verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Во Скопје најмногу кривични дела, во Велес најмалку

on 27 - 05 - 2014       

FireShot-Screen-Capture-012-Во-Скопје-најмногу-кривични-дела-во-Велес-најмалку-crop-resize

Дневниот весник „Дневник“ објави анализа за извршени кривични дела, како и прекршоци кои ги евидентира МВР по градови. Несомнено дека се работи за текст кој ќе биде читан, бидејќи секој од читателите на овој весник ќе сака да знае – преку изнесените податоци – дали влегува со својата адреса во безбедните или, пак, во градовите со многу криминал. Во овој прилог тој тоа нема да го дознае, што веднаш го девалвира потрошеното време на читателот. Текстот има и други бројни слабости кои како да се резултат на одбегнување на можноста да се оцени реалната ефикасност на полицијата, како и кадрите кои ја водат.

Во Скопје најмногу кривични дела, во Велес најмалку'

Линк до оригиналниот напис: Во Скопје најмногу кривични дела, во Велес најмалку

Датум и време на објавување: 16.05.2014, 17:37

Датум на рецензирање: 20.05.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

„Во Скопје најмногу кривични дела, во Велес најмалку – тврди статистиката на МВР. Така, повеќе од половина од кривичните дела во земјава се случуваат во Скопје, покажуваат податоците на МВР, а најмалку криминал лани регистрирала полицијата во Велес. Скопје имало и најмногу регистрирани прекршувања на јавниот ред и мир. Полицијата лани поднела кривични пријави за 30.365 кривични дела, а само Секторот за внатрешни работи – Скопје евидентирал 16.434 кривични дела.“

Текстот има бројни слабости, како во однос на нејаснотиите за периодот што е анализиран, така и во поглед на отсуството на статистичката аналитика која овде речиси целосно изостанува, а која ја води посебен сектор во МВР, па од претставените бројки не можат да се извлечат никакви поуки, па и оценки за тоа како се движи криминалот кај нас.

Добро е што портпаролот на МВР, Иво Котевски, кој е извор на информации, бидејќи тој веројатно можел релеватно да ги искоментира податоците и да направи некакви споредби, најнапред во однос на движењата на криминалот, било како надградба на сувопарно наредените бројки, било по „жанровското распоредување“ на криминалот. Така, јасно е дека Скопје има најмногу кривични дела, бидејќи има најмногу жители, но и голема фрекфенција, што значи дека многу криминалци во него си „гостуваат“ во некакви дневни или периодични тури. Но, сето друго што можело да биде интересно и што би требало неоизоставно да биде претставено тука – го нема! Или немало прашања или новинарот одел според критериумот – „за денес толку“.

Значи, да се вратиме на основните новинарски патокази. На пример: за која година се однесуваат податоците? За 2013 година или за една година претходно? Ова, секако, не е неважно. Потоа, каков е соодносот на „изброениот криминал“ во однос на некој претходен период? Имено, прави ли МВР да сме побезбедни од порано или ситуацијата се влошува, што е битно, бидејќи на врвот на МВР нема промени (или ги има многу малку) веќе осма година!

Посебно во тој контекст шокира фактот дека криминалците од градот на гемиџиите се проблем за цела Европа, а кај нас овој град да е оставен раат?! Така тврдат полициските пдоатоци според весникот. Имено, Западна Европа, особено Германија, нема дерман од дистрибутерите на тешки дроги (т.н,. Франфурт мафија), а заради притисок однадвор нашата полиција со години извршува масовни апсења на криминалците кои се дојдени „на годишен одмор“ во земјава, а се членови на таа група и тоа токму во Велес. Впрочем, уште лани (ако податоците се за 2013 година) излезе текст со карактеристичен наслов: „Има ли спас за Велес од организиран криминал!?“ (Is there salvation for Veles of organized crime!?).
Самоиницијативното фрлање на око врз официјална статистика на МВР кажува дека во 2010 година, на пример, во Скопје се регистрирани 5.503 кривични дела, а во Велес 1.003 кривични дела. Според последниот попис Велес има 41 илјада жители а Скопје 507 илјади! Разликата во извршени кривични дела е 5: 1 а во жители 13:1. Кој е сега мирен град? Или во Велес претходните години се испоапсени сите криминалци, па немало работа за полицијата во 2013 година, да речеме. Ама портпаролот на МВР говори за околу 2.000 кривични дела во овој град, а во 2010 година, што ја зедовме погоре како споредбен “урнек”, имало за половина помалку? Навистина, многу чудни читања на кривичната статистика?

Како споредба може да се земе и репортажата која пред половина година ја направија колегите од Телеграф токму за криминалот во Велес. Се говори за масовна регрутација на млади за криминални дејствија во Европа, но и за нивна обука во самиот град! Се говори за лесна зработувачка и за тоа дека фатените од европската полиција криминалци добиваа „покритие“ со тоа што татковците на криминалот во градот плаќаат по 400 евра месечно за семејствата на затвореникот! Шефот на полицијата во Хесен – Борис Рајн во тој текст тврди дека велешките мафиози држеле дури 90 отсто од криминалот во Франфурт и дека после неколку години полициски акции сега држат “само” 20 отсто од нарко пазарот! Може ли македонското Палермо да биде најбезбеден град?!

Државниот завод за статистика, според Дневник, нема податоци за вкупниот број пријавени кривични дела, но води „ранг-листа” на пријавени криминалци на подрачјата на 21 основно јавно обвинителство во Македонија. И добро е што текстот има и паралелен извор. Според последните податоци, за 2012 година (оттаму е битно да се знае дали изнесената статистика на МВР е за 2012 или 2013 година) основните јавни обвинителства поднеле кривични пријави против 15.480 лица или, во просек, секое од 21 основно јавно обвинителство поднело кривична пријава против 737 лица. Најмалку пријавени сторители имало во Ресен, каде што кривични пријави добиле 88 граѓани. Тука излегува дека Ресен е најмирниот град, а не Велес, пред сѐ, во поглед на потешките кривични дела кои добиваат „државен третман“. Велес не е ниту во другите градови со ниска стапка на криминал, според обвинителството – Дебар, Охрид,  Делчево, Берово, Свети Николе и Kрива Паланка, Гевгелија и Kавадарци. Зошто авторот на текстот не ги согледал противречностите на статистиката кога веќе прави интроспекција и кога се повикува на втор извор?

Доволно е да се погледаат судските хроники по медиумите па де се види дека токму Велес е епицентарот на клучните афери во земјава кои имаат судски разрешници (да се сетиме само на „Шпион“, „Фаланга 1“ и „Фаланга 2“, потоа убиството во селото Ореше и сл.), ама како низ ваков текст, односно интепретација на работењето на полицијата, да „се ишка мувата од капата“ на оние кои се задолжени да се грижат за нашата безбедност.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

контрадикторни информации меѓу МВР и обвинителството

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

нема соодветна интерпретација на податоците со реалните сознанија

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести