verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Проект за описменување на невестите од Албанија во Општина Новаци

on 19 - 05 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

ALFA-TV-alfa_mk_News_aspx_id76394_U3CEmfmSyul-crop-resize

Основниот проблем со прилогот насловен: „Проект за описменување на невестите од Албанија во Општина Новаци“ е во несоодветната употреба на терминот „описменување“. И тоа, како во насловот, така и во втората реченица од текстот, која истовремено е и поднаслов:

„Во описменувањето на Албанките кои се мајки, главно, на деца од предучилишна возраст, учествуваа четири едукатори“.

Сепак, од самиот текст  се гледа дека не станува збор за описменување , туку за Проект за изучување на македонскиот јазик, во кој биле вклучени дваесетина Албанки кои засновале семејства во неколку битолски села (Општина Новаци). Фактички, овие жени го владеат албанскиот – нивниот мајчин јазик, но, веројатно имаат проблем во комуникацијата на македонски, па токму затоа  се организирани и едукативните курсеви.

'ALFA TV' - alfa_mk_News_aspx_id=76394#_U3CEmfmSyulЛинк до оригиналниот напис: Проект за описменување на невестите од Албанија во Општина Новаци

Датум и време на објавување: 10.05.2014, 19:01:26

Датум на рецензирање: 11.05.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

ИЗУЧУВАЊЕТО ЈАЗИК НЕ Е „ОПИСМЕНУВАЊЕ“!

Прилогот се повикува на официјален настан – доделување на дипломи на Албанки омажени  во новачките села, кои во рамките на проектот на УНДП завршиле  обука за совладување на основните познавања во говорот, читањето и пишувањето на македонски јазик. Во материјалот што го рецензираме се пренесени куси изјави на една од учесничките во обуката,  на една наставничка ангажирана на проектот, како и на градоначалникот на Општината Новаци. Така што, информацијата нема проблем со изворите и содржајноста, меѓутоа, на одреден начин ја става под прашалник вистинитоста.

Имено, формулацијата  „описменување“  дава сосема поинаква конотација на прилогот, и, сакајќи или не,  ја доведува во заблуда публиката. Сугерира мислење дека невестите дојдени од Албанија се неписмени и дури сега, откако се омажиле во Новаци, допрва ќе се описменуваат! Што, секако не е точно. Изучувањето  јазик,  како што албанските снаи во новачките села го учеле македонскиот, не  може да се квалификува  како „описменување“.  Впрочем, од изјавата на градоначалникот на Новаци јасно се гледа дека  споменатите Албанки имаат стекнато одредено образование во нивната држава, а Проектот треба само да помогне за нивна побрза социјализација во новата средина.

„Вршиме социјализација на овие жени за да можат подобро да комуницираат и да им најдеме работни места соодветно на нивната стручна спрема. Сепак, најважно е да научат да читаат и пишуваат на македонски јазик“  (Лазо Котевски, градоначалник на Општина Новаци)

 

УПРОПАСТЕНА ИНФОРМАЦИЈА

Со „несреќниот“ избор на поимот „описменување“ во насловот и поднасловот,  е направен пропуст. И, независно, што можеби не била таква намерата, сепак, тој прозвучува некако потценувачки и му дава навредлив тон на прилогот. Така што, материјалот што е предмет на оваа рецензија, е пример за тоа како со употреба на само еден погрешен збор, за жал, е упропастена  сосема коректно сработена информација. Во конкретниот случај,  посоодветен наслов  би бил, на пример: „Невестите  од Албанија во Општина Новаци учат македонски“.

А за тоа колку е важно на што ќе биде ставен акцентот и како ќе биде пласирана една вест, говори и анализата насловена:  „Светот би бил грд во црно-бела слика“, објавена  на страниците на Сервисот за проверка на факти од медиумите.  Во неа, авторката Аурора Карамети, доктор на информатички и комуникациски науки,  осврнувајќи се на улогата на медиумите во креирањето на перцепцијата во јавноста го нагласува  нивното големо влијание врз размислувањето на луѓето. Што се рефлектира „преку рамката што тие ја избираат за да ги третираат вестите за кои пишуваат, каде што намерно потенцираат одредени факти и карактеристики, а избегнуваат некои други.“


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести