verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

Турлитава со навреди поради ѓеврекот со сланина

on 15 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

infomax-za-gevrekot-i-geroski

 

[Рецензија: БЕЈЛИ ЈАДЕШЕ ЃЕВРЕК, ГЕРИЗ СЕ ВОЗБУДИ: Гериз не информираше што доручкувал Бејли, се чека информација за тоа што какал?]

 

 

Написот, кој не може – и не заслужува! – да се нарече новинарски, претставува омаловажување и потсмејување со колега – новинар, што е надвор од сите професионални стандарди. Истовремено, јасно е оти е напишан со една цел – критикување на работата на американскиот амбасадор Џес Бејли.

 

 

infomaxЛинк до оригиналниот напис: БЕЈЛИ ЈАДЕШЕ ЃЕВРЕК, ГЕРИЗ СЕ ВОЗБУДИ: Гериз не информираше што доручкувал Бејли, се чека информација за тоа што какал? 

Датум и време на објавување: 14.09. 2016

Датум на рецензирање: 14. 09. 2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

НАСЛОВОТ КАКО „ОТВОРАЊЕ“ НА КОМЕНТАРОТ

Самиот наслов на објавата најавува дека текстот повеќе ќе биде насочен кон давање коментари и омаловажување отколку кон пренесување информации и факти.

Текстот е објавен во категоријата „Македонија“ и нема наведено автор. Според категоријата во која е објавен, би требало да претставува вест, но според содржината и формата, повеќе наликува на колумна или коментар. Сепак, имајќи предвид дека нема наведен автор, ниту, пак, е истакнато дека текстот претставува некаков редакциски став, не може да се класифицира во гореспоменатите новинарски жанрови.

Во првиот пасус се пренесува главната информација, а потоа се коментира и се дава лично, а непотпишано, мислење за изнесениот податок. Истовремено се упатуваат директни, непоткрепени со факти, критики за начинот на кој американскиот амбасадор Џес Бејли дејствува и работи во Македонија. Во објавата, исто така, и се навредува амбасадорот, нарекувајќи го „Џокерот од Кале“ и наведувајќи дека има блудни желби.

Ваквите напади се крајно непрофесионални и спротивни на Кодексот на новинари, а истовремено претставуваат и клевета.

 

„АРГУМЕНТАЦИЈА“ СО ВУЛГАРНИ НАПАДИ

Понатаму во текстот се врши напад на уредник на друг медиум, нарекувајќи го „мизерен“ и напаѓајќи го неговиот професионален дигнитет, наведувајќи:

„Неговото достоинство, човечност, идентитет, битие е продадено и зависи од тоа дали денес ќе му се допадне ѓеврекот со сланина на Бејли или не. Е, сега чекаме информација на порталчето на Гериз за содржината на фекалната материја која ќе ја искака Бејли“.

Последната реченица од написот е уште еден показател за непочитување на стандардите и на Кодексот на новинари, односно во неа се кршат неколку члена:

 Член 13

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

 Член 15

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојлива со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.

 Член 16

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

посочен е текстот кој е шлагворт за ниските напади.

неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација, политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *