verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Димитар Тануров

По Јанева, и Зврлевски меѓу „своите“!

на 3. 10. 2016 | |

[Рецензија: ЗВРЛЕВСКИ МЕЃУ СВОИТЕ, НА КАФЕ СО ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ДПМНЕ]

  Објавата е класичен коментар, не се темели на факти туку на субјективни ставови, при што креира манипулативна слика во јавноста. Текстот е  правен по урнек на една друга објава која веќе има негативна оценка од „Сервис за проверка на факти од медиумите“. Линк до оригиналниот напис: ЗВРЛЕВСКИ МЕЃУ СВОИТЕ, НА КАФЕ СО ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ДПМНЕ Датум и време на објавување: 26.09.2016 Датум на рецензирање: 30.09. 2016 Рецензент: Димитар Тануров  

ПОЛИТИЧКА ВРАТКА

Насловната конструкција на овој напис е речиси идентична со насловот на текстот во кој се оцрнува работата и професионалноста на специјалната обвинителка Катица Јанева. Само, во материјалот што го рецензираме, наместо Јанева, „главна улога“ има Зврлевски. Затоа,

Текст што е светлосни години далеку од новинарски производ

на 27. 09. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Мала е разликата според последните анкети, ДПМНЕ во предност само со пет пратеника]

  Објавата според ниту еден стандард не претставува новинарски текст. Дури и начинот на кој е направена ја доведува во прашање нејзината вистинитост. Повеќе наликува на измислена информација, отколку на дојава.     Линк до оригиналниот напис: Мала е разликата според последните анкети, ДПМНЕ во предност само со пет пратеника Датум и време на објавување: 21.09.2016, Датум на рецензирање: 26.09.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

ПРЕНЕСЕНО ПИСМО БЕЗ СООДВЕТЕН ТРЕТМАН

Текстот, според својата форма, не спаѓа во ниту еден новинарски жанр затоа што добиената информација воопшто не е обработена, туку интегрално е пренесена. Ова е спротивно на новинарските правила и стандарди кои налагаат добиените информации да

Ред етикети, ред навреди, а никаде факти

на 23. 09. 2016 | | sq

[Рецензија: (ВИДЕО) ОВА МОРА ДА ГО ВИДИТЕ, ОВА САМО ПСИХИЈАТРИ МОЖАТ ДА ГО ДЕШИФРИРААТ: Самиот Груевски денеска како да беше изненаден од аплаузот, на лицето му се читаше – ПА ДАЛИ СТЕ ВИЕ НОРМАЛНИ ШТО СЕУШТЕ МИ АПЛАУДИРАТЕ, КОИ СТЕ ВИЕ ТОА ЛУДАЦИ?!?!]

  Објавата е срамно да се нарече новинарски производ, имајќи предвид дека во неа се кршат повеќе професионални и етички стандарди. Полна е со навреди, етикетирања и со тенденциозни коментари кон поранешниот премиер и актуелен лидер на владејачката партија, Никола Груевски. Линк до оригиналниот напис: (ВИДЕО) ОВА МОРА ДА ГО ВИДИТЕ, ОВА САМО ПСИХИЈАТРИ МОЖАТ ДА ГО ДЕШИФРИРААТ: Самиот Груевски денеска како да беше изненаден од аплаузот, на лицето му се читаше – ПА ДАЛИ СТЕ ВИЕ

Фото-коментар наместо фото-вест

на 20. 09. 2016 | | sq
  Текстот повеќе наликува на чаршиски муабети, отколку на сериозен новинарски произвoд. Во него се изнесени одредени информации, базирани врз фотографиии, но не се проверени, а наместо проверка, тие се коментираат и се прави обид да се направи спин. Линк до оригиналниот напис: (ФОТО) НАЧАЛНИК НА ПОЛИЦИЈА СО НАРЕДБИ ОД ВМРО-ДПМНЕ Датум и време на објавување: 16.09. 2016 Датум на рецензирање: 19. 09. 2016 Рецензент: Димитар Тануров Самиот наслов е своевидна најава за тоа каков текст може да се очекува. Изнесеното тврдење не е лоцирано, односно не се наведува кој го тврди тоа, поради што се добива впечаток дека тоа е заклучок на авторот, односно медиумот. „Познат началник на полиција кој бил поставен по партискиот клуч на ВМРО-ДПМНЕ денеска беше

Недозволено ширење паника од непроверени ФБ-муабети

на 19. 09. 2016 | | sq
    Објавата не може ниту да се нарече новинарски напис, затоа што во неа нема никаква додадена вредност од новинарска гледна точка, туку претставува целосна копија на статус објавен на социјалните медиуми, без никаква поткерепа.  
Линк до оригиналниот напис: Теорија: Вработените во Музеј на Македонија нагло умираат?! Датум и време на објавување: 10.07. 2016 Датум на рецензирање: 18. 09. 2016 Рецензент: Димитар Тануров   Таканаречениот напис е објавен во категоријата „Живот“, која според својата сериозност и тежина дозволува отстапување од новинарските стандарди. Сепак, и за овие информации постојат правила за пишување. Јазикот можеби и не мора да биде литературен, дозволен е послободен израз, но сепак тој треба да ги следи стандарите. Во случајот, објавата е буквално пренесена од

Турлитава со навреди поради ѓеврекот со сланина

на 15. 09. 2016 | | sq
   

[Рецензија: БЕЈЛИ ЈАДЕШЕ ЃЕВРЕК, ГЕРИЗ СЕ ВОЗБУДИ: Гериз не информираше што доручкувал Бејли, се чека информација за тоа што какал?]

    Написот, кој не може – и не заслужува! – да се нарече новинарски, претставува омаловажување и потсмејување со колега – новинар, што е надвор од сите професионални стандарди. Истовремено, јасно е оти е напишан со една цел – критикување на работата на американскиот амбасадор Џес Бејли.     Линк до оригиналниот напис: БЕЈЛИ ЈАДЕШЕ ЃЕВРЕК, ГЕРИЗ СЕ ВОЗБУДИ: Гериз не информираше што доручкувал Бејли, се чека информација за тоа што какал?  Датум и време на објавување: 14.09. 2016 Датум на рецензирање: 14. 09. 2016 Рецензент: Димитар Тануров   НАСЛОВОТ КАКО „ОТВОРАЊЕ“ НА КОМЕНТАРОТ Самиот наслов на

Пцости и простотилак наместо промоција на текст

на 13. 09. 2016 | |
      Објавата што ја рецензираме претставува збирштина од пцости и од вулгарности која во ниту еден момент не може да се нарече новинарски напис. Ваквата објава не е соодветна ниту за социјалните мрежи, а не, пак, за блог или за медиум.     Линк до оригиналниот напис: (ФОТО) ПИЧКА ВИ МАТЕРИНА НЕНОРМАЛНА – Свети Николчани не дочекаа богот Никола да им го направи мостот! НЕМАЛО ПАРИ?!?! А ИМА ЗА ТРКАЛО И РАЈСКА ГРАДИНА СО МАЈМУНИ, МАЈМУНИ ДА ВЕ ЕБАТ У УСТА!  Датум и време на објавување: 07.09.2016  04:22:21 часот Датум на рецензирање: 13. 09. 2016 Рецензент: Димитар Тануров Километарскиот таканаречен наслов претставува коментар и одраз на простотилак, а не на новинарски производ. Дури и да станува збор за

Квазикоментаторски вести полни со навреди, етикети и со коментари

на 9. 09. 2016 | |
 

[Рецензија: ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВА МИЗЕРНО ЧОВЕЧЕ: Сеуште е нејасно дали Zaevi е природно глуп или да?]

  Текстот што е предмет на рецензија е дел од серијата текстови што беа објавени и кои имаа цел да го портретираат лидерот на опозицијата, Зоран Заев, како предавник на Македонија и на македонскиот народ. Поводот за ваквите текстови е присуствувањето на фудбалскиот натрпевар „Шкендија“ – „Гент“, на кој навивачите имале истакнато знамиња на УЧК и шалови со карта на т.н. голема Албанија. Поради ваквите истакнати обележја, лидерот на опозицијата, кој не бил единствениот политичар на натпреварот, но само тој е предмет на хајка, е претставен како да ја поддржува идејата за т.н. голема Албанија. Линк до оригиналниот напис: ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВА МИЗЕРНО

Поттикнување меѓуетничка нетрпеливост за партиски интереси

на 8. 09. 2016 | | sq
 

[Рецензија: ЗАЕВ ОД ВЧЕРА ВЕЌЕ НЕ Е МАКЕДОНЕЦ: Своеволно се откажа од својот народ, историја и држава – од денес е активист на УЧК!]

  Текстот е коментаторски, навредлив и служи само за да се извалка интегритетот на лидерот на опозицијата. Исто така, со самиот текст, дополнително се подгреваат меѓуетничките тензии, што е спротивно на новинарските стандарди, а единствена придобивка од сето тоа е собирањето евтини политички поени. Линк до оригиналниот напис: ЗАЕВ ОД ВЧЕРА ВЕЌЕ НЕ Е МАКЕДОНЕЦ: Своеволно се откажа од својот народ, историја и држава – од денес е активист на УЧК! Датум и време на објавување: 25.08. 2016 Датум на рецензирање: 07.09. 2016 Рецензент: Димитар Тануров Самиот наслов и поднаслов укажуваат дека текстот е коментаторски,

Ширење паника што сериозен блогер не би го направил

на 20. 08. 2016 | | sq
   

[Рецензија: Само што слушнав дека има над 100 погинати и дека се даваат пари на фамилиите за да преќутат]

Објавата, вака како што е поставена, не заслужува да се објави ниту во блог, а не, пак, во медиум. Чаршиските муабети не може да се користат како релевантни информации, особено не во медиум кој сака себеси да се прикаже како сериозен, професионален, влијателен и релевантен.     Линк до оригиналниот напис: Само што слушнав дека има над 100 погинати и дека се даваат пари на фамилиите за да преќутат Датум и време на објавување: 16.08.2016 Датум на рецензирање: 17.08.2016 Рецензент: Димитар Тануров   „РАДИО МИЛЕВА“ НА ИНТЕРНЕТ „Само што слушнав дека има над 100 погинати и дека се даваат

Претплатете се за најнови вести