во срцето на градот и посветен на една негова чувствителна драма: земјотресот! Дрвата се исекоа, спомениците се однесоа во непознат правец (се работи за габаритни и модерни споменици, откупени од еминентни автори своевремено со пари на Градското собрание), а на тоа место се туркаат административни згради како сардини! Ова е што се однесува до содржинскиот аспект на написот, кој прави споредба меѓу мува и слон во односот кон градските вредности.

Текстот има доста коментаторски елементи, дури постојано е во некаков „вокатив“, го довикува еден невладин активист, па затоа е непрофилиран – има мешање на два различни новинарски жанрови.

Секако фактот дека истоветна содржина се појавува и на други портали говори за постоење на некаков „центар за дистрибуција“ – ова е  средишна точка од која може да се објаснат забележаните  журналистички „фаули“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

бидејќи нема извори на нивно место има коментари

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

ист напис со различни нслови се појавува во повеќе медиуми

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести